Абед Амир се повлекува од УО на КФМ?
Првиот човек на македонскиот шампион, Фени Индустри, г.Абед Амир во иднина најверојатно повеќе нема да биде член на Управниот Одбор на КФМ.
Иако сеуште во фазата на неофицијалното, еден од најголемите спонзори на нашата федерација, соочен со сериозни обвинувања од страна на повеќе прволигашки екипи, одлучил да се повлече од функцијата односно членството во УО на КФМ.
Една ваква можност г. Абед најавил уште на последната седница на Здружението на прволигашите, одржана пред неколку дена во Охрид.
Во таа прилика тој истакнал дека повеќе не може да ги издржи притисоците кои поради неговото членство во УО на КФМ, ги трпел клубот од каде доаѓа, Фени Индустри, а во меѓувреме се подготвувал тоа да го образложи во писмената оставка до УО на КФМ.
Според него, таа функција била крајно "иритирачка" за повеќе клубови, и била интерпретирана, најчесто во негативна конотација.
Тоа, според Абед, било особено изразено во финишот на сезоната, односно за време на финалната серија на плеј-офот и дуелите против Струмица преку кои Фени Индустри ја освои шампионската титула.
Со оглед на паузата која следува во сите сфери на македонската кошарка, особено состаноците на УО на КФМ, за верување е дека сето ова ќе биде официјализирано дури пред почетокот на следната натпреварувачка сезона.
Засега останува непознато и тоа дали Фени Индустри ќе продолжи со спонзорските активности во нашата федерација, насочени кон сениорската репрезентација на Македонија која, како што е познато, ја чека тежок квалификациски циклус за пласман на ЕП 2009 година во Полска. еве ви сега конечно ке немате причина да ја нарекувате КФЕ.ај да видиме дали и овој пат ке судат судиите за фени индустри.знаат тие кои што викаа КФЕ кои се.ова е од бројот на македонски спорт на 8 јули :nenene: