Малку за позајмениве играчи...
Миро Сточ - 8 гола во 16 лигашки настапи за Твенте, кој е прв во Холандија после 17 кола со 15 победи и 2 нерешени. Во Лига Европа во 6 настапи има 2 гола, Твенте игра следна фаза со Вердер. Бидува добра продажба.
Мајкл Мансиен - 14 дуели, 10 како стартер од 18-те сезонава за Вулфси во Премиер Лига, конечно последниов натпревар беше употребен на средината, единственото евентуално место за него во Челзи (покрај десен бек, можеби), со оглед на тоа дека ќе бидат потребни играчи кои поминале бар три години во клупската академија.
Франко ди Санто - 12 старта за Блекбурн, еден погодок засега. Верувам дека ќе напрај перманентен трансфер во Блекбурн на сечие задоволство.
Скот Синклер - има 10 настапи и 1 гол за Виган, ама најчесто влегува како резерва. Иако е Англичанец, иако долго е играч на Челзи, тешко ќе се врати догодина.
Рајан Бертранд - за мене единствен играч позајмен во пониските лиги, вреден за коментар. 21-годишен енергичен лев бек. Има 20 настапи за Ридинг сезонава, скоро сите 1800 минути изиграни. Иако Ридинг се далеку од добри сезонава, како поединец го има, што мислам би го вратило догодина.