Се согласувам за Боаш.
Квалитетен тренер, млад, има желба за слава и успех, амбициозен е, па така психолошки одговара за профил на менаџер по кој плаче Челзи.
Моментално играчите кои се во тимот се првокласни фудбалери и одлични играчи, без двоуемње, но не одговараат на филозофијата на Боаш. Фали брзина, фали креативност, техника, веќе и на физички план не се толку јаки колку што беа, почнува да фали се. Делумно ради годините, делумно поради 'талентот'.
Но ова не е загрижувачко, единствен објектив сезонава е да се пласираме во ЛШ, во лето се надевам на ремонт и перспективни трансфери на играчи кои ќе направат разлика во тимот. Потребни се млади играчи, техничари и со одлична брзина, ги има многу но Челзи нема сеуште муда да посегне по млад играч во прв тим и да го форсира, таков е менталитетот. Со Боаш ова почна да се менува, но неможе преку ноќ, потребно е време и уверен сум дека со правилна селекција на играчи и трансфери, Челзи е на коњ и ќе разара, mark my word
Лично јас, би ги продал Микел, Калу и Малуда.
Микел е јасно дека ова му е максимумот, гледаме како се повеќе се плетка на теренот и нема идеја, ама баш никаква, во дефанзивните задачи почнува да станува мајмун во многу наврати, и се губи буквално, сезонава на почетокот покажа напредок, но само тој период.
Калу, топ играч за од клупа, но толку е ограничен и глуп, а во исто време самоуверен во себе, што секоја добра прилика ја усерува со цел да се докаже, потребен е попрофесионален пристап и да се мисли за тимот, а не за себе. А и годините колку е на клупа во Челзи го покажуваат неговиот ограничен талент. Верувам дека резервите што ги имаме подобро ќе изиграат и со поголема љубов кон Челзи ќе пристапат.
Малуда според мене е дефинитивно последен човек кој би го продал доколку не донесеме адекватна замена, добар играч е, но многу предвидлив и голем солиста, со филозофијата на Боаш мислам дека ова нема да се толерира.
На листава за продавање би го додал и Дрогба, но тој ми е под голем прашалник, бидејќи е легенда и класа играч, знае да реши меч, но сезонава е бледа сенка на Дрогба, и мора да грее клупа, а тој несака такво нешто.
За засилувања несакам да дискутирам, мои желби се едно, замислите на Боаш се други, само нека бидат играчи кои ќе направат разлика и ќе одговараат на неговата игра, тоа е.
Имам огромна верба во Боаш, знае да донесе одличен играч, видовме каков играч ни донесе(Ориол), кој беше анонимус.