Фан Клуб: Челзи

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Прво и основно надиграсмо ги, второ значи приметија сам сви навивачи на ман утд, почни од овија деца по форумии па онија лично што ги знам заврши до фергусона и играчи ако изгубив утакмицу изгубиле су ради судие, друго нема шансе, трето браво за ивановиќ и луиз, луиз е прав потег на абрамовиќа, а ивановиќ од ципеле га извади нанита, иначе ке ве замолу да не се замарате сс фан клуб на гејчестер зашто не су интересни више сс тој дека су изгубиле поради судие...!!!... и да малуда што поскоро аут. толко од мене!
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Еве сега да напишам и јас со ладна глава за мечов. Убав меч за гледање од неутрална гледна точка. Мислам дека неутралните фанови се задоволни. Е сега, ќе почнам најпрво од нашата игра. Од резултатот сум задоволен, па може да се каже и за играта. Уште на стартот почнавме агресивно, впрочем како и Мен Ју, така и ние почнавме. Веднаш ни се укажа шанса во првите неколку минути преку пробивот на Анелка од десната страна, каде Малуда изреагира аматерски, наместо да ја здрви топката под пречка, изреагира како аматар прав. Можам да кажам слободно Карло нека го седне малце на клупа следниве мечеви и нека му дојде малце памет и нека подразмисли за неговата игра. Да се надоврзам за играта, во оваа 4-4-2 формација речиси и да немаше 2 напаѓача, Торес беше најистурен, а Анелка играше како десно крило. Како да игравме во формација 4-3-3 а не како во формација 4-4-2. Е сега, во првите 15 минтути имаше страшно темпо натпреварот, но потоа се спласна. Играчите се уморија и чекаа грешка на противникот. По голот на Руни, анемични бевме. Не направивме речиси никаква посериозна шанса за гол, едино гужвата пред голот на ВДС, каде сеуште не знам и се прашувам зашто Бане не ја здрви поштено, а не да чека ВДС да му ја украде од пред нос. Ваљда србинов мислеше дека нема шанси топкава покрај 300 души да дојде до кај него и да му се укаже убава шанса, шанса која е 100%. Нејсе, по почетокот на вториов дел, ја покажавме нашата вистинска сила и ментална цврстина. Убаво почнавме напаѓачки и ни се исплатеше со гол на Луиз. Детево е страва, ако продолжи вака ќе биде еден од најдобрите бекови во светот, а има само 23 години. Детево е фантастично, една од најдобрите инвестиции на Роман во време на неговата ера. Страшен играч, како да има играно 200 меча за Челзи, а не како да има само 5-6, штета што ќе не може да игра во ЛШ, ќе ни беше од огромна корист. По голот имаше доста група игра и од двете страни, како и да е дојде време за уште многу напади на челзи, по кои падна и пеналот. Поведовме со 2-1 и рутинирано завршивме до крајот, имавме шанса и за 3-1,но стативата ги спаси. Да го пофалам биволон Дрогба, 5 минути не можеше никој од Мен Ју топка да му земеше, како се гради, како свиња мамицу му. Да се навратам за судењето сега. Убаво рече фантом на темата за мечот, нема ништо полошо од фан на Манчестер, т.е има, 2 навивачи на Манчестер. Тоа се едни створења кои што, не знам како да кажам, се ќе направат само да е по нивно. Со чест на исклучоци како Џену и некои 2-3 членови, другото е се за во канта. Јас не знам како можат да зборат за судии, кога Хауард Веб под дресот црн, носи дрес од Манчестер Јунајтед, убаво кажа Бабел на Твитер. Велат имало пенал за Манчестер по ударот во раката на Тери. Каде видовте рака бе луѓе, разликувате ли рака од рамо? Тоа едно, второ, велат не било пенал тоа од Смолинг, е што е? Жирков у напад, овој поставува нога пред него и го легнува на земја. Го откорна. Како трето ако збориме за судии, Руни не ни требаше да игра на мечов, од трибина требаше да го гледа, али тоа е. Секогаш кога ги победуваме криви се судиите, не се криви они што се затворија ненормално и што направија неколку грешки во одбраната, али тоа е, на нив никогаш не можеш да им докажеш, секогаш ќе наоѓаат забелешки, а по мечот со Ливерпул во ФА Купот, судијата беше за нив фантастичен. Нејсе, немам живци да се расправам со овие фрикови, а верувам дека немате ни вие. Како и да е, добра победа забележавме. Следен меч со Блекпул у гости нареден понеденлик, па после ни идат 2 меча дома со Копенхаген и Сити. Биче жустро. Мечот со Бирмингем го играме на 20 април. Сега да кажам и поедини коментари за играчите ..

Чех - Добро бранеше, ма да тоа од Руни не го бранеа ни 20 голмани. Релативно добра партија за Чех, не направи ни некоја посериозна грешка.
Тери - Одлична партија за мистер Челзи. Одигра добро во одбрана, а блокираше и многу удари надвор од шеснаестерецот, така да добро изигра.
Луиз - Играч на натпреварот за мене. Фантастичен и во напад и во одбрана. Еден од главните играчи и виновници за победата на Челзи вечерва.
Босингва - За тие 10 минути кои што ги изигра како замена за Давид Луиз се покажа солидно.
Бане - Солидна партија на Бане. Во одбрана беше добар, али во напад катастрофа, грешка му беше тоа што не го смести во гол од пред самиот гол.
Кол - Напарви неколку добри пробива по таа лева страна, али беше многу спор, па лесно ги губеше и дуелите. Требаше да ја искористи брзината.
Рамирес - Одлично изиграно, се подобар и подобар станува. Ги хранеше Анелка, Торес и останатите со топки во нападот. Одлично и у деструктива.
Есиен - Одлилна партија и за бизонов. Одлично ги унуштуваше акциите на манчестер, а скрати и 1-2 контри.
Лампард - Формата е променлива, класата е вечна. Во прво полувреме не се виде, во второ се здиви.
Малуда - Катастрофа. Ако не и најслабиот поединец на Челзи. Време е малце Карло да го стави на клупа.
Анелка - Повеќе играше како десно крило него како напаѓач. Не изигра којзнае што. Просек.
Торес - Бев убеден дека ќе дадеше гол денес, али ништо. Се надевам дека нареден меч конечно ќе го постигне првенецот и ќе ја надмине бариерата која му пречи.
Жирков - После 3 месеца влезе во дерби меч и не изигра лошо. Бапна статива, изнуди пенал .. Добро се покажа.
Дрогба - Одличен задржувач на време.

 

Amyntas

LVL
Член од
5 ноември 2007
Мислења
366
Поени од реакции
85
Браво Челзи! Дури и убав фудбал за око. Многу пофални зборови за Луиз, само што не требаше да го удри Руни и да ризикува за втор жолт.
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Браво момци, одлична борба и заслужена победа......:bravo::bravo::bravo::bravo:
 
A

Auditore

Гостин
И ја да пишам за натпреваров со ладна глава сега.
Пред се гледавме одлично дерби, добра утакмица и динамичен фудбал, првото полувреме беше изедначено нијанса подобри беа Јунајтед и заслужено отидоа со предност кој гол беше грешка на нашата одбрана(Бане) али нема врска фудбал е тоа и то. Второто полувреме гледавме друг Челзи, Челзи за кој вреди да се живее и да се види, ги ставивме во џеб и створивме потполна доминација, тотално заслужена победа и тука нема што да се коментира, ЛУИЗ ѕверка, изгледа дека Торес и Луиз цените на трансфер пазарот ги измешале, детево злато вреди.
Целиот тим изигра многу добро и сум многу горд, затоа што после речиси половина и повеќе сезона нервози и маки, гледајќи го анемичниот Челзи против "јаката игра" на Манчестер кои нивните фанови ја толку величеа се излезе на виделина, штета што Челзи сезонава има еден куп проблеми и не е константен во резултатите инаку се знае кој е кој, а титулите слободно нека си ги чуваат во ветрините.

Вчера што толку многу провоцирав во фан-клубот на Јунајтед беше од проста причина, сакав да видат какви се всушност самите фанови на Јунајтед на форумов и колку неможат да се трпат, секоја чест до исклучоците(mans, Џену, Hooligan, Комита, Runi's Temper, etc..) но другите неможам да ги сварам и толку ги мразам, никогаш не сум провоцирал и нема да провоцирам ко вчера доколку не бидам пак испровоциран ко што бев уште од почетокот на сезоната и им го собирав, сега сум мирен, Челзи е уште непоразен на Стемфорд од Манчестер, бај бај.
И да, не е убаво што фановите на Манчестер на ваков начин го видоа лошото арбитарство во Англија за кое трубиме толку време, сега осетија на свој грб и веднаш почнаа да плукаат а забораваат колку всушност беа помогнати, и забораваат дека Руни требаше утакмицава да ја гледа од трибини и пак најдоа да серат за Луиз.

Како и да е, stay in this good moment, и се надевам на уште едно добро дерби на Олд Трафорд, во кое можеби поените од тој меч ќе ви бидат главни во борбата со титулата со Арсенал годинава, во тој случај, со среќа, ние ќе гледаме да одржиме констанност и да го претечеме Тотенхем.
 
F

fantomX

Гостин
Еден добар муабет...

david luiz and ramires are angels sent from God

God lives in Lisbon then?

it's no coincidence that Benfica's manager is Jorge Jesus.

:icon_bigg


Вечер младинците во четвртфинале на Ф.А. Куп, мислам оти потешко ќе најме стрим отколку минатиот пат.

--- надополнето ---

Cesc Fabregas on Twitter: "David Luiz is looking to be a very good player and still only 23. He's got class. Defenders playing well with the ball always my favourites."

Колку даваше Абрамович за твитерџијава?

--- надополнето ---

'The moment is good and we have to continue because every moment will be very important for the Premier League and the Champions League. The team tonight showed good spirit. The players always stay together in the good moment and in the bad moment it is the same.'

Добар, лош, ваков, онаков.....Анчелоти е секогаш во некаков МОМЕНТ. :)

--- надополнето ---

 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
кога ке прочитам дека луиз ми го споредуваат со тој смолинг, се газам од смеење!!!
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Честито и од мене победа момци,дефинитивно бевме подобри противници и ептен ја посакувавме оваа победа..Ќе кажам нешто околу играчите..Луис неам коментар за детето,изигра најдобро што можеше,да не го дадеше голот и тешко дека ќе постигневме гол..Рамче исто доста позитивно ме изненади..Единствен што ме разочара вчера е Лампард,човекот ништо не играше вчера изгубен челиот тотално..Мислам дека редно време е да бараме замена за Лампард и малце да седне на клупа човекот..Иначе да го пофалам и Анчелоти одлични измени напраи човекот..:eek:jea::eek:jea:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Единствен што ме разочара вчера е Лампард,човекот ништо не играше вчера изгубен челиот тотално..Мислам дека редно време е да бараме замена за Лампард и малце да седне на клупа човекот..
А, малуда, ми се повраќа кога го гледам!!!
 
F

fantomX

Гостин
Има олеснителни околности за Лампард, сите ги знајме кои се, ама то не значи оти не е редно е да се седнува на клупа. Малуда е тој шо е загрижувачки катастрофален, па и Анелка, ама ај на вториов ќе му простиме сега засега за двата гола во Копенхаген.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671

Дечково има потенцијал, доста добро ги изигра сите натпревари за Челзи.
Вчера беше најдобар играч на Челзи но малку фалеше да се случи нешто слично како против Фулам(таму напостоечки пенал а против Манчестер требаше да добие втор жолт).
Во врска со натпреварот првото полувреме Бане утна голема шанса да изедначи но затоа во второ асистира за израмнување.
Во второто далеку подобра игра и конечно паметни замени од страна на Анчелоти.
Малуда многу лошо изигра исто и Анелка и Лампард.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Според мене Жирков место малуда во прв тим, така ми е и на пес таму маме ебе:)))
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.078
Поени од реакции
2.025
браво за момциве вчера се надминаа самите себе од сите сум задоволен освен есиен и анелка потфрлиа малце али ај им простувама и браво за анчелоти конечно ги погоди замените
секоја чест за луиз детево има потенциал да беде најбоље у свет и што е најважно има партнер тери па така ги има сите услови
сега се надевам дека им се вратил победничкиот морал и ке си го гледаме оној челзи од лани
поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom