Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Ако освојат 7 поени во следните 4 средби ќе играат во европско натпреварување догодина.
Од тогаш одиграа 3 и извадија 4 поени.

Што значи ако победат во следниот натпревар, според мојата теорија ќе играат во европско натпреварување догодина.
И со пораз или реми ќе имаат шанса, ама со победа мислам дека се мноооогу блиску до нешто такво.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.582
Поени од реакции
52.411
Прочитав некој што спомна дека второто полувреме против Вила и првото денес се игра тоа што се играше на пријателските натпревари летото и функционираше добро. И стварно, флуидната формација со и без топка беше една од главните одлики на припремите, а после тоа се смени се. Првото полувреме вечерва беше феноменално, штета само што не дадоа уште некој гол. Во второ очекувано беше да издишат, но вториот гол дојде баш кога Тотенхем делуваа најопасно и го реши натпреварот. Нешто што дали два-три пати се има случено сезонава. Се надевам нема во недела да следи скроз различно издание и дека позитивно ќе ја завршат сезоната, што и да донесе тоа.

Марк Кукуреља :vozbud:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
главните одлики на припремите, а после тоа се смени се.
Освен менаџерска грешка, тука големо влијание има и повредата на Нкунку (а и останатите повреди)
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.962
Поени од реакции
1.932
Буквално сезонава Челзи и се е можно.

Рокенрол утакмица од Челзи, трчаа насекаде но најбитно е што трчаа без топка. Убаво аудираше Донев Челзи ова го играше на припреми но и во доста од утакмиците со топ 6 екипи имаше исклучоци секако ама 80% Челзи игра вака со големи екипи.
Е сега зошто се менува ова кога ќе дојдат Бурнли и Шефилд екипи незнам.

За пофалба е и еден на еден игра вчера, Кукуреља скина по таа страна, буквално секаде го имаше. Гилхрист на спротивна исто добар, загуби некои дуели или лошо ценеше да но поради неискусно позиционирање, но игра со голема страст и срце за клубот.
Младиов исто што го смени добар.

Мадуеке исто би го пофалил, почна да дава знаци на живот.

Е сега околу штопери. За жал Силва си оди летово. Благодарност за се што направи, голем играч и голем професионалец.За кратко време остави во клубот многу на терен и донесе енергија во соблекувална и секако тоа навивачите го препознаа иако кратко траеше ќе остане запаметено во историја.

Бадијашил не е истиот после повреда, премногу грешки и тоа неговата јака страна игра со топка.
Колвил многу малку го видовме на штоперска позиција, фофана па ич.
Дисаси така така, за минутите што ги доби Чалоба ми покажа најмногу, но па он знае да има период каде што е ќе кикса.

На лето мора да се земе искусен штопер што ќе направи разлика и ќе донесе лидершип.
И напаѓач со Џексон и неговите промашување на правиме ништо. Нов е во лигава, млад е но на Челзи му треба играч што ќе дава голови. Премногу не коштаа неговите промашувања сезонава.

И да ќе заборавев бонус повеќе победава е поради клупава која ја имаше Челзи вчера.

За тоа дали Челзи ќе игра догодина било какво европско натпреварување, искрено подобро да не со оглед на темпо и број на повредени играчи сезонава подобро да не играме.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Што значи ако победат во следниот натпревар, според мојата теорија ќе играат во европско натпреварување догодина.
All time choke ќе биде ако не искористат ова за топ7.
Знам дека нема да смени ништо, ама што е до мене, ова треба да реши дали Покетино би останал или не.

Нотингем, Брајтон и Бурнемаут во период кога навидум се воигрува екипата?
Би требало ова да е топ 7 (Њукасл и Јунајтед играат меѓусебен натпревар, меѓу другото)
Автоматски споено мислење:

Ах, штета, директно во плејоф рунда од квалификациите оди 7 место, 1% шанса дали имаат со македонска екипа да се паднат :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.582
Поени од реакции
52.411
Многу се потценува Џексон заради промашувањата, а игра ептен ветувачка прва сезона. Мора да го подобри финиширањето секако, ама покрај тоа поседува одлични квалитети и се подобрува во игра со грб кон гол, градење топка, воздушни дуели, смирување топка, проигрување, извлекување на крило кога е потребно.

Прва цела сезона му е како напаѓач, и тоа во ПЛ, во ваков Челзи кај што не требаше да падне цела одговорност врз него сезонава. Да беше Нкунку здрав, немаше толку да е под притисок.
За критика му беше однесувањето на почетокот и жолтоте картони на секој натпревар, ама никој нема спомнато дека целосно го смени тоа и после деветиот картон нема добиено веќе три месеци.

Само да продолжи да се подобрува, и да не се глупираат директорите да носат друг млад, Џексон ќе биде напаѓачиште.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Вкупно голови на најдобрите 2 стрелци за Челзи од 2011 наваму:

2010/2011: Анелка и Малуда: 30

2011/12: Ламапрд и Дрогба 29

2012/13: Торес и Мата: 42

2013/14: Хазард и Ето: 29

2014/15: Диего Коста и Хазард: 40

2015/16: Коста и Вилијан: 27

2016/17: Коста и Хазард: 39

2017/18: Хазард и Мората: 32

2018/19: Хазард и Педро(или Жиру, ист број на голови имаат): 34

2019/20: Абрахам и Вилијан (или Пулишиќ): 29

2020/21: Абрахам и Вернер: 24

2021/22: Лукаку и Хаверц: 29

2022/23: Хаверц и Стерлинг: 18


Изгледа Палмер и Џексон изгледа ќе одат на 40+ годинава и имаат шанса да се најдоброто дуо после доооолго време

Најдоброто дуо во понова историја колку што можев да видам се Дрогба и Лампард во 2009/10 со заеднички 64 голови, нешто што ќе помине време пред да се сруши :D (може и да има нешто подобро ме мрзи да барам повеќе)
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.127
Поени од реакции
11.522
Силување.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Чекај бе, викам, каде бе малку?

Женскиот тим на Ман.Сити изгубиле со примени голови во 89 и 92 минута дома од Арсенал :eek:

Не ми се верува, ама од нигде никаде излезе шанса за женскиот тим..

Имаме -7 гол разлика послаба од Сити, ама ако победиме се до крај ќе се гледа гол разликата... имаат шанса за титулa! :vozbud:

E сега распоредот уопште не е лесен, ама ќе биде добро да се уозбилат до крај па да пробаат, ако ништо друго барем да победат се до крај, па макар и изугубиле на гол разлика..

Од 19:45 играат со веќе отпаднатите Бристол кои имаат -38 гол разлика, еве им шанса да надоместат :D
 
Член од
14 август 2022
Мислења
832
Поени од реакции
899
Чекај бе, викам, каде бе малку?

Женскиот тим на Ман.Сити изгубиле со примени голови во 89 и 92 минута дома од Арсенал :eek:

Не ми се верува, ама од нигде никаде излезе шанса за женскиот тим..

Имаме -7 гол разлика послаба од Сити, ама ако победиме се до крај ќе се гледа гол разликата... имаат шанса за титулa! :vozbud:

E сега распоредот уопште не е лесен, ама ќе биде добро да се уозбилат до крај па да пробаат, ако ништо друго барем да победат се до крај, па макар и изугубиле на гол разлика..

Од 19:45 играат со веќе отпаднатите Бристол кои имаат -38 гол разлика, еве им шанса да надоместат :D
Зоки што гледаш ти тачен ли си??? Бристол Сити жени :eek:

И даље си стојам на ставот боље и да не играме Конферециска лига, така да ГГМЈ.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Зоки што гледаш ти тачен ли си??? Бристол Сити жени :eek:

И даље си стојам на ставот боље и да не играме Конферециска лига, така да ГГМЈ.
Вака те замишљам кога си го прочита делов за гледање на жени :D

 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.897
Поени од реакции
11.514
Откако беа направени пар тактички промени (дел принудно ради повредите), играта е значително подобра:
1. Дуото Галагер-Каиседо игра многу подобро кога се дуо, односно без Енцо. По мене, се гушеа тие тројца кога играа заедно и на моменти не сум сигурен дали секој од нив тројца знаеше која улога ја има во тимот. Тука останува да се види Енцо каков ќе биде по операцијата и опоравувањето.

2. Кукуреља како инвертед бек е многу добар потег. Во напад добиваш играч во средина кој помага за организација, а што е уште побитно, имаш играч плус во средина во случај кога треба да вратиш посед или да правиш фаул за да не се дозволи контра по изгубена топка.

Каиседо и Кукуреља многу подобри последниве утакмици.
Џексон да беше попрецизен низ сезоната, ќе беше и он блиску до 20 гола, а тимот ќе имаше некој бод плус.
Добри показатели се ова за следна сезона, но не смее да се „спие“ на ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom