Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Излегуваат четири на два и наместо Џексон да додава он продава бицикли и после Покетино крив, немој да ме ј****

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Oh, boy....

Ne e kriv koj rekol deka e ceka povik od klovnot da mu kaze koga treba da pravi izmeni, otkako pocetokot na vtoro mrtvilo kako cela sezona.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
@Иван CFC
Што ќе кажеш за денес, некој твој позитивен коментар да слушнам ако може.:)

Лани Потер и за полоши перформанси попи отказ. Репете од прошла сезона се дешава.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Како и секоја партија сезонава иста приказна. Џексон и Палмери промашуваат шанса што во 4 македонска лига напаѓач ќе даде, Виса дава акробација ќе кажеш Роналдо прајм е.

За замени се слажам задоцни меѓутоа и од како ги направи ништо не се смени. Галагер, Палмер или Густо ќе поминат двајца троица спринт од 20 метри, ќе примат притоа гадни ударци и ќе дојде топка до Џексон или Стерлниг и овија ја губат или проблем со прием затоа што немаат грам фудбалска интелигенција и се себични. Сигурно Покетино им нема кажано јурнете меѓу двајца или изведувајте бицикли.
Фудбал се игра колективно а не индивидуално, еве погледнете последните 10 мин како Челзи бркаше резултат, топка кај Палмер останатите стојат и чекаат наместо да се трча во простор.
И зошто да го кривиме Покетино кога он е исти и за Стерлинг и за Галагер и да сака да го седне Енцо, Џексон, Стерлинг он нема адекватна замена за тоа. И плус еве кои играчи се поради него дојдени од овие моменталниве?

Но да еве ќе кажам дека после дуелот со Јунајтед Челзи има пад во форма на колективно, но со овие играчи моментално и повреди што ги имаме тоа е реалност без разлика дали е Гвардиола или Покетино.
Но на крајот фановите на Стемфорд одлучуваат за атмосвера а моментално е токсинчна и е против Покетино така да за добро на Челзи ќе биде смена на тренер иако одговорно тврдам дека ова не е кривица на тренерот без разлика кој и да е туку е поради индивидуалниот квалитет на играчи, повреди и лошата работа на Боели.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Конечно и ти да попуштиш.:bravobe:
Не ми ги читаш постовите до крај изгледа.

Кога немаш подршка од фанови кои ти се на стадион и имаш токсична атмосвера, резултатите ќе одат надоле.
И затоа за добро на клубот е да има тренерска промена еве може да се проба со Биг Сем.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Не ми ги читаш постовите до крај изгледа.

Кога немаш подршка од фанови кои ти се на стадион и имаш токсична атмосвера, резултатите ќе одат надоле.
И затоа за добро на клубот е да има тренерска промена еве може да се проба со Биг Сем.
Зошто да не!? Истите резултати ќе бидат, можеби помалку голови ќе примаат така.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
741
Поени од реакции
537
Како само од џанаци да е собран фан клубот. Кризираме по фикс (нов тренер) како тоа да е магичното решение. Па нели сакавме да се отргнеме од тие периоди и од тие горе-доле осцилации што ги имавме?
Ок, се тргнавме, сега сме цело време доле лол, ама се врти тркалото. Мора да се остави повеќе време за тренерот и играчите да покажат што знаат.

Гледав некаде Мурињо го бараат. Не се саглам еј лол Рома не можеше да ја среди нас ќе не среди.
 
Нема шанси Покетино да остане, ниту промил шанса нема за такво нешто после Брентфорд. Ситуацијата кулминира на релација тренер-навивачи. Сега зборам за навивачи со сезонски тикет на Стемфорд Бриџ, не за нас обичните смртници кои гледаме на ТВ.

Во Саботата скандирале против Поч, дури не се сеќавам некогаш да се скандирало против тренер, можеби против Рафа Бенитез. Други очајни менаџери што не водеа најмногу што добија беа свирежи на крај на утакмица.

Покетино после утакмица место да смири топка кога го прошале дали му смета скандирањто, рекол дека не ги слушнал(тивки биле). За крај изјави и дека овој бод е голем за Челзи, и само уште повеќе си навлече мржња и притисок кон себе.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.749
Поени од реакции
52.705
Не е толку битно што се свртеа директно против Покетино на претходниот натпревар затоа што на крај резултатите се битни. Ако успее некако да ја смени ситуацијата, да сврзе добри резултати, сите ќе застанат зад тимот. Следните четири наптпревари се на СБ. Претходно имало на стадион незадоволство кон Сари, Бенитез, Потер. Сигурно и други.

Покетино дојде со негатива од старт кај дел од навивачите поради поврзаноста со Тотенхем. И до сега нема направено баш ништо за да проба да изгради некаква конекција. Како што реков, резултатите се најбитни и доколку го освоеше купот сите ќе беа среќни и ќе им се смееа на Тотенхем. Но покрај тоа, има доста работи кои може да ги прави за да ја олесни работата и да си даде подобра шанса да изгради некаква конекција со пресовите, интервјуата, одење со играчите за да се заблагодари после натпревари. Он цело време како намерно да си отежнува и се наопачки прави.

Ако си оди, за мене ова е главната причина поради која може нема да функционира на долг план. За проблемите на терен секако може да се критикува, ама најголемиот дел би ги имале и со било кој друг тренер.
Како и да е, очигледно дека сакаат да истераат со него бар до крај на сезонава и треба ептен наопаку да тргнат работите и да сврзат 4-5 порази по ред за да го избркаат. Ако имаат солиден крај на сезоната и завршат на 7-8 место во лига, скоро сигурно ќе остане и следна сезона.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Затоа што поголемиот дел на фанови се инстант успех фанови, за жал.
Никој не го интересира долгорочен план, тие неколку натпревари што ги загубивме тесно да ги победевме со 1-0 со гол во 88 и да бевме 6 наместо 10, Шака ќе кажеше да има напредок, па ете макар бил тренер и Сем.

Дека може да преокрене ситуација Покетино тешко според мене, затоа што во овој тим има талент а не квалитет, а талент во премиер лига се знае место стандард на Брајтон, Саутемптон пред некоја година, Вулфси.
Без подршка од навивачите уште повеќе ќе тонеме, пак ќе кажам до дуелот со Јунајтед, Челзи изгледаше подобро од лани иако ете тогаш некои фанови не гледаа напредок нели, после тоа од утакмица во утакмица изгледаме се повеќе како лани за да сега моментално изгледаме па и полошо од лани.

За тоа кој ќе го наследи Покетино, малку битно најбитно е Американциве да ја свртат политиката и наместо талент да купуваат квалитет и уште побитно да се најде решение за овие повреди.
Па тогаш може да правиме муабет за играње во Европа па макар тоа било и конференциска лига.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Не е толку битно што се свртеа директно против Покетино на претходниот натпревар затоа што на крај резултатите се битни. Ако успее некако да ја смени ситуацијата, да сврзе добри резултати, сите ќе застанат зад тимот. Следните четири наптпревари се на СБ. Претходно имало на стадион незадоволство кон Сари, Бенитез, Потер. Сигурно и други.

Покетино дојде со негатива од старт кај дел од навивачите поради поврзаноста со Тотенхем. И до сега нема направено баш ништо за да проба да изгради некаква конекција. Како што реков, резултатите се најбитни и доколку го освоеше купот сите ќе беа среќни и ќе им се смееа на Тотенхем. Но покрај тоа, има доста работи кои може да ги прави за да ја олесни работата и да си даде подобра шанса да изгради некаква конекција со пресовите, интервјуата, одење со играчите за да се заблагодари после натпревари. Он цело време како намерно да си отежнува и се наопачки прави.

Ако си оди, за мене ова е главната причина поради која може нема да функционира на долг план. За проблемите на терен секако може да се критикува, ама најголемиот дел би ги имале и со било кој друг тренер.
Како и да е, очигледно дека сакаат да истераат со него бар до крај на сезонава и треба ептен наопаку да тргнат работите и да сврзат 4-5 порази по ред за да го избркаат. Ако имаат солиден крај на сезоната и завршат на 7-8 место во лига, скоро сигурно ќе остане и следна сезона.
Незадоволство е една работа, а скандирање е друга работа, затоа и неможам да се сетам на некој друг да му имаат скандирано, освен на Бенитез. Како што пиша и ти, Покетино воопшто не се труди да ја смири ситуацијата, само додава иритатни одговори на прес. Можеше и да го игнорира прашањето со навивачите, сега ова тешко да му го заборават.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom