Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351

Детево скоро секој натпревар им е најдобар играч, ептен импресионира до сега сезонава. Нема да ме чуди да се најде во првиот тим следна сезона, посебно па затоа што изгледа дека ќе бидат потребни повеќе нови дефанзивци.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.870
Поени од реакции
11.490
Со оглед на околностите, и не така лош резултат вчера, плус имајќи предвид дека 0-2 имавме после пола саат. Иако можеа и до победа, имаше шанси.

За ова со Лукаку не знам што да кажам, крајно разочаран од него...не би трошел зборови повеќе од тоа што сте пишале.

Има информации дека Барселона ќе му понуделе на Цезар тоа што управата на Челси нема: 2+1 години договор. Ако си отидат и он и Рудигер (многу веројатно, затоа што не верувам нашиве да му дадат плата ко што бара), ќе треба дефанзивец уште еден, многу веројатно и првотимец.
 
O

onefifty

Гостин
Добро ја единствен ли сум што мислам дека треба попрво да му продолжиме на Рудигер отколку на мекушов дански?
Од Кристенсен сум максимално разочаран, дури и да продолжи договор за мене ќе остане лабилен карактер и мекуш кој чекал на Барселона.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.024
Поени од реакции
11.222

Се сложувам за Рудигер.
Беше фрлано со дрва и камења по него. Можеби и заслужено, но никогаш не потклекна и под Тухел едноставно е карпа. Тоа е огромна предност доколку остане во Челзи.
Веќе има одлична соработка со Тухел.
За Кристијансен не ми е јасно. Тухел одлична работа заврши и со него, но ако одлучи да со оди, тогаш со среќа нека му е. Ќе треба тогаш да пробаме пак по Кунде. Треба доста играчи да му се пазарат на Тухел. Бекови. Со оглед на тоа дека Рис и Чилвел се склони на повреди. А Цезар и Алонсо веќе се на залез на кариера. Неможеме да се носиме со Пул и Сити ако тие ни се замени за Рис и Чивел.
Колку и да сакаме Цезар да остане.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Средиле Тухел и Лукаку денес. Останува сега да покаже дека научил лекција од ова и дека ќе збори само на терен со добри перформанси, па да се искупи и кај навивачите.

Лофтус денес се вратил на тренинзи со тимот, Тимо веќе неколку дена тренира и би требало против Тотенхем или Честерфилд да се врати. Полека се надевам ќе се соберат веќе сите, освен Рис и Чилвел со подолгите повреди.

Околу Рудигер денес кружат муабети. Непотврдено, ама демек на Реал веќе не им бил прв избор и можно е да не се договорат. Што не значи ништо, ама сепак. Изгледа ќе пробаат уште еднаш да зборат месецов. Би било фино да има твист.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ништо не е средено. Класичен ПР од двете страни. Како може со еден разговор да се среди вакво нешто?
Петти ден, Лукаку уште се нема извинето. Има некои репорти дека на Лукаку му било жал за интервјуто. За интервјуто му било, а не за кажаното во него.

Разбирливо. Нема Челзи најскапиот играч во историјата да го замрзне. Сега нема теорија да биде продаден и затоа ќе биде вратен за да ја заработи огромната плата.

Тој пак, тој е целосно во небрано. Сега очекувам да плаче, може и некој амблем да бакне. Со вакво однесување знае дека нема теорија топ клуб да го ангажира, во Интер враќање нема. Некој ПСЖ во очај, којзнае.

До јуни очекувам да го прави она за кое е дебело платен, колку-толку да остане професионален и од лето да си бара пат некаде.
 
Три пати збореле. А и како што пишав одма, нема што многу да се прави. Треба да се расчисти помеѓу нив, да спушти глава и да се посвети на клубот. Зборењето нема поента понатаму. И се надевам нема да има јавно извинување со текст, нека го прави тоа на терен. Последно нешто што би сакал да видам е текст полн празни зборови, напишан од некој друг.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Штетата е веќе направена. Враќање нема назад.

Единствено сега останува овој да ја заработи платата на терен, пред да си најде друг ангажман.

Не е проблем што згрешил. Извинување е во ред. Проблем е што ништо не му верувам.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.024
Поени од реакции
11.222
Да ти плукнам во управата ако истрпат вакво непочитување. Во ред е спуштањто на топката од страна на Тухел, но мора да има последици за нанесената штета.
Се надевам дека навивачкте ќе истераат инает до крај, ќе го исвиркуваат секоја утакмица се додека не биде продаден.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Да не ви расипувам, ама мислам дека ова може многу брзо да е заборавено, доколку игра како што треба и нема веќе испади, нормално. Ќе ме изненади продажба во скоро време ако се е нормално. Најбитно за секој играч е да се однесува професионално и да дава се од себе на терен. Дома нека си спие во дрес од Интер ако сака. Скоро сите играчи имаат друг омилен клуб и би сакале да играат таму доколку им се пружи шанса. Само не треба јавно да излагаат со тоа дур се под договор.
Очекувања да се продаде ми беа скроз нереални, никакви шанси да се случи нешто такво за сега. И на стадион на почеток може ќе има реакции против него, ама ако игра добро ќе помине брзо. За верување, баш на ниеден играч не му верувам. Можеби само на овие од академија, кога станува збор за љубовта кон клубот. Не ни мора.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Едно се моите желби, друго е реалноста. Обемот на тој трансфер и потенцијалните реперкусии од импулсивен потег лошо би се одразиле врз клубот.
Тешко дека би заминал на лето, но јас немам никаква емоција поврзана со него веќе. Да дојде било кој клуб - продавај. Што не беше случај до петокот.

Секако дека ќе се радувам на секој негов гол, бидејќи не игра за мајка му со вуду куклите, туку игра за Челзи, ама Лукаку ќе го гледам како платеник кој мора да ја заврши работата за која е платен.

Или, ако бев подготвен да купам дрес со неговото презиме на грбот до вчера, на пример, сега јок. Алонсо би бил мој избор, не знам, Пулишиќ. Лукаку не.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Да ти плукнам во управата ако истрпат вакво непочитување. Во ред е спуштањто на топката од страна на Тухел, но мора да има последици за нанесената штета.
Се надевам дека навивачкте ќе истераат инает до крај, ќе го исвиркуваат секоја утакмица се додека не биде продаден.
Сето тоа така, ама Лукаку всушност од кога е вратен во Челзи игра одлично, наспроти перцепцијата дека е флоп од кога е земен. Повредата го измести малку, но јас не се сеќавам да одиграл лош натпревар за Челзи откако е дојден. И на Челзи очајно му е потребен шпиц од типот на Лукаку, затоа што финиширањето на другите играчи од навалниот дел на Челзи е влезено во минус.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Thomas Tuchel on Romelu Lukaku:

"He's very aware of what happened and what he created. He feels the responsibility to clean the mess up. Maybe we'll have a bit of smell from it, but he can handle it. He's no other choice, he can't expect everyone to be super happy the next day."
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.024
Поени од реакции
11.222
Сето тоа така, ама Лукаку всушност од кога е вратен во Челзи игра одлично, наспроти перцепцијата дека е флоп од кога е земен. Повредата го измести малку, но јас не се сеќавам да одиграл лош натпревар за Челзи откако е дојден. И на Челзи очајно му е потребен шпиц од типот на Лукаку, затоа што финиширањето на другите играчи од навалниот дел на Челзи е влезено во минус.
Во ред се тоа. Можеш нему да му ги објасниш овие работи? Мислам два пати Тухел разговарал, и после сетоа тоа ти пак се праиш мангуп пред медиуми.

Нормално ќе беше уште утредента да се извинеше за некои коментари, ама очигледно кур го боли него за Челзи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom