Фан Клуб: Челзи

Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Каиседо има многу среќа што не доби црвен...океј е агресивно да влезеш во утакмица, али мора со памет.
Компензација одма, чист гол ни поништија.

50/50 утакмица против вториот тим на Ливерпул.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.997
Поени од реакции
11.636
Компензација одма, чист гол ни поништија.

50/50 утакмица против вториот тим на Ливерпул.
Ок, такви голови поништуваат веќе неколку години, така да не би рекол дека е компензација.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Пола тим го немаат и не можеме да ги тепаме.На кое ниво паднавме.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.018
Поени од реакции
13.253
Фернандез а и остали криминал играат.

Само Густо изигра нешто.

Изгубени се. Ни самите не знаат за што играат.
 
E

enzo8

Гостин
Проблем е кога на сите пари потрошен, Галагер и Палмер се единствени опасни играчи на терен, посебно кога првиот е скаран со техника.
Ќе изгубиме, на сите промашени шанси мораше да влезе нешто, сега немаме капацитет и менталитет да играме под притисок.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Ливерпул У 21 Покетино неможе да ги победи, тежок лузер е типов.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.749
Поени од реакции
52.705
Повторно сто шанси испуштени. Нереално е како успеваат да заебат пред гол. Намерно да пробуваат да утнат, пак една ќе се погоди по грешка да влезе.
Што ли се случи во екстра време, не знам како цел тим одма толку потона. Ептен мизерни 30 минути, на крај и очекувано беше. Штета, од огромно значење за тимов ќе беше да се освои трофеј.
 
E

enzo8

Гостин
Очекуван крај, тимов е беден, во секој аспект, неможеме да парираме на втор тим на Ливерпул, се губат во сите значајни утакмици и под притисок, апсолутно никаков менталитет и борба. Не е ни чудно што лимитиран играч како Галагер ни е најдобар во екипа затоа што е единствен на терен што трча и се бори, без разлика на сите негови недостатоци за голема екипа.
Енцо и Каиседо, браќа, за парите што сте платени, не вредите ни третина.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.056
Поени од реакции
2.004
Да освоеше Челзи ќе имаше 1-2 мислења напишани во клубов, ама сега удри бато.

Главен кривец за поразов е реализација, кога промашуваш казна стиза.
Галагер го има секаде од свои пет метри до противнички пет метри, трча за троица. Проблем е повеќе Енцо што ниту помага офанзивно ниту дефанзивно и по мене требаше Покетино да го извади него а не Галагер.
Стерлниг очај па и очај е благ збор. Нкунку исто слабо.
Каиседо еден куп топки пресече незнам што толку се хејта по него.

Донев тоа што Челзи изгледаше угушено последните 30 мин е поради тоа што у 21 на Ливерпул не престана да трча во средина, добија животна шанса од Клоп мотивирани до максимум и тоа е тоа. Додека Челзи се потроши многу во 90 мин.
 
E

enzo8

Гостин
Неможеш да се вадиш на промашени шанси и реализација секој меч, цела година. Тимов е просечен во најмала рака, не помага ни Покетино со убер лузерски менталитет што кога завршија 90 минути реши да се брани цело време.
Едноставно тимов е просечен и мизерен, искрено мислев дека утакмицава ќе биде пресврт за сезонава и дека во ваква шанса и на волку бледа и неконстантна сезона ќе покажат квалитет и карактер во БАРЕМ ЕДЕН МЕЧ дека вредат нешто ама не, не вредат ништо, преплатени лиглиња од играчи, милион топки изгубени на средина од 200м вредни играчи, милион утнати шанси.
Едина пролазна оценка од мечов имаат Колвил, Галагер и Палмер, па и Петровиќ, се друго е боранија играчи, не вреди ни да се дикстуира, клубов уште долгу ќе си тера во бантер ерава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom