Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Анелка живците ми ги искина посебно ко ја утна таа шансата, го издрибла и Фабиански и порамаше -.-
Каква бомба беше тоа на Алекс, нека си изведуват слободни удари :D
При крајот на мечот можеше и Есиен да зголемит водство но како и да е 3 бода се наши .

Шо му се дешава на Микел се` подобар и подобар е :D
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Падна и Арсенал.
Жестока игра од двете страни.Задоволен сум од резултатот и од играта!
Реално 2-0 е добар резултат,крај краева во некои ситуации и можевме да примиме.
Се изнервирав со Есиен и Анелка.Па добро да му еб*м мајката се промашува празен гол?А и Есиен,не знам што чекаше сега на крајот кога беше сам со голманот?Можеше скапо да не чини грешката на Анелка.
Сепак заслужено победивме,ќе беше разочарувачки за нас ако мечот завршеше нерешено.
Чех - 10-ка за Чех.
Одбраната - добра.Нешто Бане не е расположен,или не е 100% фит.Како и да е...ќе се опорави.
Средината - па добро изиграа тројцата нигери.Задоволен сум од Рамирес,дечкото почна да се адаптира на нашата игра.
Нападот - Малуда,тоа што не даде гол не мора да значи дека беше индиспониран,солидно изигра,колку и да е,одбраната на Арсенал не е играчка.
Дрогба - 10000% бев сигурен дека тој ќе постигне гол!Кошмарот на Арсенал!
Анелка - Ах бе,уште се чудам како можеше да ја утнеш таа златна шанса?

Следни Вила!Ќе биде тешко гостување,но се надевам дека ќе ги победиме.

Честито победа!Да ни се множат!

KTBFFH!
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Дај Боже да не се сериозни повредите на Алекс и Микел...
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Ај нека ни е честито победата,само вакви успеси да бележиме оваа година..Браво за Дрогба и Алекс...Ни фали добар напаѓач,Анелка е дрво невидено незнам ни зошто го става Карло..Нема секогаш Алекс да дава голови а Анелка 100% шанси да промашува..Торес да го земеме на полу сезона не би било лошо...Со овој Напад неможеме никогаш да освоиме ЛШ,бар ја така мислам...
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Прекрасен резултат,прекресна стрплива игра,но лоша реализација.Можеше 4-0 без проблем да биде.Задоволен сум од тактиката на дебелиот,да дозволи арсенал да има игра,и нашите шанси да се чекаат стрпливо.Тоа резултираше со 2 прекресни гола за сините.Најлошо изигра Анелка.Па добро бе пизда ли му лепа материна,толку ли му беше тешко празен гол да погоди,мамицата да му ја ебам.Го поштувам играчов,но стварно знае од кожа да те извади.Ах господе,господе.Дрогба рутински,на последниве 13 меча - 11 гола им зашиба.Џон Оби и Есиен на средината скоро да не направија ниедна грешка.Рамирес - просечно.Тери и Ешли перфектни,Бане просек,Алекс добар беше,се извади и со фантасничниот гол.Чех најдобар во дефанзива.Прекрасен натпревар за подигање на самодовербата и враќањето на победнички патеки по победата над Марсеј.Ова е вистинскиот Челзи кој го сакам.Ова е Челзи кој го знам како игра фудбал и како дава голови.Одиме во нови победи.Следен меч со Астон Вила во гости.Се враќаат Калу,Лампард,Јоси и Босингва.Бред Фридел нека му ја мисли.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.663
Ај честито победа
Одлична игра, одличен резултат, остануваме први на 4 бода пред Сити.
Тој помошниот судија како двоглед да имаше. И офсајд од 1cm ќе видеше. Се на се, добро судеа, мислам дека немаше пенал во првото полувреме.

Анелка и Малуда не се покажаа најдобро денес. Очекував Стариџ да влезе место Анелка (што мислам дека беше планирано) и Какута/Жирков место Малуда. Но, нема врска сега. Битно земавме 3 бода, и изигравме добро.
Дрогба одличен во нападот. Против Арсенал и со заврзани очи да игра мислам дека ќе даде гол. Рамирес супер изигра. Многу борбено, и пожртвувано. Криво ми е само Дрогба што не му подаде, да го постигне првиот гол за Челзи. Есиен одличен, Микел се подобар. Одбраната просечна. Алекс :zver:

Следува еден досаден викенд без ПЛ, а потоа гостување кај Астон Вила. Се надевам дека Лампард, Бенајун и Калу ќе бидат спремни до тогаш.

Blue is the color!!!
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Cestito pobeda, dobar pritisok izdrzavte, dobri bea poslednite 7 sto go cuvaa golot na Cech:smir:
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611

Unplayable.
Unstoppable.
Drogba's the difference once again.
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Анчелоти го изеде тактички неговиот колега.
Можеби јас лошо го сфаќам Челзи, или пак не се разбирам во фудбал, но Венгер постави многу добра тактика, не изеде. Челзи не можеше да ја игра својата игра од годинава. Главен играч до сега беше Микел кој остануваше последен во средината и имаше преглед на цел терен, може да го наречеме плеј (јес да не е) и беше главен дистрибутер на топки. Денеска беше приморан да игра нешто друго. Поради тоа Анчелоти не го „изеде“ Венгер, туку беше обратно.

Поздрав!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Дајте бе некоја фотка од натпреварот.


п.с. Ај у Лига Европа да навиваме за Ливерпул да ја освои, за недај Боже да ни дојде стакленкото Торес
 
В

Вори

Гостин
Финтата беше што игравме агресивно и не му дозволивме на Арсенал да ја игра препознатливата игра.
Чекавме мудро,игравме на контри,и ги искористивме шансите.
 
F

fantomX

Гостин
Можеби јас лошо го сфаќам Челзи, или пак не се разбирам во фудбал, но Венгер постави многу добра тактика, не изеде. Челзи не можеше да ја игра својата игра од годинава. Главен играч до сега беше Микел кој остануваше последен во средината и имаше преглед на цел терен, може да го наречеме плеј (јес да не е) и беше главен дистрибутер на топки. Денеска беше приморан да игра нешто друго. Поради тоа Анчелоти не го „изеде“ Венгер, туку беше обратно.

Поздрав!
Нивната тактика е стално таа, не е ништо посебно ново. Исто ко шо очигледно не е ништо ново дека целта на Венгер е играчот да влези во мрежата, а не топката.

--- надополнето ---

Cestito pobeda, dobar pritisok izdrzavte, dobri bea poslednite 7 sto go cuvaa golot na Cech:smir:
Фала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom