Средината беше скршена, исто како и натпреварот против Сити. Така тука Баркли наместо Ковачич, и со самото тоа би се очекувала поофанзивна игра, иако Баркли не е технички поткован како Ковачич. Алонсо е лош назад, иако Давид овој натпревар беше изразито најлошиот во одбраната, а Мората на теренот. Првиот гол падна по фаул на Давид, вториот требаше да оди на блок, а при третиот Сон го помина како мало дете. Ругани ќе заврши одлична работа, Сандро исто така, ама знае да биде критично и во нападот. Овие 28 гола се солидни, но против еден Евертон и Вест Хем, каде го диктираа темпото на игра, не дадоа гол, а притоа не ни креираа многу шанси. Мислам дека Жиру како стартер нема да врши многу работа, секогаш е подобар кога влегува како замена, па ако донесат играч кој ќе дава или креира голови, привремено ќе го решат прашањето со нападот.
Одбраната е покритична, тука требаат централен одбранбен играч и лев бек, без замена за Давид и за Алонсо тимов нема да може да се бори за 3-4 место. Досега со солидните резултати мизерната игра на одредени натпревари, поговоро во ЛЕ, се туркаше под тепих, а сега по првиот пораз проблемите излегоа на површина. Ако Сари не реши едно од овие 2-3 прашања во зимскиот преоден рок, ќе биде тешка трка за топ 4ри т.е за ЛШ.