Фан Клуб: Челзи

B

Beginner

Гостин
4 победи по ред штета Ајакс ке ни ја расипат низата :D Њукасал треба да е лесна победа.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Добри сме :D
Многу радува тоа што би требало тимов да може само да се подобрува. Ако Лофтус се врати во старата форма, тоа не издига на ниво погоре. Плус Одои и Џејмс треба да се разиграат, а тука се и Пулишич и Мичи кои еве покажаа дека можат да допринесат.

Маунт и Абрахам продолжуваат да играат добро. Осум голови по осум кола за Тами, ако успее да продолжи вака цела сезона, би можел до 20ка да стигне. Маунт ептен корисен играч, баш ме интересира како ќе биде кога ќе се врати Лофтус затоа што очигледно на Лампард му е едно од првите имиња во тимот.

Жоржињо од најхејтан и свиркан играч лани, стигна до тоа после натпревар да му го пеат името сите навивачи. Уште еден одличен натпревар од него. Единствена замерка ми е што многу лесно добива жолти. Веќе има четири сезонава и со следниот ќе добие и еден натпревар суспензија. Подобро да го темпираат тоа, отколку да пропушти некој ептен тежок натпревар.

Одлично е тоа што фатија добар моментум и со четири победи по ред одат во репрезентативнава пауза. Да се надеваме дека ќе продолжат со исто темпо кога ќе се вратат, имаме натпревар против Њукасл.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Одличен одличен тим имаме.

Радува тоа што играчите прераснуваат во тоа што треба.

Горе доле на хартија реков ја имаме ок дубина на тимов...ама тоа зависеше од тоа дали играчиве ќе го достигнат тоа што го можат...и веднаш го постигнаа...свака част

Ептен ме радува тоа.


Штета што Канте и Џоргињо се единствени играчи што ги бива на таа позиција, да имавме некој сличен и на таа позиција ќе беше топ..

Одбраната..имаме замени...ама сите се тапа :D

Ама нападов...не звисиме од еден играч..

Ете ако се повреди еден одма ќе влезе друг, сите ни се солидни во нападот.

Солиден тим сме, мора да продолжиме вака, имаме добра шанса за топ 4, што е апрејд од моите очекувања пред почетокот на сезоната каде што мислев со Јунајтед ќе бидеме екипите надвор од топ 4.

Добро е, само да не се залетуваме.

Имаме добар распоред во лигава во следниве пар недели, не смееме да се опуштиме во тие мечеви, ептен е битно.

Особено што после интернационалната пауза секад паѓаме...

То е...

бринг ит он словенија :zloo:
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Бомбона резултат и игра... :rolleyes:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Него, не ми се верува дека дојде и до ова, ама мора да го пофалам Вилиан за денес. Најверојатно најдобар играч на терен, стварно добро проигруваше и сегде го имаше.
Добри три натпревари сврза. Во претходните не ме импресионираше баш со играта, ама даде клучни голови за пибеда, а денес без гол (една асистенција) ама ипресионираше со играта. Моментално веројатно му е прв избор на Лампард за на крило, и заслужено.

Само се надевам дека нема овој добар период да ги залаже да му го дадат договорот кој го бара :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Нема што да не ви се верува, ептен го потценувате Вилијан.

Фала богу не е најдобар играч у лига, ама е ептен битен за Челзи.
Истово и за Алонсо важи, стварно не знам зошто добиваат таков хејт меѓу некои фанови, сосема солидни играчи се.
 
B

Beginner

Гостин
Вилиан од кога го му ебав се по список против Пул сега игра како на дрога дури се враќа и назад да покрива :D Работата е што за некое време пак ке почне да се лади како против Пул е тогаш треба одма да се седне на клупа и место него Пули.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Спешл шаут аут за овој дел од реаспоредот (плус куп меч можно е да има измеѓу против исто така квалитетна екипа)

1570403864161.png
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Само се надевам дека нема овој добар период да ги залаже да му го дадат договорот кој го бара
Многу јака работа е што обавезно кога се работи за нов договор, од нигде никаде влагаат у јака форма играчите, особено офанзивци. Таков беше и Волкот у Арсенал. Играат ко да нема утре, и од кога ќе стават потпис, пак си се враќаат на просекот :D
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
^
Се зае*ал јако ако мисли на таква фора да пројде со уште еден договор. Конкуренцијата сега е исклучително голема. Фудбалер во лоша форма(на недефицитарна позиција) кај Френк "најверојатно" нема да помириса минутажа во битни натпревари. Ако целта му е да се товари со кеш и да си го лади тоа е друг филм на кој не би сакале управата да наседне.
Инаку, чим не се среди до сега тоа со договорот неверувам дека ќе му го продолжат. + се разиграат ли Одои, Пулишиќ, РЛЧ... чао, пријатно!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Почнал да тренира Тони (y)

Полека ни се средува одбраната

1570755692550.png
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.442
Што му се дешава на Канте, како да иде од повреда во повреда?

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не знам каква е атмосферата меѓу младите играчи кои седат на клупа! Мислам дека клубот има премногу централни браничи и треба да продадат барем еден. Се шпекулира дека Челси ќе даде понуда за Чилвел и дека Емерсон ќе оди во Италија (Сари го сакаше летово)! Тука е и Алонсо кој игра одлична сезона.
Проблемот е во тоа што Кристенсен веќе сакаше да го напушти клубот, затоа што добиваше мала минутажа, а сега кога Рудигер ќе биде фит, не гледам како би добил некоја минута плус. Мислам дека еден, ако не и 2ца од нив ќе сакаат и треба да си одат. За мене број 1 меѓу резервите е Ампаду, кој е на позајмица. За него пишував претходно и нема да се повторувам. Зума игра лоша сезона, ако продолжи вака уште некој месец, не гледам причина зошто клубот би го чувал на плата. Најдобра опција е да оди назад во Евертон на пола сезона. Баш секав Зума- Рудигер стоперски пар, кој може ќе функционира, но покрај Томори и фит Рудигер не гледам како некој би добил шанса. Сем ако не игра повторно со 3ца назад, па тука во план да се уфрли и Кристенсен, кој пак нема лоша сезона.

Му немам посветено внимание на Чилвел. Лестер игра одличен фудбал, имаат одлична одбрана, па дури би рекол и дека Еванс ја игра најдобрата своја сезона последниве 3-4 год. Овој е Лестер од пред некоја сезона, Варди, Ндиди, Мадисон, Каспер...одлични поединци. За мене најголемото изненедување оваа сезона е играта на Лестер. Секоја чест за убавиот фудбал.

Проблеми Лампард ќе има и во средината. Баркли и Ковачич во секој клуб би биле првотимци. Пулисич би имал поголема минутажа. Во нападот еве Жиру изразува одредено незадоволство, па нема да биде чудно и во јануари да оди на позајмица. Верувам дека клубот ќе се ослободи од неколку играчи оваа зима, што и треба да се случи од неколку причини, прво клуот ќе заработи пари, второ ќе ги ослободи од плата и трето играчите ќе имаат поголема минутажа што би требало позитивно да се одрази на нивната форма. Одлично е што клубот имаше ваков наплив на играчи од академијата, но мора да се мисли и на играчите кои не играат, а притоа поседуваат одредени квалитети и покривање на дупките со купување на нови играчи. Чилвел ќе чини 70-80 мил., а Емерсон 30-40 мил., но тука се и Сити кој имаат пари и ќе разграбаат се’ со цел да останат во конкуренција за ПЛ.

Врвен приоритет на клубот треба да биде тоа Канте да остане што е можно подолго. После, давање на позајмица тие неколку играчи кои играат лошо или воопшто и не играат и не се во планови на Лампард. И трето засилување на одбраната затоа што е ужасно лоша. Немаат скок, немаат маркер, немаат позиционирање и речиси секој шут во рамките на голот е и гол!

Њукасл. Мислам дека треба да бидат 3 лесни бода. Ќе играат на контра, многу јасно, а Челси на пресинг, еден гол ќе го промени натпреварот. Со победа можат да бидат 2ри на некој саат. :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
^ Зошто не гледаш како би добил минутажа плус?

Кристенсен и Томори ваљда ќе ротираат.


И секоја трета утакмица и Зоума ќе игра.

Немаме ептен дефанзивци, секако Кристенсен ќе си игра базирано на заслуга, ако е втор најдобар дефанзивец ќе игра повеќе. Сега Томори е бољи,, утре можда ќе се сменат работите.

Сигурно ќе игра повеќе од периодот кога сакал да напушти
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
^ Зошто не гледаш како би добил минутажа плус?

Кристенсен и Томори ваљда ќе ротираат.


И секоја трета утакмица и Зоума ќе игра.

Немаме ептен дефанзивци, секако Кристенсен ќе си игра базирано на заслуга, ако е втор најдобар дефанзивец ќе игра повеќе. Сега Томори е бољи,, утре можда ќе се сменат работите.

Сигурно ќе игра повеќе од периодот кога сакал да напушти
Не знам баш. Ако Зума продолжи да игра лошо, опцијата Аке ќе стане повеќе од веројатна. Томори прави почетнички грешки, нема маркинг и лошо игра со глава назад. Добро, млад играч кој сеуште ја развива својата форма. За формата на Рудигер сеуште не знаеме ништо, ако игра како лани, тогаш тој е дел од победничката комбинација. Не знам што да кажам, навистина не знам. Одбраната е огромен проблем, се надевам дека наредниве месеци нешто ќе се подобри и тоа поглавје ќе се затвори. А тоа беа само дел од проблемите, за кој и Жиру и Пулисич веќе јавно се изјаснија, а лани тоа го стори и Кристенсен. Ама секако при ваква состојба во одбраната, треба засилување. Опција А. е Рудигер, а ако ништо драстично не се промени, тогаш опција Б. е Аке. Тоа е мое мислење со оглед на лошата игра на Зума кој требаше да биде столбот на одбраната по повредата на Рудигер. Сега за сега тој е најслабата алка во тимот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom