Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Добар е Вилијан за на клупа, за ротација.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Канте и Вилиан се во тимот утре. Ќе процени Лампард дали се доволно фит за од старт. Може многу да помогне нивното искуство, се надевам дека бар еден ќе биде стартер.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Добро функционираа до жолтиот на Ковачиќ. Непотребното чување на топката и фаулот после тоа, ја поремети целата игра.

Артета откако е дојден игра на идентичен начин во дерби мечеви. Така ја истера и во ФА Купот. И Лампард му дава шанса да го изигра повторно истото во финалево. Водиме од петта минута, што мајка бараме високо да излегуваме и да им оставаме простор со топките во празно да создаваат шанси/изнудат пенали во случајов?

Ако Канте е подготвен, мора да влезе.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Не гледам како не би изгубиле ако не се смени формација и приступ на игру, бушив не по стране, тотално не доминирасва на средину, имасмо среќу што заврши нерешено.

А сга и Капетан Америка повреден у пм!!!!:boksix:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Лампард треба да увиди дека упаѓа во стапицата на Манчестер Јунајтед од првите три натпревари оваа сезона, + лигушката школа на Пеп Гвардиола за глумење прикажана преку Артета + бедникот Ентони Тејлор кој низ годините има заслужено еден квалитетен Тон Хенинг Овребо третман = сериозен проблем во овој натпревар.
Време е да се покаже што ков од тренер/менаџер е.
Автоматски споено мислење:

Челзи во последните 5 години има повеќе мускулни повреди кај играчите отколку 15 години пред тоа вкупно, проблемот им е многу повеќе од малер.
 
Последно уредено:
H

HoT _iCe

Гостин
Нема више што да се збори, не знам што се чека за измене, апсолутно смо надиграни, убиени у поим као кој курац бајо чекаш да смениш игру.
Решена е овај, Арсенал е добар ама и Лампард и компанија сами се тепава, знаесва што да очекуев.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Антони факинг Тејлор. Штета што не доживеа поекстремна судбина од Андерс Фриск и Том Хенинг Овребо заедно кога имаше атмосфера за тоа.

Сепак тоа не го иззема Лампард од главната одговорност за ваков дебакл. И покрај шизофреничари како Рудигер и Зума во тимот, требаше да најде начин да се подготви за вакво судење и глумење.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.914
Поени од реакции
84.321
Е па дечки заврши и една крајно чудна сезона.
После се што се случуваше време е и да се направи некоја кратка анализа/рецензија.

Штета за поразов во финалето, можевме да завршиме со титула, многу работи беа наместени за да имаме таква шанса, ама јбг, толку ни е квалитетот.

Сепак, овој меч перфектно опишува се што се случува во клубот. Моменти на брилијантност засенети од голем период на просечност и длабока потпросечност.

Ова што го гледаме овие години е резултат на ОЧАЈНО водење на клубот некаде уште при старт на декадава, така да воопшто не треба да биде изненаден секој што се разбира од фудбал, навива за Челзи и го следи клубов подолго време (освен ако не сте Донев, нели, кој ни на крај памет во 2014 не очекуваше дека ќе дојде време кога Челзи ќе игра ЛЕ 2 пати во три сезони)

Ова денеска беше фер резултат. Заслужена победа за Арсенал.

Гледам некои по интернетов се водат од "igrali smo dobro ali zajebo nas sudija" муабет, ама тоа е лесно да се направи за да не се покаже со прсткон Челзи.

Оба и Лака се за класа подобри од нашите дефанзивци.

Нашиот напад е малце подобар од нивната одбрана.

И тука е резултатот.

Оваа сезона започнавме надреално добро, нешто што никој не го очекуваше.

После првите пар месеци на меден месец ефект со Лампард дојде реалноста и не мавна како вреќа со цигли. Јебига, реалност, најчесто така и удира.

Тимов има надреално многу дупки и проблеми. На повеќе т.е. да нне речам на сите точки.

Нема да навлагам многу во овие работи, не сум платен за тоа нити моето паламудење ќе реши нешто.

Пред сезоанва очекував дека сезонава ќе бидеме најверојатно на петото место, со шанса да бидеме четврти ако некои од конкурентите заебат работа. Тотенхем беше екипата што надреално се посра, Јунајтед почнаа ептен лошо и ние тука ја искористивме шансата за да играме ЛШ догодина.

Во ЛШ имавме ептен среќа со добра група. И дури и во таква група завршивме втори. Очекувајте следна сезона влезот во 1/8 финале да биде уште потежок за остварување (се разбира, освен ако повторно немаме среќа)

Во една ваква сезона влезот во топ 4 е успех. До некаде.

Разочарува се што гледавме од ноември-декември наваму, а тоа во ниту еден момент не беше прекинато со период на 4+ мечеви што би ми дале некаква надеж.

Со оглед на тоа што догодина конкурентите ќе бидат поозбилни, мислам дека веќе не смееме да се вадиме на "toa e, jbg" менталитетот и дека неуспех да се влезе во топ4 на крај на сезоната треба да резултира со МАСИВНИ ПРОМЕНИ ОД ГОРЕ ДО ДОЛЕ. Ама масивни.

Секако, ова нема да се случи, бидејќи како што споменав горе, џабе паламудам.

Иако е горчлив вкусот на поразот во финале каде што си имал сосема добра шанса за титула, сепак разумноста мора да победи и да дојдеме до одговорот дека оваа сезона буквално се одвиваше така како што очекувавме да се одвива.

Ама буквално. Од "ete, ako mozeme daleku vo FA kup dobro, liga kupot ne bi trebalo epten da se zamarame, 1/8 finale vo LSh valjda, i za top 4 ke ni treba sreka i do kraj ke se borime" буквално се испадна како што очекувавме, така да не можеме да бидеме изнендени нити разочарани од целината на оваа сезона.

Имаме солидни засилувања за следната сезона, ама тоа се засилувања што не можат сами ништо да направат се додека одбраната е толку очајна да спречи било што, што во секој момент очекувам Кристенсен и Зоума на прес да кажат Teovel Emenge.

Премногу играчи треба да се купат. Ама премногу. 6+ трансфери и тоа солидни ни требаат.

3-4 во одбрана 2-3ца во средина и крила.

Дури тогаш би имале солиден тим и на клупа и на терен.

Секако, не очекувам ништо посебно, освен ако Хаверц не се претвори во Џон Тери откако ќе го донесеме. А нема. Пошто не е дефанзивец. И пошто науката се уште не е толку напредната за луѓето да се претвараат во други луѓе.

Стварно е жално за Пулишиќ :( Огромен потенцијал што за 10 години од сега ќе биде чест во статии од типот на "Кристијан Пулишиќ - Што ако немаше повреди?"

Тотално очекувам да излезе сега информација дека до декември нема да се врати на терените, таква му е "среќата"

Ај играчи има ептен низ светов, да речеме ќе продадеш еден и ќе земеш друг играч, ама Лампард како лидер на екипава ќе мора ептен да take things to the next level како тренер. Неколку киксови во оваа сезона одат на негова сметка.

Искрено очекувам слична сезона на оваа и не верувам дека магично ќе се претвориме во подобра екипа следната сезона. Барем според тоа како стои ситуацијата, кој знае, можеби ќе ме изненадат и ќе купат дузина на нови квалитетни играчи.

Се читаме во следната сезона и да се надеваме на многу причини за јадење гомна. Па макар и негативни :D

:pijani:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom