Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.574
Поени од реакции
52.386
Знам дека ќе речете ете го Ван Дајк, а јас повторно ќе ви речам дека Ван Дајк не дојде како класа играч во Ливерпул и не беше капарисан како човек што веднаш ќе ја трансформира одбраната и играта на Ливерпул.
Тој беше многу добар дефанзивец од мид-тејбл тим во Англија, со потенцијал да биде она што е денес.
@Peja989 се согласуваш со пишаното?

Јас не мислам вака, а и цената негова кажува друга приказна. Беше купен баш за да направи инстантен импакт. Можеби не колку што направи, никој не очекуваше до толку мислам. Ама никако не беше играч само со потенцијал да направи нешто.



Еве, кажете ми кој е тој играч по ваша мерка, класа, готов, што Челзи може да го ангажира и да има неверојатен импакт? Реален, достапен. Еве, само еден.
Не ми текнува мене на таков. Затоа и пишав дека ако го нема, подобро ич да не се носи наместо да се дадат 50 милиони на некој со кој најверојатно ќе ги имаме истите проблеми, па следна година пак да бараме нов.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ван Дајк беше класа во Сотон, само по денешниве стандарди и параметри од типот секој што ќе даде два гола го нарекуваме играчиште, а секој после две послаби партии флоп.
Цената беше таква затоа што и Конте и Пеп гризеа за него, а Сотон знаеше дека постојат загорени екипи за негови услуги што кубурат на позиција централен бек. :)

Ливерпул го направи Ван Дајк класа, поточно Клоп. Истото важи и за Мане и Салах. Мане да не беше класа во Сотон? Не мислам така. Мане беше многу добро крило што бараше некој квалитетен тренер да работи со и на него.

Хаверц е класа во моментов, според прикажаното во Леверкузен? :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
@Peja989 се согласуваш со пишаното?
Апсолутно не. Најјак дефанзивец во лига и нашата одбрана од смешка ја донесе на ниво и стигнавме до ЛШ.

Доминатор беше и во Сотон, викаат дека бил и во Селтик ама таму го немам гледано.

ВВД беше купен за да има инстант импакт. Ако купуваш од (условно кажано) мал клуб, не значи дека не купуваш класа.

Ние Суарез го земавме од Холанцка па класата му се виде уште првата полусезона (не даде мн голови, веќе од август експлодираше).
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Во овој занес и од оваа временска дистанца, баш очекував дека фан на Ливерпул ќе го пише спротивното. Многу сум изненаден од мислењето на луѓе кои Ван Дајк го направија најдобар дефанзивец во историјата.

* не ти лично, ама ти си дел од фан-базата која дели такво мислење.

Додуша, ајде да дефинираме што е прво класа, па тогаш да дискутираме. Денес, секој со една добра сезона е класа играч. Денес играчи со едно добро полувреме се нарекуваат класа и играчишта.

Тоа што го играше Ван Дајк во Сотон, сезониве го играше Аке во Борнмут. Дали Аке е класа? Не. Дали Аке може да биде класа? Да. Дали Аке беше многу добар играч во не толку добра средина? Исто така да.

До утре можеме да се залажуваме, односно да се залажувате дека Ван Дајк беше купен како класа играч (чисто за илустрација, класа беше Тери во Челзи, Карваљо во Челзи, а не во Порто, Рамос во Реал, а не во Севиља, Видиќ во Јунајтед, а не во Спартак Москва).

Не мора да ме цитирате, да не ви губам време. Знам однапред што ќе одговорите.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Многу сум изненаден од мислењето на луѓе кои Ван Дајк го направија најдобар дефанзивец во историјата.

* не ти лично, ама ти си дел од фан-базата која дели такво мислење.
Извини од мене, во име на цела фан база? :confused:

Тоа што го играше Ван Дајк во Сотон, сезониве го играше Аке во Борнмут.
Апсолутно не и нема потреба од ваков блам.

Не мора да ме цитирате, да не ви губам време. Знам однапред што ќе одговорите.
Не знам зошто воопшто почнуваш дискусија кога најчесто вака ги завршуваш, најсериозно.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.629
Поени од реакции
62.831
И ја го делам мислењето дека купија добар играч од Саутемптон, кој прерасна во класа играч.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Извини од мене, во име на цела фан база? :confused:


Апсолутно не и нема потреба од ваков блам.


Не знам зошто воопшто почнуваш дискусија кога најчесто вака ги завршуваш, најсериозно.
Јас не започнав дискусија со тебе. Тебе некој друг те вметна во неа. Затоа и така завршувам.

Ма да, ова не е бегање од неа, образложив и сега и претходно зошто го мислам тоа.
Ти си склон на тупаџиство и секогаш сакаш да ја имаш ,,последната". Без разлика како таа изгледа и звучи. Овојпат тоа задоволство не би ти го приредил.

Ете, објаснувај се со објективните зналци како тебе и кажи им дека Ван Дајк во Сотон бил класа.
Побогу. :pos:
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.574
Поени од реакции
52.386
Не мора да одиме со зборот класа, ама Ван Дајк уште во Сотон дефинитивно беше еден од најдобрите дефанзивци во лига (ме мрзи сега да мислам и барам кои други играа на ниво тој период, ама ете да не биде најдобар). Купен беше за инстантен импакт, знаејќи точно што носи и како ќе го подобри тимот. Е сега, нормално дека секој квалитетен играч има простор за напредок, а овој испадна дека многу напредуваше откако го направи трансферот. Но, Ван Дајк да останеше скроз истиот играч од Сотон сите овие години во Ливерпул, пак ќе беше најдобар или ајде меѓу најдобрите дефанзивци во лига и пак ќе го издигнеше нивото на тимот, пак ќе имаше голем импакт.

Мојот проблем е што во Челзи имаме еве да речам солидни дефанзивци во Зума, Томори, Рудигер (според мене). Сите тројца можат да бидат многу подобри играчи доколку до себе имаат јак, авторитетен дефанзивец кој ќе им го крене нивото. И баш затоа цело време го зборам тоа. Ако сакаме да видиме напредок одма, мора нешто на значително подобро ниво да се донесе. Стави го Аке до ВВД или до Лапорд и ќе биде класа играч, ќе се надополнува со другиот. Стави го до Рудигер и ќе видиш што ќе се случи, истото што го гледаме и сега.

Прееска заборавив и да дополнам, не е проблем еве и да се земе играч кој не е готов продукт, и кој ќе го чекаме уште некое време за да прерасне во класа во Челзи додека ги добиваме натпреварите 4-3 со нападот кој го склопуваат. Ама тоа да е играч за кој се сигурни (колку што може де, нормално дека никогаш не може да си целосно сигурен) дека ќе се развива рапидно и ќе биде дефанзивецот што е потребен. Доколку Аке беше тоа, веќе ќе играше во Челзи. Рајс исто ми делува како да е опција за која си викаат абе може ќе го биде примарно како дефанзивец. За тој од Франција кој и да беше, не ни верувам дека има некој вистински интерес од Челзи, само се користи за да му извадат повеќе пари.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ако не одиме со зборот ,,класа", тогаш многу поблиску сум до твоето мислење отколку претходно. И обратно. Не за џабе нагласував.

Важно да потегнеме линија. Од првиот пост денес и првиот пост воопшто на таа тема, се обидувам да го направам тоа. Класа е скокотлив поим и треба да внимаваме со него.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.574
Поени од реакции
52.386
Ако не одиме со зборот ,,класа", тогаш многу поблиску сум до твоето мислење отколку претходно. И обратно. Не за џабе нагласував.

Важно да потегнеме линија. Од првиот пост денес и првиот пост воопшто на таа тема, се обидувам да го направам тоа. Класа е скокотлив поим и треба да внимаваме со него.
Епа проблемот е што на сите зборот класа може да ни има различно значење. Дури и да е минимална разликата, пак е битна тука.

Тие се трите опции според мене. Купи веќе докажан, квалитетен дефанзивец, купи добар дефанзивец за кој си убеден дека ќе има голем прогрес уште во првата сезона, или не купувај никој за да не фрлиш пари за џабе па надевај се дека наредна сезона ќе има достапни играчи на таа позиција.

Иначе сега додека пишував ми текна на една можна опција. Алаба. Нели го играа него и како централен еден период. Не сум гледал како играл на таа позиција, ама ако се покажал добро, би можел да е добра опција. Искусен, квалитетен, со една година од договорот, и веќе потврдено дека е отворен на промена на клуб.

Додека пишував за Алаба еве и уште една мисла. Ампаду. Импресионираше во Челзи кај и да играше. На позајмица сезонава не баш, ама го знаеме талентот кој го има. Во ЛШ против Тотенхем изигра одлично како централен. Доколку му се даде вистинска шанса, зар не би можел брзо да стигне до нивото на Рајс за кој и требало да дадат 50+ милиони. Ова за ако веќе не се носи некој за инстантен импакт.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.574
Поени од реакции
52.386
Гилмур повреден до крај на сезона...
Демек најпокриени во средина, ама мислам цела сезона се нема случено сите да се достапни.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.629
Поени од реакции
62.831
Не мора да одиме со зборот класа, ама Ван Дајк уште во Сотон дефинитивно беше еден од најдобрите дефанзивци во лига (ме мрзи сега да мислам и барам кои други играа на ниво тој период, ама ете да не биде најдобар). Купен беше за инстантен импакт, знаејќи точно што носи и како ќе го подобри тимот. Е сега, нормално дека секој квалитетен играч има простор за напредок, а овој испадна дека многу напредуваше откако го направи трансферот.
Toa и беше поентата на разговорот. Ми текнува на една изјава на Гери Невил кога се направи трансферот, дека се многу пари за добар играч што беше точно во тоа време. Ретко кој се надеваше дека овој ке прерасне во тоа што е денес, па сумата изгледа како џабе. Не знам што е тешко да се признае ова.

Човекот си делеше уште во Селтик, и тоа што читав на времето за него, секаде само добри работи се спомнуваа. Дури и пишав неколку пати кај нас во клуб дека го следат нашиве, пред да потпише за Саутемптон.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.958
Поени од реакции
1.928
Јас под инстант успех подразбирам играч кој ќе ќе донесе стабилност на одбраната, веднаш без период на адаптација. Како што беше случај (во контекст на муабетот) со Мата во Челзи, со Бруно во Манчестер или Ван Дајк во Ливерпул.
Играч кој ќе направи разлика на теренот, самото присуство на играчот ги прави другите подобри.
Светска класа на играч?!
Секој го доживува различно, некој веќе Халанд го доживува како светска класа исто како например Левандовски, иако првиот игра 5 месеци квалитетен фудбал.

Саутемптонски Ван Дајк светска класа?
Хм... Најубав пример би бил Лејтон Бејнс неколку сезони наназад кога беше млад.
Дали Лејтон Бејнс беше светска класа на бек, од калибарот на Марсело, дали Бејнс играше исти фудбал по тежина како Марсело на пример?

Еве сличен фудбалер е Ромањоли од Милан со Саутемптонски Ван Дајк.
Тогашниот Саутемптон имаше слично место на табела и ситуација со тимот како сега Милан.
Дали на пример Ромањоли би го решил проблемот на Челзи како што Ван Дајк го реши на Ливерпул.
Или пак повеќе шанси има со Рамос?




Добар напиша Донев со Ампаду и овој талент од Вест Хем (му го заборавив името).
По мене не треба да се брза со штопер и да се купува по секоја цена.
Проблем во Челзи е што нема уиграност и константност во одбраната. Еден период ќе игра Томори без грешка па после тоа ќе го фати криза, па после Рудигер ќе биде во иста ситуација па Зума и така во круг.
Еве го Зума покажа добри партии после рестартов, Рудигер ако му ја минусираме таа со Вест Хем имаше исто добри партии.
Поголем проблем по мене е лев бек.


Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom