Еве ти ја
мојата логика:
- Guardian: Chelsea close to signing Brazil's Oscar in £25m transfer deal.
- ESPN: Chelsea agree for Oscar.
И двата медиуми се добри и сигурни извори, барем досега така се докажале, и кога ќе прочитам од нив такво нешто, верувам дека е вистина.
Но како што и пишува ЕСПН, договорен е само неговиот трансфер со Интернационал, сеуште ништо не е сигурно, можеби тој ќе бара висока плата или нешто друго, и нема да биде ништо од целиот трансфер. Значи работата 90% е завршена.
Конкретно за овој играч немам коментар и мислење, затоа што никогаш не сум го гледал. Што читав по други форуми, бил извонреден техничар, добар преглед на игра, бил многу брз и дека според извори од Лондон, Роби сакал од него да прави типичен CM, да игра замена за Лампард.
Верувам дека поради тоа и е донесен, и е добра идеја затоа што Пирло и Модриќ на почеток на своите кариери играа на истата позиција на која игра Оскар, а еве сега се типични CM. За Оскар според коментарите и изјавите на многу стручни лица, Оскар е типичен Пирло играч, поради него Дамиао ја имал најдобрата сезона во Интернационал, бил прв асистент.
Единствено сум против овој траснфер ради преголемата цена и поради тоа што најверојатно еден од Де Брујн и Мекехран нема да добијат шанса да се покажат, но тоа е тоа, со Бразилци секогаш е скапо и кога купуваш од Бразил секогаш купуваш мачка во вреќа.