Само 2 работи имам да кажам во врска со тренерските шпекулации:
1: И покрај се, доколку Ди Матео не добие шанса барем на уште 1 година (како што беше случај со Грант) само за да се донесе Гвардиола, или Лев, или било кој друг, нека оди Абрамович да се удави во сопствената нафта.
2: На крај краева, клубот е 100% негов, негови пари негови инвестиции, што сака тоа ќе си прави. Можеби е редно да почувствуваме и негативни последици од приватната сопственост на Челзи, којзнае.
П.С. Сум имал и 3та работа да кажам, ако му текне да му понуди место на асистент менаџер (што би било куртоазија и еднакво на научна фантастика) тогаш верувам дека секој навивач на Челзи би му простил за сите негови отпуштања, промашени трансфери и сл.