Пишав некаде, според приватен тренер на некој наш играч, cooldown вежбите не и биле соодветни и не било изненадување што толку повреди имале.
Можно е но и ова е последователно неколку сезони наназад, Лампард, Тухел, Потер и Покетино.
Колку што знам секој тренер си има свои методи и свој тим од тренери.
Не верувам дека баш секој го користи истиот метод на опоравка на телото после меч или тренинг.
Баш имаше едно интервју со Силва пред неколку месеци каде што збори за тоа колку е битно правилно да се одмора телото после меч и важно е да се лади во ледена вода, тоа младите играчи не го практикувале и затоа имаме денес толку многу повреди.
Арсенал имаше пред неколу сезони ваков проблем но еве лани и сега го средија овој проблем, колку што знам го сменија лекарскиот тим, а истиот тим го ангажира Јунајтед.
Не сум сигурен за ова, поправете ме ако грешам.
По мене мислам дека држи вода тоа што Донев го кажа клучно е како ќе се менаџираат првите 3 недели на играчот од како ќе се врати од повреда.
Поготово за овие играчи што имаат подолги повреди како Фофана, Чивел и Нкунку.
Со Џејмс погрешија што не го оперираа на време и најверојатно има играно со некои инекции, а една неправилност во тело донесува до друга и така телото страда.
Sent from my M2007J20CG using Tapatalk