Чилвел имаше интервју пред ден-два, чувствувале од Челзи дека биле непобедливи.
.
.
.
Добро е, во 67-ма минута прва замена. Бидејќи игравме одлично дотогаш па малку да освежиме.
Добро е, го испочитувавме Карло, да се врати во живот. Евертон во последните 11 кола (односно освен во прво коло против Тотенхем), има примено по барем еден гол на секој натпревар во ПЛ.
Добро е, највеќе допири со топка на дуелов имаа стоперите, а најкреативен фудбалер беше десниот бек.
Во случај да го испуштил мртвилово некој вечерва, доволно е само ова да го знае.
Не изгледа ова добро, не изгледа ова ни приближно од очекувањата. Жал ми е. Отприлика како игрите на Ковачиќ. Една врвна, три просечни. Континуитет никаков.
Џејмс и Канте морам да ги тргнам настрана, останатите дебакл.