Одои и Ампаду конечно играа заедно од старт четвртокот и беа можеби најдобрите поединци во тимот. Ампаду си даде несреќен авто гол, и нормално е да се очекува од 18 годишно дете да падне малце психички после тоа, ама он стануваше се подобар и подобар. Ретко кога може да го видиш на терен, а да не им збори на играчите, да не покажува што да се прави. Многу пати веќе го имам кажано ова, ама стварно игра и се однесува како веќе да има десет годишна кариера и искуство. Одои има некоја магија во нозете и мора да се најде пат во тимот и за него затоа што после сезонава ќе треба да му се продолжува договорот, а не знам зошто би прифатил доколку гледа дека не може да добие доволно шанси во Челзи, а би играл секоја недела на друго место. Периодов ќе се играат премногу натпревари, па се надевам дека ќе им даде Сари повеќе минути на двајцата.
Лофтус се подобрува со секој натпревар, и веќе очигледно е дека и Сари почна многу повеќе доверба да има во него. Мора и он да почнува како стартер во ПЛ на некои натпревари затоа што ако веќе не е, дефинитивно со континуирано играње ќе биде подобар играч од Баркли и Ковачич заедно. Се има дечкото, висина, брзина, дриблинг, шут, сега научи и тактички и подефанзивно да игра доколку треба. Сега уште константно да игра за Челзи и ќе стане класа фудбалер, конечно.