И која е поентата ако Сале го избркат утре?
Пак ќе дојди некој си сличен како него со оглед на то дека немаме пари ни Сале да го платиме, па дури се адаптира, па пак него нема да му чинат играчите, па на првиот пораз одново него бркај го... И до кога така?
Не дека го бранам Сале, ама моментално тие ни се капацитетите... Јасно е дека и со шеста постава требаше барем да одиграме 0-1 до крај, ама то е то... Титулата е изгубена уште многу поодамна, џабе се чукаја в гради во анталија дека можиме да стигниме 6 негатива...
Единствено нешто шо треба да се напрај е она шо Чоки рече. Да се продат најголем дел од играчите, особено тие со енормни примања па се од почеток. Па кој нормален потпишал договор со Чава за 200К?
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
На цела ситуација, екипата 2 месеца се спрема во Анталија, ко небаре нема низ Србија кај да се спрема а би поминала барем дупло поефтино, згора на се пак не се спремни и сакат со одење да добијат утакмица. Ги носиме Гаридо и Дауда иако немаме пари ни сол в очи да си фрлиме. На позицијата на Гаридо го имаме Мичко, а Дауда е неспремен, и тешко да го спремат до мај негде, а има договор од 200К...
Се на се, одмилено ми е од поодамна што се случува во клубот. И сум голем скептип дека нешто ќе се смени на подобро во иднина...