Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
F

fantomX

Гостин
One win does not make Inter a great side, or Chelsea a bad one...
...да, ама затоа веќе неколку сезона ја прават екипата на Челзи, точно така, не лоша туку патетична.

Revision, Not Revolution, Needed After Latest Champions League Demise
....можеби, ама само со револуција е можно преплатенице ѕвезди да направат revision (сосема случајно зборов е ист....) на своето дебилно однесување и неспособност главно.

It's amazing how one game can change everything, isn't it?
....ахам, само за некој кој го гледал само тој еден натпревар на Челзи. Евертон два пати, Манчестер Сити два пати, Виган, Хул, Астон Вила....??? Патетика. Само кој со какви очи гледа.

The same goes for Chelsea, who should not be written off for one early exit that, after past successes in the competition, was perhaps overdue. Their record over the last five years should grant them one off-year, especially considering how unlucky they were over both legs of the best match of the round.
....не треба кога ќе има можност за момчињата да напредуваат од ден на ден. А не закржлавените од ден на ден уште појќе да закржлавуваат. Дали е битно среќата или не? Не е ништо битно сега, ни полуфиналињата, ни изгубеното финале, ни о-фамозните титули на Мурињо....! Битна е перспективата на оваа екипа - перспектива која всушност не постои.

To take such “what-ifs” further, how about if Chelsea had been able to include two of their best players, while Inter had been without their equivalents, Maicon and Sneijder? What if the Nerazzurri had been forced to play Paolo Orlandoni in goal? Or, already without Maicon, what if Mourinho had needed to plan around the loss of their other starting full-back (okay, so admittedly Christian Chivu was actually absent) and had missed their only other option (Santon/Zhirkov) for the first leg?
....блаблаблабла, бла бла, бла....блаблабла...бла...бла..бл..... Не, битното е што 30-годишниот лев бек ќе се врати после неколку месеци и само Господ знај како ќе игра; и тоа што Есиен ги сјеба колената и секоја чест да му биди ако игра појќе од три сезона врвен фудбал броено од следнава.

Мурињо може да спреми псохолошки екипа али да направи екипа или да купи талетни тука ми се нема докажано.Кога дојде кај нас имаше веќе шампионски тим,исти случај е и со Интер...
Немаше шампионски тим, но имаше екстремно талентирана група, која само ја надополни со еден коњ (реално гледано, потребен за лигата) - Дрогба, и еден страшно правовремен дефанзивец - Карваљо. Но сепак, Анчелоти начека многу подобро, зар не?
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Не се разбираше, то е точно. Не се одбираше поточно.
Ама ако ја лупнал онаа реченица на сите копитари, веќе не сум сигурен дека е така.

Мурињо го избрка оти многу зборуваше. То е то. За шо имаше право Мурињо, да имаше работи за кои беше во право апсолутно. Ама да бараш уште пари и уште пари, малку си се заебал. Особено ако си го купил Буларуж.
Мурињо, точно, не требаше да си замини тогаш. Требаше, ко што и самиот Мурињо рече, да си замини уште летото. Дали Мурињо има погоден трансфер во Челзи освен Дрогба, Карваљо и Есиен (кој и не беше тешко да го промашиш), делумно и Фереира ајде? И тоа тие тројца ги „впиша“ во деветте недопирливи, иако двајцата беа 29-годишнаци, едниот помлад добро.
Да си напрајш девет (од 11) „недопирливи“ - тешко дека мислиш на подолг рок. То го напрај Мурињо. Неговиот план беше едноставен - газда РОман ќе фрла пари. Епа, додуша за наша жал, немаше појќе. Ама не можам за тоа да го напаѓам Абрамович.
Многу би сакал да го видам Мурињо да го преземи Челзи во ситуација кога претходната сезона завршил трет, има една стара и нетеланетирана група играчи и не можи да купи појќе од еден нов салам играч. И тој е ко што вика „неговиот“ Челзи. Јас разбирам дека тој само психолошки си ја припремаше екипата, но јас би се срамел ова да е „мој“ Челзи, ко што верувам Абамович се срами денојве.
Абрамович го напагам само за двата потега шо ги споменав, и што често ги смени тренерите.... Инаку точно е дека почна да му иде мозокот, белки на арно ке е ......
Не е ништо срамно бе човече, тоа што го градат екипи како Манчестер го градат со исти тренер исти играчи со 2-3 измени само.....
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Ако пак некој спомни среќа наредната година, по цена на долготраен бан ќе го отерам кај шо треба, пошто сметам дека се заебава со нас во ситуација на една екипа без никаква реална перспектива.
Не мислев да провоцирам, во никој случај. Сеа ти ако си го сфатил тоа така, твоја работа :)
 

StefanJT26

Captain , Leader , Legend
Член од
11 јануари 2010
Мислења
610
Поени од реакции
7
Баш да видам дали Анчелоти ќе успее да направи ова што вика. Значи :

- 2 познати имиња како Рибери , Торес , Швајнштајгер.....
- неколку млади таленти , значи не безнадежни случаи
- и да летаат Деко , Белети , Фереира , Хиларио ( за Џо и Анелка не мора )
- нов голман , талентиран ( иако мислам дека подобро би било новиот да игра како 2 , после Чех )
- подобрување на лекарскиот тим и на тренерите

И таман подобро да се запознае со тимот , и да направи добар состав , добра формација , и конечно да имаме клупа.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Последните 2 години екипите што го победуваа Челзи (на ваков или онаков начин) земаа титула во ЛШ :helou:


Не, директен црвен беше. 2-3 натпревари суспензија



Избришав дел од постот да не е многу голем постов.

Кол ќе го држиш до најмалку 32години?
Есиен минимум 35?
Дрогба 35
Жирков 34?

Дај не заебавај бе друже, шо муабет правиме ние цело време, доста ни се старци, ако ги држиме и овие до 30и кусур години за 1-2 години пак ќе дојдеме на денешната ситуација.

Неможеш бековите да ги играш до 35, шо кондиција ќе имат шо брзина ќе имат.
(зависи од формата и кондицијата нормално, ама години си се години)


Треба 4-5 играчи со најмногу 30-31година, 4-5 околу 25-27години, и неколку младинци :toe:


Добро напишал чоекот пошто ако донесеме како со донесе Арсенал се млади играчи нема да го биде Челзи веруј..мораш да имаш некој постар и поискусен играч во тимот..
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Не цитирам никого посебно, само сакам да се надоврзам на дебатирањето околу грешките и успесите на Мурињо и Абрамович.

Факт е дека ако не беа милионите кои Абрамович ги даваше од џеб, Челзи немаше да ги има успесите од претходните години и да прерасне во еден од најсилните тимови во Европа. Истиот Челзи кој ден пред продажбата се обидуваше да скрпи каков таков тим за ЛШ, завршувајќи ги преговорите со 35 годишниот Батистута на кого му заврши договорот со Рома и со Милан околу едногодишна позајмица на Хозе Мари. Истиот Челзи кој преговараше со Арсенал да му го продаде Џон Тери за дваесетина милиони фунти.
Значи нема никакви дилеми дека еднистван човек поради кој продолжи функционирањето на Челзи и кој овозможи негово лансирање во фудбалската елита е единстваено Роман Абрамович.
Исто така е факт дека токму поради вложувањата на Абрамович започнаа и вложувањата во останатите тимови од Англија и нивен квалитативен прогрес за скалило погоре. Голем број новодојдени сопственици водеа лоша финансиска политика или беа желни само за брз профит, поради што и доста тимови скапо го платија тој нив "брз развој".

Вина за развојот на Челзи и неговите следни (не)успеси може да се лоцира и во Роман и во Жозе, само чија е покобна е прашање кое бара поширока дискусија.
Значи, прва желба на Роман (откако не успеа да го договори Ериксон првата сезона) беше Жозе Мурињо, посакувајќи брз успех, идентичен на историскиот на Порто. Тоа што не ми се допадна со доаѓањето на Абрамович е тоа што му даде до знаење на Раниери дека сака веднаш да се ослободи од него. Не дека е Раниери е чудовиште од менаџер, ама сето тоа влијаеше лошо врз неговата работа со тимот и создаваше непотребен притисок...подобро да го избркаше уште одма и нека почнеше градење на тим од нула. Со доаѓањето на Мурињо и успесите кои следуваа сето ова што се случуваше изгледа толку небитно, ама да не заборавиме дека уште веднаш можеше да се освои толку зборената и посакувана ЛШ. Сламката на спас за Клаудио Раниери беше токму освојувањето на ЛШ уште првата сезона. Со играч повеќе примивме 2 гола во Монако на гости и толку беше приказната. Само не ми е јасно зашто кога знаеше дека му се минимални шансите да остане менаџер, за наредната сезона ги договори Чех и Робен. Можеби и доста клучен потег за успесите во наредните 2 сезони. Поентата не ми е да го воздигнувам Раниери како голем тренер, едвај чекав да се остварат шпекулациите и да дојде Мурињо, туку да изнесам факти кои кажуваат колку било битно фудбалското знаење на Раниери и фудбалското незнаење на Роман. Сепак во оваа прва сезона било каква грешка е дозвоелна. Абрамович за прав пат се впушти во вакво нешто, а за Челзи со оглед на околностите, беше успех со самото тоа што продолжи да живее како клуб.
Совршенството кое почна да го живее Челзи под водство на Мурињо, беше под постојан притисок да се урне од желбата да се освои ЛШ по секоја цена уште веднаш. Можеби денес и се ќе беше многу подобро, да не беше признат оној фантомски гол на Луси Гарсија и Челзи да не испаднеше во тоа 1/2 финале. Целта ќе беше остварена и немаше да се создаде можност околу Абрамович да се создаваат фракции кои ја бараат главата на Мурињо, како менаџер кој е неспособен за уште еден европски успех.
Сепак беше прва сезона на Жозе и усепхот во ПЛ гарантираше дека Европската титула нема повторно да избега.
Тука веќе почнувам да лоцирам одредени грешки во дополнувањето на екипата од Португалецот. Самиот кажа дека костурот е тука и дека наредните 4-5 сезони ќе има потреба од 2 до 3 нови фудбалери кои ќе внесат свежина и ќе ја надополнат екипата. Толку ли неможеше да најде лев бек па мораше да се одлучи за Дел Орно...Единствената слаба точка во тимот, поради честите повреди на Бриџ и одбивањето на Галас да настапува како лев бек, успеа да ја пополни со фудбалер со сомнителни квалитети. Токму поради тој фудбалер ( и поради страшната форма на Роналдињо) патот во ЛШ се прекина уште во 1/8 финале.
Тука почнуваат и првите посериозни проблеми. Абрамович започна да ги посакува "најдобрите" Шевченко и Балак за да го добие пехарот и да "му помогне" на Мурињо во работата. За да играат двајцата мораше да се промени тактиката, да се откаже од Даф, Робен и Џ. Кол да добиваат далку помалку минутажа. Сепак оваа глупост на Абрамович мислам дека е нула во споредба на глупоста на Кенион и купувањето на Ешли Кол во замена за Галас како дел од трансферот. Челзи остана со двајца вистински централни дефанзивци за цела сезона. Нека ви текне само на колку натпревари одбраната беше вистински хаос поради тоа што Есиен и Фереира мораа да играат како централни дефанзифци. Оваа сезона (со исклучок на невиденото промашување на Мурињо со Буларуж - за кого не сум ни сигурен дали дојде во сезоната за која говорам или претходната) започна растурањето на тимот кој го имаше замислено Мурињо....виновник е или footbal manager знаењето на Роман или луѓето кои ги постави во управата, а кои поради сопствена корист алудираа на смена на Мурињо.
Според мене следната сезона настанува клучната глупост со продажбата на Робен, доведувањето на Малуда и недоведување на соодветен десен бек (Белети 32), како и трупањето на тимот од инат на Мурињо, со слободни играчи како Бен Хаим, Пизаро и Сидвел.

Има уште неколку потези од кои ме боли глава, ама според мене, потезите кои ги потенцирав (без разлика дали се на Мурињо или на Абрамович, се клучни за тоа што Челзи денес не е тим кој игра во финале на ЛШ и е непобедлив во ПЛ.

Наместо:
Робен, Диара, Рибери, Даниел Алвеш, Ето...

Денес дрм тимот на Челзи го сочинуваат:
Малуда, Микел, Калу, Белети, Анелка...


Значи фатални потези има и од Абрамович и од Мурињо,па и од неговите следбеници до денес.
Пропустите се веќе направени и нема назад, само се надевам дека од следната сезона ќе проработат некои мозоци кои се клучни за успесите на клубот.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Точно е тоа дека Челзи немаше да биде она што е денес доколку не дојдеше Роман Абрамович, тоа е факт. Како што е факт и дека Челзи немаше да биде она што е денес доколку парите на Абрамович не беа надополнети со Мурињо како менаџер.
Кога на местото од Раниери дојде Мурињо се започна перфектно, и се се одвиваше така додека Русинот очајно не започна да ја посакува титулата, мислеше дека со парите кои тој ги инвестирал мора да се дојде до врвот на Европа. Клучниот момент според мене е кога Абрамович почна да му се меша на Мурињо во составувањето на тимот, атмосферата се сруши, доаѓањето на Шевченко значеше терет во тимот, менување на формација за само тој да се прилагоди, губење бодови итн.
Потполно се сложувам со изјавата на Мурињо после поразот од Интер, Абрамович сега знае дека не е лесно да се освои Лигата на Шампионите.
Што се однесува до играчкиот кадар, точно е дека значаен дел од тимот беше составен од Раниери. Мое мислење е дека Раниери знае подобро да направи екипа од Мурињо, но Жозе знае како да победува со екипата. Тоа јасно се гледа од тој кобен натпревар во Монако кога игравме со играч повеќе, водевме 1-0, Раниери уфрли напаѓач верувајќи дека ќе го дотолчи противникот, и изгубивме.
Мурињо имаше трансфер промашувања, но тој беше човекот кој го направи тимот да дише како едно, го направи клубот фамилија, влеа самодоверба во фудбалерите и желба за победа. Уште еднаш ќе повторам, се функционираше така додека Абрамович не почна да се меша.
Воопшто не жалам зошто беше продаден Робен. Тој го одигра своето, го даде доприносот за Челзи, потоа почна често да се повредува, а кога се враќаше во игра не беше оној истиот Робен, не можеше да ја пронајде вистинската форма. Истото се случи и во Реал Мадрид. Сега игра добро во Баерн Минхен, можеби тоа е вистинскиот клуб за него.
Диара, еден од моите омилени играчи, веднаш проценив дека е огромен потенцијал. Но во тој момент во тимот ги имавме Макелеле и Есиен, а Диара сакаше да игра. Челзи играше со еден дефанзивен во средниот ред, значи Диара никогаш немаше да фати место пред Есиен, требаше да чека тој да биде повреден за да игра, така да и оваа продажба беше логична.
Мислам дека Мурињо знае да продаде играчи, купувањето му одеше малку потешко, имаше промашувања. А што се однесува до Дани Алвеш, мислам дека е убиствено тешко да купиш играч од Севиља. Претседателот им е човек кој одлуките ги донесува од инает, не од фудбалско разбирање. На Челзи му бараше 40 милиони за Дани Алвеш, на Барса (директен конкурент во Ла Лига) го продаде за 30. :tapp:

Сега е потребен мал ремонт во тимот, подмладување, носење на неколку добри фудбалери кои ќе го освежат тимот и ќе ја вратат желбата за победување.

Има да се зборува уште многу, но доволно е за сега.
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Тоа јасно се гледа од тој кобен натпревар во Монако кога игравме со играч повеќе, водевме 1-0, Раниери уфрли напаѓач верувајќи дека ќе го дотолчи противникот, и изгубивме.
Мурињо имаше трансфер промашувања, но тој беше човекот кој го направи тимот да дише како едно, го направи клубот фамилија, влеа самодоверба во фудбалерите и желба за победа. Уште еднаш ќе повторам, се функционираше така додека Абрамович не почна да се меша.
Воопшто не жалам зошто беше продаден Робен. Тој го одигра своето, го даде доприносот за Челзи, потоа почна често да се повредува, а кога се враќаше во игра не беше оној истиот Робен, не можеше да ја пронајде вистинската форма. Истото се случи и во Реал Мадрид. Сега игра добро во Баерн Минхен, можеби тоа е вистинскиот клуб за него.
Диара, еден од моите омилени играчи, веднаш проценив дека е огромен потенцијал. Но во тој момент во тимот ги имавме Макелеле и Есиен, а Диара сакаше да игра. Челзи играше со еден дефанзивен во средниот ред, значи Диара никогаш немаше да фати место пред Есиен, требаше да чека тој да биде повреден за да игра, така да и оваа продажба беше логична.
Беше 1:1 кога Гркот доби црвен картон, потоа изгубивме 3:1. Aма најмалку битно сега тоа во муабетот.

Неможам да се согласам што толку лесно клубот се откажа од едно од најдобрите и најбрзи крила, а на негово место не беше доведена адекватна замена. Наместо да се напреднува играчкиот квалитет, започна уназадување. Или па од клубот мислеа дека ќе избие на површина екстраталентираниот Калу?!?! Се согласувам дека сакаше да си оди, дека не беше во форма и дека го убија повредите, ама и таков повреден Робен би бил 5 пати покорисен од Малуда и Калу заедно. И Кристијано Роналдо сакаше да си иде по светското во Германија и инцидентот со Руни, имаше проблеми со повреди, плус за разлика од Арјен му беше потребна и година за адаптација, ама сепак Манчестер не згреши да дозволи да си замине фудбалер кој подоцна сите видовме во што прерасна.

И со Диара голема глупост, последен ден од преоден рок го продаваат на Арсенал. За алтернатива DMC е донесен Џон Оби Микел :toe:
Ама тоа е, на некого во тимот сигурно му е криво повеќе отколку на мене.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
За Диара ми е жал што го испуштивме, но тој сакаше да игра, реално за него немаше место во првиот тим и тоа е тоа. Тој не е играч кој би седел на клупа, има преголем потенцијал за клупа. Но Робен мислам дека го одигра своето. Ме нервира кај него тоа што е себичен многу, а нема добра завршница, тоа најдобро се гледаше и во Реал Мадрид, не знам, не е некој за кого жалам. Стварно во Баерн Минхен се препороди, но не незнам, не е мој тим на играч. Арон Ленон мислам дека би бил добар избор ако бараме крилен играч а не можеме да го донесеме Рибери. Но тактиката на Анчелоти и не е со крилни фудбалери, така да можеби и нема да се бара тоа. Еве моја желба како би сакал да изгледа првиот тим на Челзи за идната сезона, мислам дека со вакви тројца фудбалери би добиле подмладување, свежина, подвижност и креативност.
------------------Чех----------------
Ивановиќ----Тери-----Алекс-----Кол
------------------Есиен-------------
-------Лампард--------Гуркуф
---------------Хамшик-----------
-------Агуеро--------Дрогба-------

Торес не верувам дека од Ливерпул би дошол во Челзи. Давид Виља и Рибери мислам дека ќе го засилат Реал Мадрид.
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
------------------Чех----------------
Ивановиќ----Тери-----Алекс-----Кол
------------------Есиен-------------
-------Лампард--------Гуркуф
---------------Хамшик-----------
-------Агуеро--------Дрогба-------
Се сложувам со составов само уште управава активно да работи и ок ќе биде.
Очигледно е дека Абрамович сега помалце се меша во клубот али финтата е управата ни е поглупа од Абрамович. И да и неколку млади талетни да се купат не е лошо да се ни се обнови академијата...

Немаше шампионски тим, но имаше екстремно талентирана група, која само ја надополни со еден коњ (реално гледано, потребен за лигата) - Дрогба, и еден страшно правовремен дефанзивец - Карваљо. Но сепак, Анчелоти начека многу подобро, зар не?
Анчелоти начека еден состав кој пола сакаше да оди во Интер(Дрогба,Лампард,Карваљо) 3 се али исто како пола состав да се, и начека еден состав без класичен плејмејкер и напаѓач. На лето да му се обезбедат ресурси на Анчелоти да си купи играчи по негов терк ама тој да ги одбере не управата моронска исто како и Раниери што правеше па после ќе можеме слободно да го плјукаме... До тогаш ќе пљукаме по играчите читај(Оби Микел,Ањелка)
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
------------------Чех----------------
Ивановиќ----Тери-----Алекс-----Кол
------------------Есиен-------------
-------Лампард--------Ди Мариа
---------------Хамшик-----------
-------Агуеро--------Дрогба-------

Добар е составот,само на местото на Гуркуф би го стаил Ди Мариа.
 

StefanJT26

Captain , Leader , Legend
Член од
11 јануари 2010
Мислења
610
Поени од реакции
7
------------------Чех----------------
Ивановиќ----Тери-----Алекс-----Кол
------------------Есиен-------------
-------Лампард--------Гуркуф
---------------Хамшик-----------
-------Агуеро--------Дрогба-------

Торес не верувам дека од Ливерпул би дошол во Челзи. Давид Виља и Рибери мислам дека ќе го засилат Реал Мадрид.

На овие играчи ќе им треба долго време да се адаптираат. Рибери нема да оди во Реал , а Торес без проблем би дошол во Челзи доколку Ливерпул завршат после 4 место. Рибери попрво би отишол во Барса. Не ми е јасно зошто секој играч откога ќе отиде во Реал игра многу послабо ( Овен , Робен , па и Роналдо не е истиот од лани ама не е ни слаб , а тука се и Кака и Алонсо ).
 
В

Вори

Гостин
Се зареков дека не пишувам на темата,ама да му одговорам на Сајтлер морам.

Не дека не бива.
Туку веќе играчите се престарени,без воља и желба за игра,за победи,за нови титули.

Го нема жарот,кој што го имаа порано.
Треба засилувања како и секоја екипа,треба млади играчи кои имаат мотив да направат нешто повеќе.И ние не даваме по 100 милиони за играч,ако прајме компарација со Реал.

А,што?Милан нема да купува играчи на лето?

Колку за информација,Челзи во изминатиот трансфер период потроши 18 милиони само за Жирков..


Балак,Лампард,Карваљо,Фереира,Белети,Деко,Анелка..нема сврха веќе да играат за Челзи овие.Земаат надуени плати,кои не ги заслужуваат,а се влечат по терен,колку да се рече,без никаква корисност за тимот.

Од овие што ги наведов само Лампард би го остаил..

Иначе продолжувам со постот на фанклубов..
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Се зареков дека не пишувам на темата,ама да му одговорам на Сајтлер морам.

Не дека не бива.
Туку веќе играчите се престарени,без воља и желба за игра,за победи,за нови титули.

Го нема жарот,кој што го имаа порано.
Треба засилувања како и секоја екипа,треба млади играчи кои имаат мотив да направат нешто повеќе.И ние не даваме по 100 милиони за играч,ако прајме компарација со Реал.

А,што?Милан нема да купува играчи на лето?

Колку за информација,Челзи во изминатиот трансфер период потроши 18 милиони само за Жирков..


Балак,Лампард,Карваљо,Фереира,Белети,Деко,Анелка..нема сврха веќе да играат за Челзи овие.Земаат надуени плати,кои не ги заслужуваат,а се влечат по терен,колку да се рече,без никаква корисност за тимот.

Од овие што ги наведов само Лампард би го остаил..

Иначе продолжувам со постот на фанклубов..
Овој пред Велгденски пост а хахах
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom