Ајде сега да почнам со бразилецот за нашата реална трансфер-цел - тинејџерот од Сантос.
Накосените букви се превод од цитатот, а то во загради евентуално, е мое додаено во контекст на муабетот.
I дел
Беше неверојатен во сезоната 2010 во Бразил. Напредува во константноста и во самодовербата. Во Бразил повеќе не е „чудо од дете“ туку од ден на ден се повеќе добива статус на ѕвезда. Медиумите се се повеќе заинтересирани за него од ден на ден, го надминува и Робињо во секој поглед - и во популарноста вон теренот и во тоа што го прави на теренот. Има 32 гола во 65 натпревари за Сантос иако се уште има само 18 години. Исто така има и многу асистенции (овие бројки се и поголеми, ова е од април месец, мислам дека има околу 40 гола, мислам 42 беа, во 75 натпревари). Сепак мислам дека е многу млад за преселба во Европа - особено за Англија. Најдобро за него е да остане во Сантос најмалку до крајов на годинава, па и следната. Кога ќе дојде неговото време, сите големи европски клубови ќе бидат заинтересирани за него и Челзи ќе има голема конкуренција.
--- надополнето ---
II дел
Сантос играше во полуфиналето од Паулиста шампионатот на Бразил и Нејмар беше фантастичен цел натпревар. Не само што во себе има безброј трикови и потези, туку и максимално ја користи својата брзина и врши пресинг на противниците. Иако ова ќе ги разочара луѓето кои не сакаат фудбалери кои глумат, Нејмар е „глумец“. И тоа голем.
Споредбата со Пато на негови години пред да замини во Милан е на место според тоа што и двајцата го имаат епитетот млади и слаби. Но Серија А бара далеку помала физчка сила од Премиер Лигата. Плус Нејмар многу повеќе сака да ги дрибла противниците отколку Пато, со што е мета на многу повеќе фаули. И сега во Бразил е многу фаулиран, многу повеќе од Пато, но не не знам дали можам да замислам како ќе изгледа тоа против дефанзивците во Премиер Лигата. Како што реков, треба да се набилда уште за да игра во Англија, а и би било лошо да се прекине неговиот константен напредок во Бразил.
Паметно решение би можело да биде да Челзи го купи сега и го остави уште една сезона како позајмен во Сантос. За жал, мислам дека е поверојатно да заврши во Шпанија отколку во Англија.
--- надополнето ---
III дел (денешно)
Како што реков и претходно, Нејмар е класа сам за себе. Многу потсетува на Робињо од неговите млади денови според градбата и спектакуларноста што ја носи. Но дефенитивно тие двајца имаат свои разлики. Нејмар ја користи брзината што ја има многу повеќе од Робињо, и тоа ја користи реционално. Исто така е и одличен провајдер, одличен дистрибутер, има фантастични асистенции. Завршницата на акциите не му е најсилна страна, но напредува и во тоа со секој натпревар. Тој е тип на играч кој сака да трча и со топка и без неа во потрага по отворен простор, неверојатен при контранапади. Не е тип на играч кој може да игра како единствен напаѓач, не може да игра завртен со грб кон голот или да ја чува топката во место одредено време, но ако покрај него има силен, паметен напаѓач како Дрогба во Челзи, Нејмар може да биде убиствен.
Голем „глумец“ е, но и не може многу да му се замери со оглед на тоа со која леснотија ги поминува противниците кои немаат друга опција освен да го фаулираат и фаулираат, и со тоа лесно се наоѓа на земја. Тоа веројатно е заради неговата мала градба, но неговиот карактер и желбата за топка се неспорни, и со зацврснување на мускулите мислам дека ќе помине и тој дел од неговата игра. Претходно спомнав дека е штета да се прекине неговиот напредок во Бразил, но ако навистина Вест Хем прво го земе на позајмца а потоа оди во Челзи, би било добро. Ќе игра една година константно во англиски тим и се повеќе ќе ги осознава фудбалските и нефудбалските прилики во Англија. Исто така, спомнав претходно дека Премиер Лигата може да е прецврста за него, но фанот на Челзи во мене посакува да го види во синиот дрес и сака да му се даде прилика.
И неговиот клупски другар Паоло Енрике Гансо е исто така возбудлив играч. Би сакал двајцата да ги видам во Челзи, иако мислам дури и дека Гансо повеќе би се вклопил во англиската игра од Нејмар, но тоа е за друг разговор.