Двоецот Лампард-Луиз и Кејхил-Ивановиќ е лош, неколку пати сезонава се потврдува тоа. Среден ред ко да немаме, за одбрана да не правам муабет.
Добија предупредување, не се средија, баш ми е мило што примија гол, им оставаа премногу простор. Примаме голови на Бриџ од кој стигнеме, брука.
И баш ми е мило што примија на крај од прво, да ги боли повеќе, па да видиме како и дали ќе се вратат против еден Базел и дали имаат капацитет за нешто повеќе оваа и наредната сезона.
Торес нека се носи, ни оваа, ни наредна, нема веќе шанси. Ги искористи сите. Дрво, каков шут избаци. Рамирес и Лампард од пред гол промашија, непишаното правило не стигна.