Фан Клуб: Челзи

B

Beginner

Гостин
Pod itno neka kupat 2ca stoperi ako treba i 100milionski neka se. Kristensen ne sakam pak da go vidam vo odbrana.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Која мрза е Абрахам. Не знам зошто форсираат 90 милиони за некој напаѓач кога клубот нема лев бек и има голман кој не знае да ги користи рацете. Требаат засилувања во одбраната.

Вилиан- Жиру- Пулисич е моментално најдобрата комбинација во нападот.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Уфффффффффффф, битно три бода плус.

Кој напаѓач?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Уфффффффффффф, битно три бода плус.

Кој напаѓач?
Средината и нападот се супер, одбраната кисне. Хавец 70-90 мил! Игра на иста позиција како и Маунт. Подобро нега ги купат Аке плус Чилвел, и потоа нека ја решаваат позицијата голман. Кепа е лоша форма.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пулишиќ и Вилиан изгледаат како најдобри поединци во продолжението, но мора тука да се спомене и Маунт.
Конечно на вистинската позиција. Малку доцна го увиде Лампард тоа, ама Маунт не е крило, ниту пак инсајд форвард. Маунт е офанзивен средњак и како таков треба да се третира. Тоа што недостасуваше поради отсуството на Кова, денес го надополни тој.

Од други позитивности, вреди да се издвои смут асистенцијата на Лофтус, мислам дека добро ќе биде за неговата самодоверба. Само мора дефанзивно да работи повеќе. Паметам дека и Мурињо јавно го критикуваше за ова. Во денешен фудбал особено, есенцијално е да играш во два правци. Не можеш да џогираш и да се активираш само кога тимот ти напаѓа.

Гилмур многу коректен. Ми се допаѓа тоа што не се плаши и што изминатите два ,,тенки" настапи не го поколебаа и ментално не го блокираа, земајќи ги предвид неговите години. Во второ полувреме во неколку наврати дефанзивно реагираше навремено и пресече добри акции на Палас.

Зума. Зума всушност е дефанзивец и знае што значи игра во одбрана. Каков-таков, подобар од Кристенсен, а и Рудигер во моментов, без сомнение. На граница на продавање во сечии планови и проекции на фановите, поради неконстантноста, честопати престрого. Јас сум велел, во најлош случај Зума нека остане во тимот. За во прв тим, ќе видиме.
Зума ветуваше многу, повредата му ја успори значително кариерата, но Зума имаше/има потенцијал. Со подобар партнер би можел да биде многу добар за нас.

Победа на ,,Брамал Лејн" и подоцна со Норич, практично ни обезбедува следна сезона место во ЛШ. Да ги збиеме редовите сега, мора.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Реков јас незгодни се Палас

Цел тим да го части пиво Зума, спаси утакмица. Врвни две партии од него до сега.
Супер интересен фудбал играме, комотно можевме да водиме 5:2 ама на крајот можевме и 3:3.
Фали менталитет во тимот, ако не примиме гол од корна ќе примиме од слободен ако не од слободен ќе биде ракета од далечина.
И како по некој си рецепт противникот мора да има 100 постотна шанса по наша вина од 80 до крајот.
Кристенсен е многу слаб во читање игра а и при прекини. Баш ме интересира колкав процент има на воздушни дуели кои ги има добиено?

Жоржињо влезе во игра и натпреварот доби поинаков тек, по сигурна игра.
Не дека Гилмур одигра лошо, ама се осети драстична разлика со Жоржињо.

Генерално горе доле сите одиграа добро, се гледа желба за игра кај сите и младите и поискусните што е најбитно, трчаат има залагање.
Сезонава без разлика кое место ќе завршиме јас сум задоволен од сработеното на Лампард. Имаше осцилации во форма, индивидуални грешки
глупи киксови ама квалитетот на тимот е тој, максимумот е тој. Фали квалитет е сега мора некој да си оди за да дојде.
Ако се реши за излез на Жоржињо, Вилиан, Баркли немам против, ако пак они остануваат некој мора од младите да оди на позајмица.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Пулишич ме импресионира се повеќе. Буквално во секој аспект има напреднато, а има и уште доста простор за напредок. Само 21 година има. Мислев дека трансферот е примарно направен за маркетинг цели, ама дефинитивно имаме играч кој може да прерасне во нешто посебно.

Мило ми е за Тами што даде гол после подолго време. Може тоа многу да му помогне за самодоверба. И нормално, за асистенцијата од Лофтус. Со секое влагање во игра ми изгледа се подобро, а тоа премногу ме радува. Нека се чува од повреди и мислам дека повторно ќе го видиме најдоброто од него.

Следна против Шефилд кои не се веќе тоа што беа на почеток на сезона. Нека стиснат заби и нека извадат и таму три бода на било каков начин, па после може полесно да се диши.

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Подобро ќе беше барем 1 стопер да купат за средина и напад добри сме дури и да се повреди некој имаме замена.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk

Има муабет од Франција дека анонимен англиски клуб понудил повеќе пари за Габриел Магалаеш од Лил и дека Евертон, кој досега важеше за фаворит за неговиот потпис, може да извиси. А зимава Бразилецов се поврзуваше со Челзи, па може токму тој да е стоперот.

А и да не е, има време, сабур. :)
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Подобро ќе беше барем 1 стопер да купат за средина и напад добри сме дури и да се повреди некој имаме замена.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Ама ако го земат Хаверц, нема тоа да е последниот трансфер за летово. Ќе се оди и на лев бек, стопер ако има достапен, а можеби и голман.

И јас на почетокот не бев за толку пари да се дадат на Хаверц, ама најмногу затоа што го немав гледано. И сега само 2-3 натпревари изгледав откако се врати. Ама сите што го имаат доста гледано и што пратат германско викаат дека е феноменален талент, дека ако веќе не е, дефинитивно ќе биде еден од најдобрите играчи од следнава генерација. Доколку имаш шанса да земеш таков играч како што Челзи има летово, не смееш да ја пропуштиш.

Е сега за дефанзивец, јас го немам сменето ставот дека освен ако е некој кој инстантно би ја подобрил одбраната, подобро да не се даваат пари на било кој. Јас уствари иако се согласувам дека ете може моменталниве немаат доволно квалитет за Челзи, мислам дека индивидуалниот квалитет не е главен проблем на одбраната, колку што е колективната поставеност и уиграност. Не само на одбраната. Многу често проблемот е што има огромна дупка помеѓу одбраната и средината, па одбраната останува изолирана најчесто и противниците лесно стигаат до шанси за гол.
Не е трагедија ова и секако имаат време Лампард и Морис да го поправат тој аспект, а секако можат и да земат уште еден тренер кој ќе се фокусира само на дефанзива.
Но баш поради ова мислам дека доколку не се смени, џабе ќе биде нов дефанзивец, освен ако е класа. Затоа што истите голови би ги примале.

Chelsea players took a day off yesterday but Callum Hudson-Odoi carried on his own fitness training. Lampard is keen to get his match fitness back up and playing again. (y)
 
B

Beginner

Гостин
Ама ако го земат Хаверц, нема тоа да е последниот трансфер за летово. Ќе се оди и на лев бек, стопер ако има достапен, а можеби и голман.

И јас на почетокот не бев за толку пари да се дадат на Хаверц, ама најмногу затоа што го немав гледано. И сега само 2-3 натпревари изгледав откако се врати. Ама сите што го имаат доста гледано и што пратат германско викаат дека е феноменален талент, дека ако веќе не е, дефинитивно ќе биде еден од најдобрите играчи од следнава генерација. Доколку имаш шанса да земеш таков играч како што Челзи има летово, не смееш да ја пропуштиш.

Е сега за дефанзивец, јас го немам сменето ставот дека освен ако е некој кој инстантно би ја подобрил одбраната, подобро да не се даваат пари на било кој. Јас уствари иако се согласувам дека ете може моменталниве немаат доволно квалитет за Челзи, мислам дека индивидуалниот квалитет не е главен проблем на одбраната, колку што е колективната поставеност и уиграност. Не само на одбраната. Многу често проблемот е што има огромна дупка помеѓу одбраната и средината, па одбраната останува изолирана најчесто и противниците лесно стигаат до шанси за гол.
Не е трагедија ова и секако имаат време Лампард и Морис да го поправат тој аспект, а секако можат и да земат уште еден тренер кој ќе се фокусира само на дефанзива.
Но баш поради ова мислам дека доколку не се смени, џабе ќе биде нов дефанзивец, освен ако е класа. Затоа што истите голови би ги примале.
Ако можат Хаверц и стопер тоа би било супер. За одбраната само Зума најстабилен изгледа останатите лошо. Ако се повреди Зума незнам кој ќе игра тогаш затоа е потребен најмалку 1 стопер за следната сезона и во случај на повреда да има замена. За средината многу е подруго со Канте и Жорж назад. За првиот гол од К. П. Баркли позади буквално си одеше накај него.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Многу пати сме пишувале Хавертц.
Типот е универзалка, на секој дел од теренот се снаоѓа добро а таков играч ако е достапен мора да се купи. Плус е млад има простор за напредок.
Не сакам да напишам нешто погрешно за Баркли, напротив после рестартов игра одлично ама ајде да го играме еден натпревар крило, друг напаѓач, трет во средина или пак Одои на пример.
Какви перформанси ќе добиеме?

И јас сум за штопер да се донесе само ако добиеме инстант квалитет како што доби Ливерпул со Ван Дајк.
Деликатна ситација е во Челзи со одбраната, каде што сите 4-ворица штопери ни се склони на променлива форма.
Некој си рандум играч од Француска лига или Шпанска кој ќе го платиме 50 мил нема да ни донесе ништо ново.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Абе како може инстант квалитет некој да донесе, мислам, кој е тој профил на играч, играч, што го носи со себе тоа на денешниов пазар?

Знам дека ќе речете ете го Ван Дајк, а јас повторно ќе ви речам дека Ван Дајк не дојде како класа играч во Ливерпул и не беше капарисан како човек што веднаш ќе ја трансформира одбраната и играта на Ливерпул.
Тој беше многу добар дефанзивец од мид-тејбл тим во Англија, со потенцијал да биде она што е денес.
Има такви во моментов и во Премиер Лига и по светот, ама таквите не ви се доволно добри.

Еве, кажете ми кој е тој играч по ваша мерка, класа, готов, што Челзи може да го ангажира и да има неверојатен импакт? Реален, достапен. Еве, само еден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom