Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Lampard bese lut kako riz na presot posle Arsenal. Neznam kako se vozdrza da ne kaze nesto sto ne treba.
Кажа. Одговорноста ја пренесе на играчите. Полошо од тоа во овие моменти, амин. И ете, му вратија вчера на фин начин.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Мило ми е што бил лут.

Тоа дека иднината на Лампард ќе зависи од тоа како ќе го склопи тимот после 200+ милиони инвестиции на сите ни беше јасно уште летото, ништо не е сменето. Сигурно не зависи од тоа колку нови млади играчи ќе промовира сезонава :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Тивкиот конфликт со Вернер. Тоа е тригерот. Замената Хадсон-Вернер. Не може кога сите се лоши, ти авторитет да вежбаш над еден од најдобрите твои фудбалери (не во моментов, секако). Идниот предводник на тимот. Особено не поради тоа што ти лично имаш раце ставено врз неговите слаби партии. Оние промашувања не можат да се оправдаат, не сум луд. Генерално земено.

Или па не може половина сезона да е помината, а ти му немаш најдено место во тимот на најскапото засилување летово. Заебано.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.786
Поени од реакции
67.102
Енигма ми е зошто не го игра Пулишиќ на лево крило, каде што дава најдобри партии, Вернер шпиц, и Хадсон-Одои на десно крило, се дур не му се оправи Зијех.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Тивкиот конфликт со Вернер. Тоа е тригерот. Замената Хадсон-Вернер. Не може кога сите се лоши, ти авторитет да вежбаш над еден од најдобрите твои фудбалери (не во моментов, секако). Идниот предводник на тимот. Особено не поради тоа што ти лично имаш раце ставено врз неговите слаби партии. Оние промашувања не можат да се оправдаат, не сум луд. Генерално земено.

Или па не може половина сезона да е помината, а ти му немаш најдено место во тимот на најскапото засилување летово. Заебано.
Како уствари дојде до заклучокот дека Вернер е карактер кој ќе биде незадоволен ако не му оди и ќе го криви тренерот, ќе влага во конфликти? Мене скроз различен впечаток ми има оставено човекот.

Енигма ми е зошто не го игра Пулишиќ на лево крило, каде што дава најдобри партии, Вернер шпиц, и Хадсон-Одои на десно крило, се дур не му се оправи Зијех.
И Одои до скоро беше повреден.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како уствари дојде до заклучокот дека Вернер е карактер кој ќе биде незадоволен ако не му оди и ќе го криви тренерот, ќе влага во конфликти? Мене скроз различен впечаток ми има оставено човекот.


И Одои до скоро беше повреден.
Не влегува Вернер во конфликти. Вернер е играч донесен да го заземе просторот кој го остави Хазард. Во секоја можна смисла. Не можеш ти таков третман да имаш со тој калибар. Не можеш Хазард да го играш шпиц. Третманот и селекцијата на терен раѓаат фрустрација. Ако мислиш дека Вернер е пресреќен поради фактот што повеќе од 10 меча нема постигнато гол, а знае и тој самиот кои се главните причини за тоа, океј. Нема потреба да тераме врвка.


@vidooq ќе се обидам да бидам краток. Лампард ти е некој ,,ад-хок" менаџер (измислен поим од мене во моментов, да не бараат по ,,Твитер" случајно). Или, на пример сега Дринковотер го ваѓа од нафталин за дуелот со Сити и го уфрла во прв тим. Овој игра добра партија и со самото тоа има обезбедено првотимски статус до следната лоша, помалку добра. Ова ти го кажувам чисто за да имаш предвид.

Е сега. Сезоната ја почнавме без Пулишиќ и Зијеш, додека Одои беше нецелосно заздравен и меч фит. Поради тоа Вернер во прво коло со Брајтон играше лево крило. И играше добро. И на тој натпревар и на следните неколку. На лево крило.
Потоа (разбирливо, нова лига, две интернационални паузи и настапи за Германија, евидентен физички и особено ментален замор) Вернер почна да се гаси. Лампард продолжи да го игра на неговата неприродна позиција, а овој не успеа да испорача. Напротив, таквиот избор силно му влијаеше на самодовербата (промашуваше незамисливо, формата, игрите. Во меѓувреме, додека трулеше Вернер по лева аут линија борејќи се со Чарли Тејлор и играјќи крилен бек, Абрахам на неговата позиција шпиц постигна неколку погодоци и нели, ја купи довербата на Лампард.

Затоа сега Вернер е на тапет (тешка колатералка всушност), а сите други се подобри од него и заслужуваат да играат. Бидејќи, не знам дали знаеш ама Лампард е еднакво на ,,мерит". Второто име му е меритократија. Секој според заслугите.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Најголемата грешка на Лампард е што продолжи да го форсира Вернер откако беше очигледно дека ептен му паѓа самодовербата. Мора да заштитиш (нови) играчи во таква ситуација и да не ги оставаш упорно на терен да тонат се подлабоко, без разлика колку треба да се јаки. Добро е што вчера го одмори, а потоа и го стави како напаѓач во игра. За среќа не ја направи истата грешка со Хаверц по неколкуте натпревари откако се опорави од корона и изгледаше лошо. Вчера со позитивен настап од клупа, делуваше доста поцврсто во физички дуели и реагираше брзо во ситуации кај што можеше да изгуби топка. Да се надеваме дека ќе продолжи сега така.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.786
Поени од реакции
67.102
И Одои до скоро беше повреден.
И даље не го разбирам моментот со повреден Зијех и Одои, да го игра Пулишич на десно крило, а Вернер на лево.

Едит, сега гледам што пишал @RATM
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
И даље не го разбирам моментот со повреден Зијех и Одои, да го игра Пулишич на десно крило, а Вернер на лево.

Едит, сега гледам што пишал @RATM
Епа да, ама кој би играл десно во тој случај?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.786
Поени од реакции
67.102
Епа да, ама кој би играл десно во тој случај?
Ja би го пробал Хаверц, на тој начин би имал 2 играча на природна позиција(Вернер и Пулишиќ) наспроти еден. Вака, никој не игра каде што треба. Ме потсеќа ова на Ван Гал, каде што на секој играч му се измислуваше по некоја нова хибридна позиција.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Ja би го пробал Хаверц, на тој начин би имал 2 играча на природна позиција(Вернер и Пулишиќ) наспроти еден. Вака, никој не игра каде што треба. Ме потсеќа ова на Ван Гал, каде што на секој играч му се измислуваше по некоја нова хибридна позиција.
Он беше единствена опција, ама па и он играше многу лошо откако се врати по корона и ептен се гледаше дека не е целосно фит, затоа и го седна на клупа последниве натпревари. Така ќе ризикуваше па и него скроз да му ја уништи самодовербата.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Se vide sto se sluci na Liveprul so Vila.

Nie ne primivme 7 gola.

Agbonlahor ne se vide.

Odlicni sme, nema prostor za panika.
Автоматски споено мислење:

Статистиката не ја прикажува реалната слика

1609304538388.png

Виљаш Боаш беше бољи, Грант не беше најбољи.

Другово, горе доле, реално, со таа разлика што Раниери ќе беше погоре да останеше ште некој асезона.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Две ситуации ми стојат во глава.

Првата кога Кристенсен глуми повреден и не станува додека Вила гради долг напад и по кој примаме гол.
По тоа колку долго го лечеше медицинскиот тим изгледа не стануваше за некоја сериозна повреда по која не би можел да продолжи.

Втората ситација е центаршутот на Одои при крајот кога Чивел фати волеј.
Океј опасен шут од Чивел шанса за гол не викам не, меѓутоа во ситуација кога можеш да пуштиш пас по земја и да упослиш напаѓач кој ќе биде на 2 метри од голот и ќе има отворен простор за шут или пак да пробај сам да завршиш акција бидејќи си на некои 6-7 метра од гол ти се решаваш на центаршут од една страна на шеснаесетник до друга при целосен бункер на противник.
Поентата на муабетот ми е сигурно Лампард му нема кажано абе не шутирај и не подавај по земја него секогаш гледај да нафрлаш.

Секоја акција ни завршува со центаршут, секоја акција ни е со концепција центаршут, сигурен сум дека Лампард не инсистира на тоа туку самите играчи одлучуваат така.
Лампард не е Ашли Кол или Чех, туку фудбалер што 13 години ја има држано средината и топката доле на земја што има шутирано надвор од 16- сетник. Да беше некој од двајцата што ги набројав претходно или пак Дрогба например ќе разберев да бара таква организиација на игра ама Лампард да не уме да организира напад и да постави играчи воедно и да мотивира а 13 сезони успешно сето тоа да го прави во Челзи
како играч НЕ.
А пак поготово што лани Челзи со далеку послаби играчи играше па едно 10 пати подобро, поорганизирано и поатрактивно.


Тоа што Лампард беше лут со Арсенал и им ја препушти кривицата на играчите 100% го подржувам и треба така и заслужуваат така.
Не може ти во дерби утакмица да си џогираш на терен до 80 мин, без разлика со кој тим и во каква форма е Арсенал сепак е Арсенал.
Вернер излезе затоа што заслужи да излезе од игра. Нема потреба да го држи во игра кога не одигра ништо. Додека Одои внесе малку свежина и направи некој продор од десно ете и успеја да асистира.
Ама пак ќе кажам Одои има страшно многу талент во нозете меѓутоа исто така страшно нема осет за фудбал и визија за игра, а е во тимот веќе 3+ сезони. И несакам да прочитам дека Одои нема добиено шанса во Челзи како што беше пр. Салах или Лукаку.


Друго нешто што ми смета барем тука од нас членовите е тоа што се критикува се и сешто.
Еве конкретно ќе го земам примерот за замените од Арсенал до сега. Беше критикуван дека Вернер игра крило и зошто баш замените беа Кова-Жоржињо и Оди - Вернер а не например некој по офазивен фудбалер, еве баш сега со Вила, Френк направи замени кои беа по мера на фан клубов. Вернер на шпиц, Хаверц во игра (офанзивен фудбалер) плус две крила во игра. Ама пак Челзи не промени ништо драстично во игра.
Ама еве никој не напиша дека Френк направи добри замени ниту пак спомна.

Години наназад зборевме за тоа дека во Челзи има привелигирани играчи од тренери и дека кога некој фудбалер не игра добро не му оди не е во форма упорно се форсира и баравме обратно баравме свежина баравме млади наши фудбалери сега кога тоа го имаме пак хејтаме. Не може да ни се угоди...


Вернер не игра, Хаверц не игра, Ковачич не игра и тоа они прават потези што се обични фудбалски работи како водење на топка прием пас. Не е тука крив Френк што Вернер промашува зицер од 2 метри и Хаверц нема снага и брзина за левел на премиер лига.
Не е тоа поради тоа што играат вон позиција, да не се лажеме. И како такви подобро е да седат на клупа а да се даде шанса на друг фудбалер. Тоа го баравме години наназад од менаџерите.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ќе ми објасни ли некој зашто е Лампард још увек трењер а не Алегри?

Доста е веќе со Италијани, да одмориме некое време. Алегри е добар тренер, ама никако не е за овој Челзи. Кој би орал за него, Хаверц? :ROFLMAO:

Лошото е што и дури да не се опоравиме во продолжението, не гледам опција за сред сезона која би ги средила работите и долгорочно би била добра за клупата.
Ептен зафркната ситуација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom