Како уствари дојде до заклучокот дека Вернер е карактер кој ќе биде незадоволен ако не му оди и ќе го криви тренерот, ќе влага во конфликти? Мене скроз различен впечаток ми има оставено човекот.
И Одои до скоро беше повреден.
Не влегува Вернер во конфликти. Вернер е играч донесен да го заземе просторот кој го остави Хазард. Во секоја можна смисла. Не можеш ти таков третман да имаш со тој калибар. Не можеш Хазард да го играш шпиц. Третманот и селекцијата на терен раѓаат фрустрација. Ако мислиш дека Вернер е пресреќен поради фактот што повеќе од 10 меча нема постигнато гол, а знае и тој самиот кои се главните причини за тоа, океј. Нема потреба да тераме врвка.
@vidooq ќе се обидам да бидам краток. Лампард ти е некој ,,ад-хок" менаџер (измислен поим од мене во моментов, да не бараат по ,,Твитер" случајно). Или, на пример сега Дринковотер го ваѓа од нафталин за дуелот со Сити и го уфрла во прв тим. Овој игра добра партија и со самото тоа има обезбедено првотимски статус до следната лоша, помалку добра. Ова ти го кажувам чисто за да имаш предвид.
Е сега. Сезоната ја почнавме без Пулишиќ и Зијеш, додека Одои беше нецелосно заздравен и меч фит. Поради тоа Вернер во прво коло со Брајтон играше лево крило. И играше добро. И на тој натпревар и на следните неколку. На лево крило.
Потоа (разбирливо, нова лига, две интернационални паузи и настапи за Германија, евидентен физички и особено ментален замор) Вернер почна да се гаси. Лампард продолжи да го игра на неговата неприродна позиција, а овој не успеа да испорача. Напротив, таквиот избор силно му влијаеше на самодовербата (промашуваше незамисливо, формата, игрите. Во меѓувреме, додека трулеше Вернер по лева аут линија борејќи се со Чарли Тејлор и играјќи крилен бек, Абрахам на неговата позиција шпиц постигна неколку погодоци и нели, ја купи довербата на Лампард.
Затоа сега Вернер е на тапет (тешка колатералка всушност), а сите други се подобри од него и заслужуваат да играат. Бидејќи, не знам дали знаеш ама Лампард е еднакво на ,,мерит". Второто име му е меритократија. Секој според заслугите.