Заслужена победа, одлично одиграно, посебно задоволен од бразилското дуо Луиз & Рамирес.
Луиз ми станува омилен играч од ко дојде, овие од Манчестер редовни пациенти му се, се надевам дека така ќе продолжи, дечкото е бисер, најдобро засилување на Челзи во последните 2-3 години.
Рамирес, ги повлекувам сите лоши зборови за него, и испаднав голем кретен ко серев за него, дечкото можеби првите месеци не блескаше со своите настапи, но како одминува времето, и како се повеќе игра, се подобар и подобар станува, слаломот што го направи денеска ја потврдува мојата констатација.
Ќе видиме како ќе се одвиваат натаму работите во ПЛ, сега за сега пласманот во ЛШ е сигурен, и јас ја прочитав изјавата на Гурлај дека на крај ќе се пресметува се(мислам на Анчелоти), и не знам каква пресметка ќе направат, али ако продолжи Челзи со ваква игра можеби и следната сезона ќе го гледаме, што јас лично не го посакувам, али ете доколку се исправи до крајов на сезонава и останеме на позицијава, би му простил за сезонава затоа што освои Дабл претходната, а до тогаш ќе си маштам за доаѓање на Хидинк.
Инаку, ја видовте реакцијата на Абрамович, при постигнување на погодоците и при вадењето на Торес од игра?