Се надевам дека внатрешно во клубот не се приоритет стратегии за трансфери, тренери и слично, туку детална анализа на повредите, медицинскиот тим, тренинзи и како да се минимизира ризикот. Сезонава скоро секој клуб има проблеми со повреди, ама во Челзи се влече веќе некое време.
Многу е тешко вистински да се анализира и критикува тренерот и тимот кога на секој натпревар имаш буквално по десет играчи кои ти фалат. На страна сите други повреди, како ли ќе беше да имаш цела сезона здрави Џејмс и Чилвел? Сигурно само со нив секој викенд на терен тимот ќе изгледаше многу поразлично. Сезонава ептен е алармантно и тоа што секој играч кој ќе се врати од повреда многу брзо се повредува повторно. Може да е до лоша рехабилитација, може да е и поради форсирање на минутите затоа што нема кој друг да игра. Има уште доста од сезоната, ама мислам дека не е претерување да се рече дека Нкунку и Лавиа веќе изгубија цела сезона прогрес. Ако наместо тоа беа достапни сезонава, Нкунку да се навикнеше добро на лигата со 10-15 голови, Лавиа редовно да довибаше минути за да се докаже на повисоко ниво, следна сезона ќе влезевме со нив како играчи на кои би знаеле дека може да се потпреш. Сега тек година покасно ќе треба да се привикнуваат на тимот и да се докажуваат. Мора некако да се среди ова затоа што вака дури и уште билион да се потроши на докажани играчи и да се донесе Пеп за тренер, пак ќе има големи проблеми доколку на секој натпревар не може да рачуна на пола тим.
И покрај сето тоа, утре се освен пласман во финале ќе биде трагично. Без разлика кој ќе игра, мора да се влезе ептен мотивирано во натпреварот од старт и да се даде брз гол. Иначе добри се шансите да го гледаме класичниот натпревар од претхидниве сезони, безидејно кружење околу противникот кој стои пред гол, никаква опасност странично затоа што нема бекови кои ќе создадат вишок и примање гол при првата грешка и оставање простор за контра на противникот.