Интересна слика. Челзи со Мурињо - дефанзивна сила. Челзи со Конте - офанзивна сила (а пак не примаме ептен голови
)
Колку е јако само да се гледа овој Челзи. Алал му вера на Конте, ја препороди екипава.
Еве почна и порано замени да прави.
Едноставно да прифатиш мртва екипа, со минимален број на трансфери, и да влезеш во лигата кога сите се засилуваат многу повеќе од тебе, во земја во која што не го знаеш јазикот, и играчи што дел изгубил волја за фудбал а дел веќе планирале дека ќе играат во Витезе, да успееш да бидеш прв со серија од 9 победи по ред...особено што тимот почна не многу сјајно и оваа серија почна после убедливиот пораз од Арсенал? Па тоа е ептен тешко, стварно треба да си маестро за да ти успее тоа. Мора малце и психолошки да се гледа, лесно да се каже ај ти ваму, ти таму... Конте "зад камерите" имаше многу потешка работа од само наоѓање на формација.
Ќе биде брилијантно ова што го прави Конте да се манифестира со титула на крај. Ама ајде. чекор по чекор.