Го видов вчера составот и намерно ништо не напишав пред мечот, бидејќи верував дека Педро-Вилиан-Хазард ќе си ја завршат работата како што треба. Но искрено се надевав дека Бачуаји ќе добие шанса во второ полувреме и малку се разочарав. Имавме комфорно водство од два гола разлика, можеше Конте да го уфрли 20 минути пред крај, секако немаше потреба од Вилиан/Хазард повеќе. И кога веќе не се реши на таков потег она со измената во 93-та минута и давањето шанса на Мичу од три секунди, беше малку глупаво и понижувачки за играчот. Во овој случај, не испадна добар психолог Конте. Ова ми фрли малку прашина на вчерашната одлична партија, но добро.
12 победи по ред, во Премиер Лига - ваква Премиер Лига, со 6 екипи кои се борат директно за титула, импресивно. Играчите и Конте ги заслужуваат сите пофалби. Какво возење, лани ова време се боревме за опстанок, сега сме први на табела со солидна предност пред конкурентите. И играме фудбал, тоа што највеќе ме радува.
,,Да ги видиме со потешки противници како ќе играат''
Челзи - Јунајтед 4:0
Челзи - Евертон 5:0
Челзи - Тотенхем 2:1
Челзи - Лестер 3:0
Манчестер Сити - Челзи 1:3
,,Да видиме дали ќе победуваат без Хазард''
Сандерленд - Челзи 0:1
,,Е сега да ги видиме како ќе се снајдат без Канте и Коста''
Челзи - Борнмут 3:0
Окај, окај.
![Кул :cool: :cool:](/styles/default/xenforo/smilies/cool.png)