Фан Клуб: Челзи

B

Beginner

Гостин
Бакајоко и Дринквотер се уште играчи на Челзи :facepalm::facepalm:
Туку од Лофтус, Баркли, Ван Гинкел, и Галагер кого би играле следна сезона за ротација? Ништо чудно и ниту еден од нив да не е планиран :D
Автоматски споено мислење:

Плус не знам дали приметивте, ама ептен е брз. Против Лестер кога ја направија контрата кога Слимани на крај шутираше, ако видите пак, ќе видите колку брзо го претрча цел терен за да се врати :D

А добро е и што земаа доста млади играчи кои се уште имаат простор за напредок и ако останат подолго во клубов, ќе ни ги дадат своите најдобри години.

Кристенсен - 21
Рудигер - 24
Запакоста - 25
Бакајоко - 23
Мората - 24

Само Дринквотер што има 27, ама и он не дека е стар, него веќе мислам дека го има достигнато зенитот и не верувам дека нешто многу би се подобрил кај нас. Али се е можно, да почекаме да го видиме на терен :D
Не знам колку Бакајоко ги дал "најдобрите години" за Челзи ама гарантирам ни скрати некоја година од животот на сите фанови на Челзи :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Галагер е потенцијално играч за следна сезона. Но се појави муабет дека и тој и Марк Гуи (како и да се презива нашиот момак што гази две сезони во Свонси), може да завршат во Палас кај Лампард како позајмени.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348

Само еден играч може на позајмица во ПЛ клуб.

Подобро кај Лампард барем ќе добиваат 99% минутажа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Само еден играч може на позајмица во ПЛ клуб.

Да, ,,или" беше точното.

@Beginner Јас сум океј со тоа. Доколку се пласира Свонси во ПЛ, нема да ми пречи овој да остане со нив уште една сезона.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Многу е битно да успеат некако перманентно да се решат од вишокот. Лани се отиде по позајмици. Така целосно ќе се ослободат од платите, а и ќе се земе по некој милион. Ама тешко дека ќе попушти Марина со цените.
Баркли супер ја почна сезоната, да ја изиграше константно така, лесно ќе земеа 20+ милиони, ама се повреди и не заигра пак асално. Сега ќе треба или пак да оди на позајмица, или да го пуштат за околу 10.

Мислам дека 5-6 од младите што беа по позајмици ќе добијат шанса да се со тимот на припремите, па ќе се одлучи кој ќе останува, кој ќе оди пак.

За трансфери не ми се мисли пред финалето, ама за ептен јак напаѓач некако се намалуваат шансите, не знам кој би успеале да земат. Позади централен ако носат, според мене треба или некој како Варан/Маркињос, или да се даде шанса на Гуехи/Ампаду. Ако разгледуваат опции како Суле-Муле, нека не се замараат ич. Во средина претпоставувам се зависи од тоа која би била главната формација следна сезона.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Се согласувам. Поважно е да се исчистиме летово некако, ептен заглавивме лани.

Во однос на засилувања, не би можеле со сигурност да зборуваме бидејќи не знаеме каква формација ќе практикува Тухел следната сезона. Јас мислам, а и посакувам, да се вратиме со четворица во одбрана.

Без разлика, има позиции кои се нужни независно од изборот на тактика и формација на тренерот.
Централен дефанзивец (Варан никако, Маркињос бинго), играч од нападот што ќе продуцира (шпиц и/или крило) и играч од средина кој ќе донесе атлетика, ќе коси и ќе го зацврсти млакиот дел од тој терен.

Со продажба на вишокот и малку одврзано ќесе на Роман, тимот би бил неверојатен.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Ако не може да се земе шпиц, нема да е лошо да пробаат со Санчо, а на Хаверц да му се даде таа позиција следна сезона затоа што покажа доста потенцијал таму. Вернер заедно со нив во нападот. Некој како Рајс во пивот со Канте и Маунт пред нив како десетка :kafence:
 
Член од
18 јуни 2017
Мислења
387
Поени од реакции
265
Neka gi zema letovo Grealish i Lewandowski i mozi da zaokruzime 4 od 4
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Ако не може да се земе шпиц, нема да е лошо да пробаат со Санчо, а на Хаверц да му се даде таа позиција следна сезона затоа што покажа доста потенцијал таму. Вернер заедно со нив во нападот. Некој како Рајс во пивот со Канте и Маунт пред нив како десетка :kafence:
Некако Пулишич и Зиех се многу потенети играчи во фан клубовите на Челзи. Не знам зошто. Одма Санчо место Зиех и Вернер место Пулишич.
Се слагам со тебе за Деклан Рајс, дете на Челзи, многу добро ќе ја зацврсти средината, ама нема шанси да го земат за инат на Лампард.
Имаше стории од новинари блиски до Челзи дека голем удел од отказот на Лампард бил што напинал за Рајс и дека се искарал со Марина за него.
Исто имаше новинари кој кажаа дека за наредната сезона Тухел немало да бара играчи, туку ќе пробал да се прилагоди со 4 позади. Најверојатно ќе е нешто измеѓу 433 на Лампард и 4231 на Жозе. Ќе видиме.
Јас би сакал да го донесат Рајс и еден стабилен стопер како Tarkowski или Хернандез од Атлетико. Ама се зависи од тоа дали ќе фатиме ЛШ.
 
Не се отпишани во никој случај, ама еден играч од напаѓачка линија ќе биде донесен сигурно. Ако не е класична 9ка, ќе биде некој како Санчо. Во текот на сезоната нормално дека сите ќе ротираат и ќе играат и Пулишич, Зијех, Одои. За Зијех не би бил премногу изненаден дури и ако си отиде. Гледајќи ги сите негови интервјуа, впечатокот ми е дека се нема баш добро вклопено во групата и уште се дружи само со играчите од Ајакс. Не мора ништо да значи тоа и очекувам да остане ама ако му се отвори некоја шанса, не би рекол дека е невозможно.

За Рајс нема никакви муабети после Лампард, ама затоа пишав некој како него. Има сигурно други играчи со таков профил низ Европа. Предноста кај него е ПЛ искуството, а секако и фактот дека е фан на клубот и воопшто не ја крие желбата да се врати. Ќе видиме што ќе се случи.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Хаха јако, ако испадне реално :D

1621606966281.png

Ептен грд дрес кајнда, ама нема везе, ќе се продава повеќе ако победиме :D

Еве иначе што е финтата со дресот...

НЕМАМЕ ПОРАЗ ОВАА СЕЗОНА СО ДРЕСОТ! :D

Еве ги сите резултати со овој дрес.

ВБА: 3-3 (ни помогна за камбек! :D)
Њукасл: 2-0
Краснодар: 4-0
Севиља: 4-0
Порто: 2-0

Мечот со Севиља се играше..... ВО ПОРТО! Исто како и финалето! :D

Значи овој дрес го имаме носено во секоја фаза од ЛШ освен во полуфиналето.

Сите победи ни се без примен гол!

Браво, ај лајк ит ако испадне реално :D

...а ако не......и ако не освоиме титула.......ќе ги обвинам што не се решиле за третиов :/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom