Гардијан и Телеграф вчера пишуваа дека луѓе од Челзи ги прателе Клајн и Шнајдерлин и дека клубот бил сериозно заинтересиран за нив. Клајн не го сакам, имаме десен бек во Азпиликуета и Ивановиќ. Французинов го сакам. Солиден играч е, а на Челзи очајно му е потребен уште еден играч сличен на Матиќ.
Од другите вести, најверојатно некој 22 годишен Јапонец, Муто, ќе пристигне на лето во Челзи за 4 милиони. Знаеме дека овој трансфер има друга цел, но од друга страна па секако ќе ни треба трет шпиц наместо Дрогба, а наместо да даваме големи пари за Дибали и Икардовци непотребно, шпицот ќе изгледа: Коста, Реми, Муто. Што по мене е сосема добро и доволно.