Сите се со дупли профило само ти си Поч да остане.
Еве сега кога официјално нема да играме Европа и веќе е извесно дека пак ќе завршиме на средина на табела може да заклучиме дека нема никаков напредок од лани. Покетино нема никакво алиби веќе иако пак го вергла истото дека сме млад тим, фали искуство бла бла. Па зар и денес го изјави истото, нели му е срам???Клоп му искочи со деца од градинка и го понижи....
Неможе веќе да се фаќа за едно те исто црепот, млад е тимот и неискусен и никој не очекува да се бориме за титула и прво место, но поминаа 25 кола во ПЛ и Фулам и Вулвс се пред нас. Срамно е тим кој потроши милијарда фунти да не е компетентен да се бори за Европа, срамно е Челзи цела сезона да нема никаква игра и свој идентитет. Покетино е лузер и потрошен материјал, кога веќе нашиве го искупија пола Брајтон нека посегнат и по Де Зерби.
Нов е профилот се е можно.
Другар јас не го бранам Покетино, напротив и јас го критикувам ако кога заслужува. Но да критикуваш некој што направил замени кои се единствени достапни е смешно. Покетино не се затвори вчера како што велите, напротив внесе 3 свежи офанзивци плус и Палмер како офанзивен везен играч. Тука незнам што е погрешно, дали замените направија нешто е дискутабилно да, ама Покетино не е тој што ги има донесено туку работи со тие играчи што се претходно донесени.
Ти и некои останати членови се инстант успех фанови и само критикувате, ниеден од вас не напиша ништо позитивно против Сити например или некоја друга победа, ама на прв кикс се нафрлате тука.
Поставуваш некаков си ултиматум дали ќе навиваш или не за клубов, мислиш дека на некој му е грижа дали ти ќе си за Челзи или не,
ме потсети на едно женско тука пишуваше еден период и и текна не сака да навива, поради тоа што Челзи беше во криза, ама ете ние дочекваме и лига на шампиони после тоа
Јас еве ти препорачувам ти си калибар за Реал и уште денес би било добро да си почнеш да навиваш, успех ќе ти е загарантиран.
Вие да сте Гвардиола и Клоп ќе го намавате за 6 месеци затоа и они ништо не направија во првите 6 месеци.
Дрогба исто беше слаб првата сезона и он требаше да си иде нели?
Родри исто кој важи за еден од најдобрите моментално беше катастрофа прва сезона.