eве колку беше во офсајд
гол кој многу ќе влиаеше на крајниот резултат
Прво, фала што ни пишуваш.
За голот на лацио си потполно во право, немаше офсајд, регуларен гол, но не си во право дека тоа ќе го сменело текот на натпреварот, како што тоа ќе го сменеше кај катанија и јувемерда бидејќи таму катанија после нивниот гол тотално ќе се повлечеше. Tука овие две екипи не знам дали би играле поинку, цел натпревар го играат под некое исто темпно карактерично за двете екипи дома/гости. Криво ми е стварно за лацио, ќе си земеше бод, можеби искомпензираа што фиорентина беше оштетена минатото коло, но што е па лацио крив за тоа. Тешко е да се предвиди што ќе беше после 1-1, лацио си ги имаше жолтите картони уште прво полувреме, оправдани беа црвените, али додека не воведат технологија како што треба ќе се нервираме со глупости. Можеме да кажеме заслужено или не, а мое мислење дека лацио не изигра на ниво денес, повеќе ми влече кон заслужена победа
Друго, загрижен сум за фернандез, не дека го промаши пеналот, туку поради тоа што човекот не се гледа во италјанскиов фудбал, тешко се вклопува, мислам дека или ќе го продадат или сам ќе си отиде, мое мислење секако.
Последно, аквилани е класа, оддвај чекам валеро-пизаро-аквилани од 1'.
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 22:36 ---
Сити се интересирал за Јоветиќ!
не знам зошто се интересираат, не дека ние не би го продале за голема сума, тие си имаат многу напаѓачи, не е луд да иде јоветич таму да грее клупа или да игра во ФА куп. овие арабски клубови поима немаат што праат