Фан Клуб: Челзи

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Среќна нова, дедо мраз да ни даде титула и пакетче за сите шо дуваат и шмркаат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Девојки, момци и @dragonsky, среќа ви Нова Година. Само убајни да ве следат во животите и што побрзо да се исселите од оваа вукојебина.


Многу ме исфрустрира вчерашниот натпревар, многу. Добро е што на крајот се заврши како што треба. Прво, пристапот. Што беше она? 15 минути Стоук на домашен терен ни игра висок пресинг? Стоук, висок пресинг, на гости, ви текнува? А Челзи беше немоќен во тие мигови. Имаме многу проблеми со екипи кои ни играат висок пресинг од самиот почеток (Ливерпул, Тотенхем). Второ, сериозно Бруно Мартинс Инди (мајсторе, мајсторее) и Питер факинг Крауч постигнаа голови против нас? Сериозно? И тоа какви, пошугави одамна не сум видел. Но од друга страна пак, веројатно ќе увиди Конте дека и зимава потребен ни е барем еден дефанзивец и дека Алонсо и Кејхил се ранливи (за волја на вистината вчера за двата голови и Канте можеше многу подобро да реагира).

Нападот, милина. И тоа вчера игравме без Хазард. Коста во моментов е најдобриот светски напаѓач, додуша тој години наназад е топ 5 без сомнение, ама во моментов го игра фудбалот на кариерата. Не брзам, ќе сочувам еден коментар за крај од сезоната. Некоја компарација, со еден друг, исто така ѕвер од играч.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Коста во моментов е најдобриот светски напаѓач, додуша тој години наназад е топ 5 без сомнение, ама во моментов го игра фудбалот на кариерата. Не брзам, ќе сочувам еден коментар за крај од сезоната. Некоја компарација, со еден друг, исто така ѕвер од играч.
Икарди? :D
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.981
Поени од реакции
1.938
@RATM Првиот гол беше офсајд, ама секако Кехил тука мораше подобро да реагира...

Секој знае дека Кехил е најслабата карика во тимот и дека Зума е многу подобра варијанта, ама неможеш да го исфрлиш од тимот бидејќи тимот победува и има 13 победи по ред со 4 примени гола... Значи нема логика.

За Алонсо и јас го мислев тоа на почетокот (кога дојде де) дека е обичен просек, ама после 5-6 партии ме убеди дека за системот е префектен, незнам зошто и како ама едноставно ептен добро прави вишок на таа лева страна, за разлика од Мозес...

Има очигледни недостатоци во тимот и ако се засилат на тие позиции тимот ќе изгледа помоќно, ама ќе биде нефер за тие играчи кои ќе излезат од тимот, поготово сезонава кога секој играч дава повеќе од 100% за Челзи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.830
Ето уствари беше ептен солиден играч за нас.

Славеле Нова со Дрогба. :D
https://www.facebook.com/setoo99/videos/1361945693876720/


Можеби најдобрите африкански напаѓачи на сите времиња, секако најдобри африкански играчи за 21виот век
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
@RATM Првиот гол беше офсајд, ама секако Кехил тука мораше подобро да реагира...

Секој знае дека Кехил е најслабата карика во тимот и дека Зума е многу подобра варијанта, ама неможеш да го исфрлиш од тимот бидејќи тимот победува и има 13 победи по ред со 4 примени гола... Значи нема логика.

За Алонсо и јас го мислев тоа на почетокот (кога дојде де) дека е обичен просек, ама после 5-6 партии ме убеди дека за системот е префектен, незнам зошто и како ама едноставно ептен добро прави вишок на таа лева страна, за разлика од Мозес...

Има очигледни недостатоци во тимот и ако се засилат на тие позиции тимот ќе изгледа помоќно, ама ќе биде нефер за тие играчи кои ќе излезат од тимот, поготово сезонава кога секој играч дава повеќе од 100% за Челзи.

Погрешно ме сфати за Алонсо. Јас од почетокот сметав дека ќе биде добро засилување. И така е всушност. Арно ама, можеме и подобро на таа позиција. Алонсо е одличен за ротација и за со послабите противници. Но, играта во дефанзива му е тенка, особено против екипи кои играат напаѓачки, преку опасни крила, тогаш Алонсо малку се губи (вчера пробија по десна страна за вториот гол, Алонсо беше надвор од позиција и закаснето реагираше).
Хазард ќе треба против Тотенхем многу да помага во одбрана, бидејќи Вокер ќе си ровари таму како од шала.

Сега го приметив ова ,,за разлика од Мозес'', ќе се караме. :jajce:
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
За Алонсо и јас го мислев тоа на почетокот (кога дојде де) дека е обичен просек, ама после 5-6 партии ме убеди дека за системот е префектен, незнам зошто и како ама едноставно ептен добро прави вишок на таа лева страна, за разлика од Мозес...
Комплетно се имаш промашено, as usual. :icon_mrgr:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.981
Поени од реакции
1.938
Погрешно ме сфати за Алонсо. Јас од почетокот сметав дека ќе биде добро засилување. И така е всушност. Арно ама, можеме и подобро на таа позиција. Алонсо е одличен за ротација и за со послабите противници. Но, играта во дефанзива му е тенка, особено против екипи кои играат напаѓачки, преку опасни крила, тогаш Алонсо малку се губи (вчера пробија по десна страна за вториот гол, Алонсо беше надвор од позиција и закаснето реагираше).
Хазард ќе треба против Тотенхем многу да помага во одбрана, бидејќи Вокер ќе си ровари таму како од шала.

Сега го приметив ова ,,за разлика од Мозес'', ќе се караме. :jajce:
Поентата ми беше дека многу често останува без играч и има најмалку 3-4 сек време за да нафрли, додека кај Мозес секогаш има играч кој го маркира, па мора да се ослободува од него...
Далеку од тоа дека Мојзи лошо игра, напротив... само чудно ми е како секогаш Алонсо останува без маркер...
Еве баш наредната (не со Тотенхем :) ) запази го ова што ти зборам. :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
Ако ги тепаме Тотенхем утре, +7 од Сити и +8 од Ливерпул.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.830
А не ќе е лошо на серијава со победи да сврзиме и победа над Тотнем и над Лестер, пошто следно коло Ливерпул и Сити имаат зезнати утакмици.

Ќе биде заебано со Тотнем, секогаш утакмиците се непредвидливи со нив, може и 4-4 може и 0-0... Кејн е во опасна форма, се надевам одбранава научила нешто од мечот со Стоук.

Како и да е ќе биде јако у пичку матер :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.830
Fan fact: Тами Абрахам има дадено 17 гола сезонава во сите натпреварувања (лига куп+чемпионшип)

Кристијано Роналдо годинава има дадено 16 гола во сите натпреварувања (Ла Лига, ЛШ, Светско клупско)

:D

(го нема Донев, мора некој да пише за Абрахам, сте го заборавиле :D )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom