Фан Клуб: Челзи

Член од
21 мај 2008
Мислења
10.870
Поени од реакции
11.490
Абе дајте не се заебавјте. Да чекаш последно коло, од Тотенхем за да осигураш 4ти место.
Ејј на кое ниво е паднат цел клуб. На иста траекторија како Арсенал и компанија.
Треба да клават поќе голови. Ама најсериозно, очекувам да се вежба финишинг и играње контри летово...
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.558
Поени од реакции
52.350
Не ми беше гајле последниве две недели кај ќе завршат во ПЛ, ама играта и пристапот на последниве натпревари ептен загрижуваат за финалето. Неколку играчи паднаа во форма, посебно Жоржињо. Ковачич од кога влезе против Лестер па се додека излезе денес исто лош. Пулишич скроз се изгуби како стартер, а и Маунт падна малце, ама него ич не може да му се замери. За Вернер ќе го кажам истото што го зборам цела сезона. Не треба да игра како 9ка.

И да не се залажуваме со добрите резултати во ЛШ. Седум победи во последните 14 натпревари во ПЛ. Тоа не е никаков прогрес. Да, многу подобро се организирани во одбрана и најмногу тоа ни помогна во ЛШ. Се друго е истото. Ќе има доста работа Тухел, мислам треба да почне со формацијата. Среќа што и другите беа ужасни во завршницата на сезоната, па барем притисокот за играње ЛШ следна сезона ќе биде тргнат во финалето.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.022
Поени од реакции
11.213

Искрено мислам дека играчиве и тоа како знаат да финишираат. Само друго е на тренинг и друго е на официјален натпревар. Ствар е до менталитет, одлуки при притисок и можеби неискуство.
Па не заебавај гледај Вернер што завршница имаше во Лајпциг а што во Челзи.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како бе не е никаков прогрес? Па на крај од јануари бевме поблиску до местата за испаѓање одошто до местата за ЛШ.

Ако банализираме од типот ,,аха, седум победи од 14 меча, тоа е половичен ефект, така и Лампард можеше", тогаш да, нема прогрес.

Нереално е да очекуваш да победуваш постојано, затоа што игравме машки на три фронта. Двете финалиња се рефлектираа врз некои натпревари и резултати во лигата.
Ќе врзеш ти 11 од 14 победи, ама ќе испаднеш во 1/4 финале од Порто и ќе ги задоволиш сувите статистики и бројки. Нема проблем.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.022
Поени од реакции
11.213
Дека има пад во формата има. Дека Тухел успеа да го извади Челзи од лоша позиција, тоа е несомнено.
Лошава форма во завршницата пред се се должи на недоволното искуство на играчкиот кадар. Сепак овој Челзи е многу млад колектив. Посебно играчите кои ни се во нападот. Очигледно е дека не се научени да се носат со притисокот и очекувањата од нив.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.558
Поени од реакции
52.350
Како бе не е никаков прогрес? Па на крај од јануари бевме поблиску до местата за испаѓање одошто до местата за ЛШ.
:confused:
Кога дојде Тухел бевме на 5 бода од ЛШ, а 12 од местата за испаѓање. Не е дека бевме 10+, па да биде нешто неверојатно. И нема врска со Лампард. Само сакав да кажам дека колку и да делуваа поорганизирано, сепак во лигата не направија нешто ептен посебно и не е дека беа нешто многу јаки. Ќе треба многу работи да се средат ако сакаме посериозни резултати следна сезона, во никој случај не може да се каже дека ќе бидеме ок ако само продолжат со истото.

Tuchel on Mendy: "He fell on the [goal] frame. He has big pain in his ribs, we need to wait until we get home to do some images."
:popce:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Томас Тухел, не знам многу на човекот, од тоа малкуто би можел само да кажам poor mans Klopp. Не знам што ќе излезе, очекувам подобро од сегашното. Ако успее да собере 41 поен, т.е. 70 поени до крајот што би било доволно за Лига Европа (можеби и за ЛШ) има преодна оцена кај мене. Ако може и повеќе, секоја чест. За првиве две недели, доволно е да заличат на организирана екипа на терен. Кој би играл кај него, ако нема повреди би типувал на Менди, Џејмс, Тијаго, Зума, Чилвел, Маунт, Канте, Хадсон-Одои, Зијех, Пулишич, Вернер. Следни во ротација Рудигер, Азпиликуета, Жоржињо, Ковачич, Хаверц, Абрахам. Овие од ротација може ќе добиваат предност сега во почетокот, ама до крајот на сезоната и особено следната ќе си го покажат вистинското лице и нема да бидат стартери и понатаму.
После завршените програми во ФА Купот и Премиер Лигата, краток осврт на ситуацијата.
Одбрнбените играчи се тие што се, немам променето мислење. Зума и Рудигер ги заменија улогите во втората полусезона што не ме изенадува со оглед дека и двајцата се петарди во мозокот. Не мислев дека Зума ќе падне толку физички и нема да изигра ништо, ама не сум изненаден. Тијаго Силва е професор доктор за сите околу него и натаму. Џејмс падна во однос на првата полусезона, ама и натаму е еден од ретките кои покажуваат дека може да бидат во тимот и по 3 години од сега.
Исто и за средниот ред. Барем еден од Жоржињо и Ковачич МОРА да замине летово и Маунт да се концентрира на тој дел од играта. Уште подобро би било да заминат и двајцата и да дојде нов квалитетен играч. Менаџирање на минутите на Канте, доаѓа време кога трчањето за тројца се одразува на мускулите. Враќање на Конор Галагер и позајмица на Гилмор.
Нападот, за почеток извинување за Агуеро што го споредував Тимо Вернер со него. Дечкото буквално се изгуби од јануари наваму, наместо продолжување на добрите работи и поправање на лошите, тој стана катастрафален и во добрите. Уште мислам дека има фудбалер во него, ама се излажав дека сме добиле еден од овогенерациските Кун Агуеро или Карим Бензема.
Пулишич може да замине, ама и не мора т.е. не без претходна соодветна замена. Добар е за ротација, позитивно сум изненаден колку време е останат здрав неповреден. Слично и за Зијеш, иако би го задржал уште 2-3 години за ротација само да зајакне физички. Тами Велбек Абрахам беше и може да биде добра резерва, иако изгледа има преголемо его за такво нешто и најверојатно заминува. Поздрав и за Жиру, вистински професионалец од шпиц, да е 5 години помлад не би размислувал да го задржам место Абрахам ама вака треба да замине и тој.

Посебен осврт за двајца би ги нарекол, ликови.
Хадсон-Одои, дечкото доби шанса и на крило и во напад и апсолутно разочара. Не знам што би се правело со него, многу ме интересира во кој правец ќе оди неговата кариера.
Каи Хаверц, покажа некои знаци на живост и има многу специфично движење кое тешко се запира без фаул, ама ништо повеќе од тоа. Не можам да го замислам како ништо повеќе од помлитава верзија на Пол Погба. Исто и за него, многу ме интересира како ќе продолжи неговата кариера во Челзи и каде и да е.

Томас Тухел освои 38 поени во 19 натпревари. Проектирано на цела сезона, тоа се 76 поени што би било тесно 2 место. Во комбинација со 2 место во ФА Купот и финалето во Лигата на Шампионите (каде исто реално е да се очекува 2 место), човекот заслужи да почне уште една сезона. До следна евалуација во декември.

Thomas Tuchel: "I want to be very clear, the task was, ‘let’s try everything to be in the top four’. The task was not, ‘let’s try everything to win the FA Cup’ because the FA Cup, as big as it is, does not bring you to UCL football next season."
:tapp::tapp::tapp:
Уште појако ќе биде ако не тепаат утре.
Пред 10 години, тренер на Челзи во првата сезона освои лигашка титула, а во втората беше второпласиран и освои ФА Куп кога во последното коло на полувреме доби отказ. Денеска, ја имаме оваа патетична изјава од тренер на Челзи и никому ништо.
Ако после ваква изјава Тухел добие продолжување на договор, тогаш најдобро за сите инволвирани е РА да престане да се измачува и да го продаде Челзи. Лично се надевам дека нема никакво продолжување најмалку пред месец мај 2022.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Голем проблем е завршница, денес направивме и повеќе од доволни прилики за гол и наместо да имавме водство со 2 гола предност ние се доведовме до ситуација да губиме и тоа при целосна контрола на утакмица.
После тоа очигледна слабост на Челзи е бункер одбрана. Паркирај се пред гол и тоа е тоа имаш резултат против Челзи.

Факт е дека тимов е релативно млад и во транзиција затоа ќе кажам топ 4 две финалиња е голем успех.
И за тоа сум сигурен дека ретко кој менаџер ќе го постигнеше со овој тим моментлно.

Фала и на Тотенхем.

Тухел нека му ја мисли за изборот во сабота.
Се надевам само дека Канте и Менди ќе се во составот.
Би го пофалил Џејмс денес, детево е машина.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
:confused:
Кога дојде Тухел бевме на 5 бода од ЛШ, а 12 од местата за испаѓање. Не е дека бевме 10+, па да биде нешто неверојатно. И нема врска со Лампард. Само сакав да кажам дека колку и да делуваа поорганизирано, сепак во лигата не направија нешто ептен посебно и не е дека беа нешто многу јаки. Ќе треба многу работи да се средат ако сакаме посериозни резултати следна сезона, во никој случај не може да се каже дека ќе бидеме ок ако само продолжат со истото.

Tuchel on Mendy: "He fell on the [goal] frame. He has big pain in his ribs, we need to wait until we get home to do some images."
:popce:
Не зборував буквално за местата и позицијата на табелата. Ме држи добро меморија, но знам и да гуглам и да видам што се случувало во јануари. Зборувам за местото каде што се наоѓаше тимот во тој момент, за длабоката бездна. Тоа беше расуло, тешко за гледање, за поимање.

Па зарем единствениот показател за тоа што направиле во лигата не е топ четири пласманот? Кога дојде Тухел ние бевме безнадежни, бунар без дно. Сега ние последниот меч сезонава ќе го одиграме на 29-ти мај.
Беспредметен е муабетот дека не направиле ништо посебно, прво поради горенаведеното, потоа поради фактот што не ни можеле да изгледаат којзнае како во лига, бидејќи составот е далеку од преквалитетен и бидејќи нели, играле по три натпревари во седум дена.

Океј со истото не можеме да бидеме, првенствено поради ростерот. Тухел го извади максимумот од ова што го поседува. Најдобриот стрелец во лигата ни има седум гола, се вика Жоргињо и сите погодоци му се од пенал. Првпат во историјата на лигата еден клуб обезбедил топ четири, чиј стрелец немал над осум гола.
Скандалозно.
Автоматски споено мислење:

После завршените програми во ФА Купот и Премиер Лигата, краток осврт на ситуацијата.
Одбрнбените играчи се тие што се, немам променето мислење. Зума и Рудигер ги заменија улогите во втората полусезона што не ме изенадува со оглед дека и двајцата се петарди во мозокот. Не мислев дека Зума ќе падне толку физички и нема да изигра ништо, ама не сум изненаден. Тијаго Силва е професор доктор за сите околу него и натаму. Џејмс падна во однос на првата полусезона, ама и натаму е еден од ретките кои покажуваат дека може да бидат во тимот и по 3 години од сега.
Исто и за средниот ред. Барем еден од Жоржињо и Ковачич МОРА да замине летово и Маунт да се концентрира на тој дел од играта. Уште подобро би било да заминат и двајцата и да дојде нов квалитетен играч. Менаџирање на минутите на Канте, доаѓа време кога трчањето за тројца се одразува на мускулите. Враќање на Конор Галагер и позајмица на Гилмор.
Нападот, за почеток извинување за Агуеро што го споредував Тимо Вернер со него. Дечкото буквално се изгуби од јануари наваму, наместо продолжување на добрите работи и поправање на лошите, тој стана катастрафален и во добрите. Уште мислам дека има фудбалер во него, ама се излажав дека сме добиле еден од овогенерациските Кун Агуеро или Карим Бензема.
Пулишич може да замине, ама и не мора т.е. не без претходна соодветна замена. Добар е за ротација, позитивно сум изненаден колку време е останат здрав неповреден. Слично и за Зијеш, иако би го задржал уште 2-3 години за ротација само да зајакне физички. Тами Велбек Абрахам беше и може да биде добра резерва, иако изгледа има преголемо его за такво нешто и најверојатно заминува. Поздрав и за Жиру, вистински професионалец од шпиц, да е 5 години помлад не би размислувал да го задржам место Абрахам ама вака треба да замине и тој.

Посебен осврт за двајца би ги нарекол, ликови.
Хадсон-Одои, дечкото доби шанса и на крило и во напад и апсолутно разочара. Не знам што би се правело со него, многу ме интересира во кој правец ќе оди неговата кариера.
Каи Хаверц, покажа некои знаци на живост и има многу специфично движење кое тешко се запира без фаул, ама ништо повеќе од тоа. Не можам да го замислам како ништо повеќе од помлитава верзија на Пол Погба. Исто и за него, многу ме интересира како ќе продолжи неговата кариера во Челзи и каде и да е.

Томас Тухел освои 38 поени во 19 натпревари. Проектирано на цела сезона, тоа се 76 поени што би било тесно 2 место. Во комбинација со 2 место во ФА Купот и финалето во Лигата на Шампионите (каде исто реално е да се очекува 2 место), човекот заслужи да почне уште една сезона. До следна евалуација во декември.

Пред 10 години, тренер на Челзи во првата сезона освои лигашка титула, а во втората беше второпласиран и освои ФА Куп кога во последното коло на полувреме доби отказ. Денеска, ја имаме оваа патетична изјава од тренер на Челзи и никому ништо.
Ако после ваква изјава Тухел добие продолжување на договор, тогаш најдобро за сите инволвирани е РА да престане да се измачува и да го продаде Челзи. Лично се надевам дека нема никакво продолжување најмалку пред месец мај 2022.
Изјавата на Тухел е по мечот со Арсенал, не е денешна. И има поширок контекст. Полека.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Не ми беше гајле последниве две недели кај ќе завршат во ПЛ, ама играта и пристапот на последниве натпревари ептен загрижуваат за финалето. Неколку играчи паднаа во форма, посебно Жоржињо. Ковачич од кога влезе против Лестер па се додека излезе денес исто лош. Пулишич скроз се изгуби како стартер, а и Маунт падна малце, ама него ич не може да му се замери. За Вернер ќе го кажам истото што го зборам цела сезона. Не треба да игра како 9ка.

И да не се залажуваме со добрите резултати во ЛШ. Седум победи во последните 14 натпревари во ПЛ. Тоа не е никаков прогрес. Да, многу подобро се организирани во одбрана и најмногу тоа ни помогна во ЛШ. Се друго е истото. Ќе има доста работа Тухел, мислам треба да почне со формацијата. Среќа што и другите беа ужасни во завршницата на сезоната, па барем притисокот за играње ЛШ следна сезона ќе биде тргнат во финалето.
Генерално се согласувам, освен што би надополнил две работи.

Кај Жоржињо и Ковачич не е проблемот само падот на формата, проблемот е што краткиот период каде изгледаа пристојно е нивната фантастична форма. Ова што го гледавме денеска е реалниот квалитет особено кај Жоржињо, на Ковачич му оставам мал кредит поради тоа што е скоро вратен после повреда.

Второто е дека тимската синхронизација што ја создаде Тухел со 3-4-3 е прочитана, мора да реагира со промена и тоа уште за финалито во ЛШ. Иако после исполнетиот „таск за топ фоур“ може и не му е толку важно. Какви малодушни лигуши стигнаа во Челзи, тоа е страшно нешто. :tapp:
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.558
Поени од реакции
52.350
Второто е дека тимската синхронизација што ја создаде Тухел со 3-4-3 е прочитана, мора да реагира со промена и тоа уште за финалито во ЛШ. Иако после исполнетиот „таск за топ фоур“ може и не му е толку важно. Какви малодушни лигуши стигнаа во Челзи, тоа е страшно нешто. :tapp:
После изјавата и јас помислив дека е подобро да завршат надвор од топ 4 за да не се опуштат поради тоа дека си ја завршиле работата. Ама не знам зошто го кривиш Тухел. Иако не ми се свиѓа што го кажа тоа јавно, јасно е дека тоа е целта дадена од горе, а не лично од него.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Изјавата на Тухел е по мечот со Арсенал, не е денешна. И има поширок контекст. Полека.
Знам. Уште полошо. Тоа покажува дека или Томас Тухел не е тренер за екипа која цели на титули, или РА ја имплементира програмата за работа на Арсенал од пред 10 години. И едното и другото е измачување за сите вклучени страни.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Знам. Уште полошо. Тоа покажува дека или Томас Тухел не е тренер за екипа која цели на титули, или РА ја имплементира програмата за работа на Арсенал од пред 10 години. И едното и другото е измачување за сите вклучени страни.
Читај го Донев погоре. А имај предвид и дека таквата изјава (целосната не е толку страшна) по малку е и тренерско оправдување после загубеното финале.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
После изјавата и јас помислив дека е подобро да завршат надвор од топ 4 за да не се опуштат поради тоа дека си ја завршиле работата. Ама не знам зошто го кривиш Тухел. Иако не ми се свиѓа што го кажа тоа јавно, јасно е дека тоа е целта дадена од горе, а не лично од него.
Околу изјавата, не кривам никого туку се обидувам да ја сфатам ситуацијата. Дали Челзи е новиот Арсенал или едноставно има погрешен човек за тренер. Веројатно се надевам на второто бидејќи првото е системски проблем и е многу полошата варијанта.

Околу формациите, факт е дека ТТ сработи добро со синхронизацијата на екипата досега, но исто факт е дека е веќе прочитан. Тука нема никакво кривење, само согледување. А хипотетичкото прашање за подготовката за финалето е сосема легитимно после таква изјава. Ако таскот е исполнет, тогаш што би барале на финалето? Нека оди женската екипа, верувам повеќе залагање ќе покажат од ова што покажува машката (со исклучок на двомечот со Реал Мадрид).
 
Абе нема споредба со Арсенал. Едно е да си задоволен само со топ 4, а друго е минимумот да ти е топ 4. Кај Челзи е второво, а амбициите за освојување трофеи секако се очигледни.

И сосема јасно ми е мене од страната на клубот. После трошењето минатото лето, а и инвестициите кои сакаат да ги направат понатаму, и играчите кои сакаат да ги донесат, мораше да се заврши во топ 4, и факт е дека парите од ЛШ ќе им помогнат понатаму во работењето, а не трофеј во куп.

Ама на тренерот и играчите не смее тоа да им е на ум. Челзи има полн тим, добра клупа, на секој натпревар за неколку добри играчи нема место во составот. Крај на сезона е, сите треба да стиснат заби и да изиграат ко што треба. Не може во финале на куп да излезеш и свесно да не го дадеш апсолутниот максимум само затоа што на клубот му е побитна позицијата во лига.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom