Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
:pos:
Дај боже постов да е некој вид на хумор.
Не барале Челзи толку иначе, Борнмут толку понудиле. Уште во јануари беа спремни 15+ да дадат. Ако се разбираш повеќе од луѓето таму што го прателе во својот клуб, во Челзи и лани во Вотфорд, смеј си се :D

Озбилно, пред Кејхил го ставам одма во стартна. Ептен стабилен и сигурен дефанзивец, на 22 години. Почнаа и во репрезентација да го викаат.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Аке за 20 милиона не е лошо, не е лошо. Од друга страна па Бертнард Траоре го шитнаа за многу помалку, но мора да се напомене дека не рачунаат на Траоере и неможат да му извадат сума како кај Аке, кој беше дел од тимот сезонава

Има уште тон младунци за продавање:Бејкер, Изи Браун, Палмер, Бога, Кенеди и уште милион што се вратија од позајмици. Кмотно може да се соберат уште 20 милиона и една фина цифра од 50 милиони за нов играч.(y)
 
W

wicked_1

Гостин
Аке за 20 милиона не е лошо, не е лошо. Од друга страна па Бертнард Траоре го шитнаа за многу помалку, но мора да се напомене дека не рачунаат на Траоере и неможат да му извадат сума како кај Аке, кој беше дел од тимот сезонава
Малку е таа сума за версатилен играч како Аке, ретки се такви таленти како него.

Ама си има тука улога и buyback клаузулата очигледно.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
10 мил.евра. Потврдија Лион. Можеби има и бонуси, но таа сума ја објавија.
Ептен несвојствено за Челзи толку ниска понуда да прифати, ама сигурно има бонуси и ниска бај бек клаузула :cautious:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Не барале Челзи толку иначе, Борнмут толку понудиле. Уште во јануари беа спремни 15+ да дадат. Ако се разбираш повеќе од луѓето таму што го прателе во својот клуб, во Челзи и лани во Вотфорд, смеј си се :D

Озбилно, пред Кејхил го ставам одма во стартна. Ептен стабилен и сигурен дефанзивец, на 22 години. Почнаа и во репрезентација да го викаат.
Секако дека ќе му фати место на Кејхил, глуп е Конте ќе продаде 22 годишен играч а 33-34 годишен кој е "послаб" ќе го остави.

Ама тоа е, ќе изигра некој млад играч 2-3 добри текми и одма е "подобар" од рандом првотимец. Ги имаше и кај нас многу вакви таленти, кога ќе фатиш од Јанузај, Блекет, Бортвик-Џ. Варела, итн.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Секако дека ќе му фати место на Кејхил, глуп е Конте ќе продаде 22 годишен играч а 33-34 годишен кој е "послаб" ќе го остави.

Ама тоа е, ќе изигра некој млад играч 2-3 добри текми и одма е "подобар" од рандом првотимец. Ги имаше и кај нас многу вакви таленти, кога ќе фатиш од Јанузај, Блекет, Бортвик-Џ. Варела, итн.
Не реков дека Кејхил е послаб, ама Аке со една сезона во која би играл константно во Челзи, доста би напредувал.

Иначе две сезони е константно добар во ПЛ, а не два натпревари. И ако се продаде ќе се продаде за да се донесе Ван Дијк или некој сличен, а не за Кејхил да може да игра место Аке.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Не реков дека Кејхил е послаб, ама Аке со една сезона во која би играл константно во Челзи, доста би напредувал.

Иначе две сезони е константно добар во ПЛ, а не два натпревари. И ако се продаде ќе се продаде за да се донесе Ван Дијк или некој сличен, а не за Кејхил да може да игра место Аке.
Па рече дека го ставаш пред Кејхил во стартна.
Има потенцијал ама далеку е сеуште од добра минутажа во Челзи.
Продажба со бај-бек е вин за двете страни.
 
Член од
3 јануари 2015
Мислења
245
Поени од реакции
509
10 мил.евра. Потврдија Лион. Можеби има и бонуси, но таа сума ја објавија.
Да, грешно инфо сум нашол преге, официјални 8,8 милиони фунти и 15 проценти од следната продажба на играчот.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.026
Исто мислење го делам со Донев, ако некој си оди од Фабрегас - Матич сум за Матич.
Првата сезона ја одигра феноменатлно, убедливо најдобриот играч на таа позиција, ама после таа бламажа со Мурињо не е истиот. Сезонава врати само дел од таа форма, многу пати сезонава знаеше да ја гњави безпотребно топката, да биде спор во транзиција итн. 50 мил се повеќе од доволно за него. Бакајоко е 99% замена за него.
Таа сума за која го зимаме е бестбај, сетете се само колку чинеше еден Џака или Погба.
Ако ништо друго барем ќе добиеме нешто ново во играта а и да не го биде Фабре е тука да земе место. Така да зијан нема.

Не ми е јасно што толку се крена прав околу алекс сандро. Алонзо имаше супер сезона. Сандро е одличен бек да не се разбереме погрешно, ама кога имаш бек кој имал солидна сезона да кешираш други 50 мил ми нема логика...

Бертранд давај слободно :)

Стоунс факинг каменот беше кеширан 50 мил, еден Чемберс беше платен 20 мил...Аке кој беше столб во Бурнемут и одигра одлични партии за Челзи секогаш кога ќе добиеше шанса многу биле 20 мил ...
Грешка ќе биде според мене но ајде ако има бајбек клаузула па и ќе прежалам некако, но сигурен сум да добива поконстантно шанса ќе биде подобар од Кехил.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
W

wicked_1

Гостин
Многу се шпекулира околу Сандро од Јуве... иако сум скептичен дека ќе дојде, има огромна шанса да се случи трансферов само заради тоа што Бепе & компанија примаат понуди од Челси.

Се шпекулираат понуди од околу 60 мил. фунти + 170к неделна плата па ако прифатат треба статуа на овие од бордот да им се напраи.

Дискутабилно најкомплетниот wing-back што постои во фудбалот, #1 играч на Јуве по повеќе критериуми, линк-апот Сандро - Хазард по левата страна би бил убиствен.
sandro.png
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
ќе пробаат да го украдат манолас од зенит, човекот не се појавил на медицински преглед и барал екстра време за да се договорат за плата . зенит го договорија за 30 милиони што е релативно ефтино.
ако евентуално дојди, аке или зума ќе си одат, мислам дека нема доверба конте во младиве, азпи ќе оди на природната позиција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom