Нема финале за Фени Индустри
ЛОВЌЕН – ФЕНИ ИНДУСТРИ 81:74
(22-24; 16-26;17-12; 16-22)
Сала “Универзијада”-Софија. Гледачи:300. Судии: Башар (Израел) – Пелтеков (Бугарија) – Глишиќ (Србија). Делегат: Рангелова (Бугарија)
Ниту од “втора, не успеаја кошаркарите на Фени Индустри во својот втор обид да влезат во големото финале на Еврохолд БИБЛ Лигата.
Ако лани во Самоков пречка која не може да се помине беше Работнички, овојпат во Софија, Фени Индустри застана пред Ловќен.
Младиот и полетен црногорски состав беше подобар од кавадаречкиот. Победи тимот од Цетиње со (81:74), сосема заслужено.
Во целост ги искористија “црвено-белите” доста лошите моменти, пред се во одбраната на Фени Индустри. Наметнаа свој стил на игра, упорно форсираа игра “два на два” И на крајот, тоа им донесе резултат-прво финале во своето прво учество во Лигата на Балканот.
Лошо го одиграа првото полувреме од првото полуфинале кошаркарите на Фени Индустри. Пред се во одбраната каде скоро не одбранија ниту еден напад на одличните Црногорци. Тоа особено важи за високите играчи на нашиот тим кои делуваа доста збунето во дефанзивата.
Особено големи проблем им создаваше незгодниот Поповиќ, кој ја “бушеше” одбраната на “портокаловите” во многу ситуации, И собра дури 18. Поени во првите 20. Минути.
А и кога нема да му “поминеше” тоа, знаеше да проигра во вистински момент, за да поентира Дубљевиќ (имаше 13 поени во првото полувреме), па и “малиот” но прецизен Стојановиќ.
Фени Индустри имаше највисоко водство на “отворањето” на втората четвртина, кога по тројката на Поповиќ, поведе со (27:22).
Сето друго беше во корист на Ловќен, чии кошаркари максимално ги користеа сите “дупки” во дефанзиваата на Фени Индустри. Па така, со серија од (11-2), го направија првото одвојување на средбата. Поведоа со плус 7 (39:21), предност која беше “присутна” се до полувремето, кое Ловќен го “доби” со (48:40).
20 минути во кои кавадарчани направија дури девет грешки, а имаа И три скока помалку (13 спрема 16), што со лошата реализација од поле, беше ненадоместливо за грешките во одбраната.
Некои битни промени во играта на нашиот претставник немаше ниту во продолжението од полуфиналето.
Не го сменија својот стил на игра момчињата од Цетиње. Упорно форсираа “пик-енд-рол” игра, која им сметаше И тоа многу на спорите И видно заморени центри на Фени Индустри.
Го одржуваа водството кошаркарите на Миодраг Кадија И покрај тоа што неговиот колега, Емил Рајковиќ се обиде со промени во одбраната, од “човек” во зонска игра. Но пормени во играта не беа видливи, па по три периоди од играта Ловќен побегна И на највисоки (65:62).
Последниот обид на кавадарчани се случИ во послеените четири минути. Кога конечно Лајф заигра нешто (погоди две тројки), Фени Индустри се доближИ на сериозни достижни (68:73).
Имаа кавадарчани И шут за минус 2, но место тоа, дозволија Кувељиќ да го врати Ловќен на комотни (76:68), кога останаа да се доиграат само 2:40 минути.
А во нив некако во трагична фигура се претвори Трајковски. Откако намали на (72:76), имаше две грешки во нападот со кои ја потроши и последната шанса Фени Индустрѕ да се врати во мечот, и да направи пресврт.
Ќе беше веројатно И премногу, затоа што Ловќен покажа како треба да се игра против Фени Индустри.
Цвртсто, храбро, силно, со форсрирање на “пик-енд-рол” по секоја цена.
Тоа во Софија даде резултат, кавадарчани одат дома, цетињани чекаа(т), со кого ќе играат во финалето.
Од Софија
Бобан Радуловиќ
ЕМИЛ РАЈКОВИЌ (ТРЕНЕР НА ФЕНИ ИНДУСТРИ);
Не го запревме нивниот “пик-енд-рол”
Видно разочаран делуваше Емил Рајковиќ по загубата И на своето второ полуфинале во Балканската Лига.
Пред се поради што неговите играчи не успеаја во целост да ги спроведат неговите, пред се дефанзивни замисли.
“Имаа побрза транбзиција во играта во нападот. Нивните високи играчИ добро се отвораа, уште подобро играа ‘пик-енд-рол”, Момент кој ни беше тежок за бранење.
Во второто полувреме променивме некои работи во одбраната, пред се со поставка на некои зонски варијанти. Делумно успеавме да симнемее добар дел од негативата. Дојдовме до ситуација за пресврт. Но не реализиравме неколку зицер ситуации за што бевме веднаш казнети”.
Рајковиќ е свесен дека има замор во екипата но И дека тоа не било во таа мера пресудно за конечниот епилог.
“Ниту барам, ниту пак некогаш сум го правел тоа. Не барам алиби во повредите кои ги имаат некои наши играчи. Видовте, Михајловкси играше повредне, Поповиќ игра незалечен, кај Кнежевиќ се чувствува дека не е во ритам, одигра лошо, Трајковски исто така. Имаме тешки центри И тоа ни е проблем во играта, особено кога противникот ќе одигра добро во тие ситуации ‘дав на два”. Во периодот кој е пред нас ќе работиме на тоа”-анализираше Рајковиќ по елиминацијата.
МИОДРАГ КАДИЈА (ТРЕНЕР НА ЛОВЌЕН):
Направивме и повеќе од очекуваното!
“Честитки за Фени Индустри кој е одличен тим, кој има одлични резултати зад себе во ова сезона . Исто така за моите играчИ кои одиграа пред се борбено, на моменти и крајно инспирирано, што во крајна смисла И ни го донесе овој голем резултат.
Мислам дека натпреварот беше интересен за гледање во кој веројатно направивме И повеќе од очекуваното.
Пред се затоа што ‘добивме” еден тим со одлични шутери, центри, кој не се предаваше дури и кога имаше негатива од 12. Поени. Видовте дека со две тројки успеаја да ‘симнат’ на 6.разлика И да ‘се вратат’. Но, одигравме смирено во тие моменти на одлука. Не паничевме, верувавме во себе, И на крајот бевме наградени за тоа”-коментираше тренерот на првиот финалист во Софија.
ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА ВРБИЦА СТЕФАНОВ
Врба и Жоро први балкански лауреати
Во “интермецото” помеѓу двата полуфинални натпревари, организаторот направи И посебна церемонија, И тоа во чест на двата кошаркарски великани на овие балкански простори.
Специјалната награда на Еврохолд БИБЛ лигата за прв пат ја добија нашиот Врбица Стефанов И бугарската легенда Георги Младенов.
И двајцата беа срдечно поздравени од присутните. Имаат И за што, ако се знае што се дале за овој спорт во текот на кариерата.