После 15 дена бан,поради пушење,редно е да пишам и ја на форумов,и на фанклубов!
Прво не се навраќам наназад,ќе пишам за денеска.
Игравме добро и повеќе од тоа.
Имавме шанси,ги искористивме и победивме 4-1.
Не мислев дека некогаш ќе го кажам ова но,Малуда дефинитвно го изигра најдобриот натпревар на сезоната,можеби и најдобриот од кога е дојден кај нас.
Две одлични асистенции и супер гол.Секоја чест!
Исто така(и ова не сакам да го кажам ама ај...)Фереира беше солиден и корисен.
Ме изенадија позитивно овие двајца,браво!:tv:
Анелка е КАМЕН!
Не сакам повеќе да го видам да игра за нас.
И ова го имам приметено.
Тери кога игра со Алекс во одбрана,тогаш е стопати посигурен одколку кога игра со Карваљо.Се надевам дека Анчелоти мисли како мене.
И се надевам дека болната гримаса на крај,не е ништо посериозно.
Трнбал..хммммм..
Ипак не верувам во него,можеби не беше и којзнае колку крив за голот,ама некако не ми се гледа сигурен.
Здравје кога ќе се врати Чех,ве молам за него не зборите лошо,па колку и да е тој лош.
Зошто ќе кинеме живци со Хиларио и како што би рекол Игор-Дебилевски Трбуљ!
Дрогба не беше нај-нај,ама даде два голови.
Прав напаѓач,феноменале инстикт.
Ме фаќа еуфорија за со Интер,едвај чекам.
Никако не треба да ги потцениме,иако изгубија од Катанија.
Ако играме како денеска,крај краева малце подобро,тогаш ќе ги поминеме.
Единствено нешто што ме плаши е голманската позиција,и до некоја мера Мурињо.
Тоа е тоа!
Нека ни е честита победава,и првото место,да даде Господ да продолжи ваквата серија пред се со Интер па потоа и во ПЛ!
C'mon CHELSEA!
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)