Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Баш тоа што го кажа Донев

Челзи игра лошо второ полувреме по дифолт, како одминува времето се повеќе паника и безидејност кај играчите.
Тоа е проблем на Покетино, тоа што се договараат на полувреме не дава успех.
До сега тој проблем требаше да се надмине сепак со тимот е скоро 5 месеци.

Друго што ме нервира играта премногу се базира на индивидуалност и чекање во место.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
26 август 2008
Мислења
747
Поени од реакции
543
Многу се бавни и многу комплицираат, треба да се упрости играта.
3 промашувања што нормално би требало да се голови.
Палмер се изгуби играва, нешто му се дешаваше, ама тоа е, има уште еден натпревар, не е страшно.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Не е Палмер изговор, да се слажам со тебе беа добри шанси меѓутоа Челзи такви шанси секој натпревар не користи, ако не е Палмер ќе е Џексон ако не е Џексон ќе е Стерлинг итн.
Мене проблем ми е што Челзи второ полувреме не го игра, нема идеја што да прави со топка, Лутон последни 20 мин не растури, Кристал П да не беше пеналот немаше гол да дадеме, Манчестер,Њукасл Арсенал, Евертон и Вулвес второ полувреме беше полошо.

Пологично е да биде обратно, недостаток од прво полувреме со тактика и план да се подобри во второ а не да биде полошо и замени исто, не придонесуваат со свежина и идеја.

Тоа што вчера го зборуваше Покетино ми звучи како Потер изјава. Не може така во клуб како Челзи.




Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ќе тепаме у реваншот ваљда, ама...ауу јеботе тимов врска нема, Тод може да си ебе матер, најверојатно никогаш нема да видиме екипа што олку се посрала со нов сопственик.

Едноставно во историја се нема случено нешто вакво.

Имало ситуации каде помали фирми/брендови/уатевр биле купени од поголеми корпорации па потоа големите корпорации го сјебале тоа што го купиле, ама нешто вакво.... јок.

Да искористам фудбалски жаргон, имало ситуации на пример некој да го купи Брајтон, па Брајтон од играње во Еворпа за 2 години да игра чемпионшип...

Ама ова е пандан на тоа да го купиш Пепси и од #2 кола пијалак да го направиш #6 најпознат пијалак во свет.

Дизастерклас.

Нејсе, КТБФФХ, нека тепаат у реваншот, ќе има хајп у финалето, што да не

Сега ќе биде добро и со Вила да извадиме нешто во ФА Купот, па ќе видиме понатаму што како
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Јасно беше Зоки уште кога Боели го отпушти Тухел ден после трансфер периодот и радикалните промени во самата управителна структура.
Бонус беше и самото замрзнување на клубот каде што изгубивме играчи како Рудигер.

Ќе видиме понатаму што ќе се дешава од мене имаа кредити до дуелот со Јунајтед.
Затоа и кажав дека до тогаш Челзи изгледаше како екипа подобра од лани која секако игрс топло ладно но пружи добри партии против појаките тимови за разлика од лани, секако и сезонава гледаме подобра форма и напредок кај неколку фудбалери.
Но ова е перформанс за екипи како Брајтон, ако сакаме екипа што ќе е конкуренција за титули мора многу подобро и сето тоа да оди побрзо.

Покетино до сега по тоа што го видовме не е тренер што може да ни го овозможи тоа, збори тоа што сезонава беше надигран од многу екипи во второто полувреме.
Можеби грешам ќе видиме се уште има време до крајот на сезоната има и доста повредени, но и доста грешки што тешко може да се оправдаат посебно после 4 месеци со тимот.

Утре ќе биде добар тест ќе видиме дали ќе излезат да играат фудбал или ќе биде пак припрема за тренинг како против Боро.





Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Што знам како Енцо и Галагер да се гушат кога играат заедно.

Да видиме што ќе биде второ полувреме по рецепт полошо го играме.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Незнам кога ќе видиме Челзи да изигра саглам контра. Имаа шанси да ги отворат со контри овие не знаат ни да се отвараат како треба ни да додадат.
На крај наместо 3-0 за нас можевме да изгубиме.
Србинов делува добро сега за сега, мене ми е фаворит пред Санчез.
Добро е и Чивел да се види назад на терени, да видиме колку ќе остане фит.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.578
Поени од реакции
1.975
Незнам кога ќе видиме Челзи да изигра саглам контра. Имаа шанси да ги отворат со контри овие не знаат ни да се отвараат како треба ни да додадат.
На крај наместо 3-0 за нас можевме да изгубиме.
Србинов делува добро сега за сега, мене ми е фаворит пред Санчез.
Добро е и Чивел да се види назад на терени, да видиме колку ќе остане фит.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
3 победи по ред во ПЛ. Ете напредок и имаме исто бодови со Јунајтед.:D

Играта ни е тиња да не се лажеме, и понатаму мислам дека средина на табела е реалноста на тимов.
Највише ме погаѓа што на толку фрлени пари тимов е нешто изнад просечен премиерлигаш. Најнова трансфер шпекулација е некое бразилче кое кошта 60 милиони. Очигледно америве ќе си фураат што си замислиле без обзир на пласман на табела.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Најверојатно си саркастичен со Јунајтед но ајде.

Тоа дали ќе завршиме пред или после Јунајтед ништо не значи за Челзи.
Овој период беше битен за Челзи чисто за самодоверба.
Освен киксот со Вулвес горе доле очекувани резултати.
Киксот со Боро, Зоки убаво го најави.
Потценување на таква екипа во завршна фаза е пуцање во нога.
Но од друга страна па ете имаат уште 90 мин компетитивен фудбал и притисок па да видиме како ќе изгледа сето тоа.

Од шпекулации ме радува за Бензема.
Би сакал да видам еден таков финишер како ќе изгледа во овој Челзи.
Се надевам дека ќе го земат и да е единствено појачување овој период.
Нема потреба од брзање, поготово не во јануари.




Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Се надевам дека внатрешно во клубот не се приоритет стратегии за трансфери, тренери и слично, туку детална анализа на повредите, медицинскиот тим, тренинзи и како да се минимизира ризикот. Сезонава скоро секој клуб има проблеми со повреди, ама во Челзи се влече веќе некое време.

Многу е тешко вистински да се анализира и критикува тренерот и тимот кога на секој натпревар имаш буквално по десет играчи кои ти фалат. На страна сите други повреди, како ли ќе беше да имаш цела сезона здрави Џејмс и Чилвел? Сигурно само со нив секој викенд на терен тимот ќе изгледаше многу поразлично. Сезонава ептен е алармантно и тоа што секој играч кој ќе се врати од повреда многу брзо се повредува повторно. Може да е до лоша рехабилитација, може да е и поради форсирање на минутите затоа што нема кој друг да игра. Има уште доста од сезоната, ама мислам дека не е претерување да се рече дека Нкунку и Лавиа веќе изгубија цела сезона прогрес. Ако наместо тоа беа достапни сезонава, Нкунку да се навикнеше добро на лигата со 10-15 голови, Лавиа редовно да довибаше минути за да се докаже на повисоко ниво, следна сезона ќе влезевме со нив како играчи на кои би знаеле дека може да се потпреш. Сега тек година покасно ќе треба да се привикнуваат на тимот и да се докажуваат. Мора некако да се среди ова затоа што вака дури и уште билион да се потроши на докажани играчи и да се донесе Пеп за тренер, пак ќе има големи проблеми доколку на секој натпревар не може да рачуна на пола тим.

И покрај сето тоа, утре се освен пласман во финале ќе биде трагично. Без разлика кој ќе игра, мора да се влезе ептен мотивирано во натпреварот од старт и да се даде брз гол. Иначе добри се шансите да го гледаме класичниот натпревар од претхидниве сезони, безидејно кружење околу противникот кој стои пред гол, никаква опасност странично затоа што нема бекови кои ќе создадат вишок и примање гол при првата грешка и оставање простор за контра на противникот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom