Коленото на Соколов, ОК
Дарко Соколов, најверојатно, ќе биде во конкуренција за националниот дрес за следната средба од квалификациите, која ја играме в сабота, против Летонија.
Иако не се најде на списокот на патниците за Талин, младиот бек помина добро на деталните лекарски прегледи, т.е. на "магнетната резонанца".
Снимките покажаа дека нема сериозни истегнувања на лигаментите на левото колено на Соколов, кое го повреди на оној драматичен дуел во Рига.
"Се чувствувам многу подобро. За среќа, нема оштетување на лигаментите, туку лекарите кажаа дека се работи за т.н. 'набивање' на коленото"- појаснува Соколов, кој во меѓувреме е ставен во режим на рехабилитација.
"Верувам дека за неколку дена с$ ќе биде во најдобар ред и дека ќе продолжам заедно со репрезентативните соиграчи на оној пат кој води до настап на ЕП во Полска"- дополнува младиот кошаркар.
Освен Соколов, враќањето на нашата експедиција од Естонија
ќе го чека и Марјан Ѓуров. Искусното крило на Фени Индустри доби дополнителен повик да се врати на тренинзите на националниот тим, но во овој момент предност доби Перо Блажевски, кој одработи поголем дел од подготовките на "црвено-жолтите".
Искрено камен ми падна од срцето каа разбрав ваа вест си викам сеа и воа ако ни се повреде и наебаме,.