Фан Клуб : Фени Индустри

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Ја гледав утакмицата и искрено разочаран сум од мојот тим (Амак СП). Богоев цело време беше изгубен во просторот, ја фрлаше топката како да фрла лубеници.
Фрај се напизде првата четвртина, потоа тренерот го изваде. Во 4-тата четвртина Фрај направи мал милион грешки.

Ако Тасески лани на истата позиција на Богоев беше тапа, овој пак сега беше уште поголема тапа. Играчот со број 14, незнам како се вика, направи 10 грешки во минута и тренеров пак не го изваде.
Чубрило имаше мала минутажа. Војдан Стојаноски неможеше една тројка да погоди на крајот.
Ама све е кривица на тренерот. Дури и нашиот нов посран центар со број 8 фати тројки да фрла од немање идеја.
Цела кривица е на тренерот. Дури и обичен гледач како мене може да сфати дека тактиката и поставата не им чини, незнам тој што мислеше.
Уствари, да имаше ум ќе мислеше.

Јас сум разочаран од оваа утакмица. Фени играа подобро.
Жал ми е што шутраци вакви кои земаат минимум 500 евра плата неможат да се борат за топка.
Тотално сум разочаран. Не одам повеќе да гледам, освен со Работнички кога ќе играме.

Тоа е факторот Богоев друже, он кога игра плеј не очекувај играчите до него многу да се изнаиграат, добро го осетија тоа на своја кожа лани Соколов и Тасовски во Струмица.

Вашиот нов центар, најверојатно милсиш на Дејан Вегов, едноставно немам зборови за да го опишам колкава цепеница е, уствари ќе го видите сами, за жал.
 
gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
То мајстори, два од два против Амак :vozbud:
 
K

kaiser soze

Гостин
po tvoe ako e na NBA TV ke treba samo Lakers,Cleveland i Boston da gi davaat.Pelister e najslabo zastapen i sega nemu mu e redot,a ne koja ke e pointeresna.A i ako gledas od ekonomski aspekt(gledanost i sl) Bitola i Skopje se pogolem auditorium od Kavadarci i Ohrid.Zalim slucaj.A i ne zaebavaj,do vcera u sala ne odevte,a sega kao tesko ti e.Koj ke te razbere,denes mrazis crnci,utre mrazis rasizam.
Абе дека е најмалку застапен Пелистер тоа донекаде е така,ама да говориш за нашата лига и горе споменатата телевизија и аудиториум,т.е. за економски аспект на работите тука си се изгубил во преводот.Туку ајде...
Што се однесува до натпреварот поопширни информации ако знае некој да ги образложи.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Честито победа.Докажавме дека сме конкуренти за титулата.Поздрав до сите кои мислеа дека после нова година Фени ќе се бори за опстанок.Оваа победа е посветена за нив...Честитки момци
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
луге талик вчера растур направил=дадил 24 коша и 12 асистенции!!:vozbud:
добро е да дава и он кошеви ке биде доброоо!!:salut:
 
Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Види го Трајко бре ги убил :vozbud:Ај честито победа со ова докажавме дека имаме квалитети за титула како што кажа Тасо ваа победа му ја подаруваме на сите скептици кои не веруваа во Фени:salut:
 
gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Веројатно дополнително мотивиран после промашувањето на слободното фрлање во Романија, Талик гадно се наапал и фанал да растура, 9/10 за два поени, 6/10 за еден поен, одлична партија и за Гоцевски 7/9 за два, 3/3 за еден, а многу пријатно изненади и Михајловски со 12 поени - 4/6 за два, 4/4 за еден поен
 
tose_cesc

Oh Arsenal we love you!
Член од
3 јануари 2009
Мислења
753
Поени од реакции
43
Браво Фени само така мајстори и оваа година титулата е наша
 
klime7

vending
Член од
6 ноември 2007
Мислења
1.241
Поени од реакции
52
Вака прво со големо закаснување честитки за потполно заслужената победа :smir:

Цела кривица е на тренерот. Дури и обичен гледач како мене може да сфати дека тактиката и поставата не им чини, незнам тој што мислеше.
Уствари, да имаше ум ќе мислеше.
Не беше до тренерот, ниту еден од играчите немаше ден.
Богоев и мене почна многу да ме нервира :tapp:
Тотално сум разочаран. Не одам повеќе да гледам, освен со Работнички кога ќе играме.
Сабота играме со Работички :) , и ако тука изгубиме ги губиме и шансите за подобра позиција од овие два тима(Фени и Работнички), после ќе биде многу потешко. Ај можит сабота ќе се видиме в сала :)
 
Vodza

Ultras Crew
Член од
9 ноември 2008
Мислења
934
Поени од реакции
19
Следна со сокливе а? кога тоа утре ли е?
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
БИБЛ дели лекции за добро однесување!

Челниците на Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) почнаа да им делат лекции за добро однесување на македонските претставници, кои настапуваат во ова регионално натпреварување, откако во само нешто повеќе од еден месец им изрекоа две исклучително драстични казни. Први настрадаа тројца судии, меѓу кои беше и интернационалецот Југослав Диковски, а деновиве драстична казна од 4.000 евра и последна опомена пред исклучување од БИБЛ-лигата доби и актуелниот шампион, Фени индустри.

Судиите добија „по муцка“ поради несериозното однесување и наводно предизвикување проблеми во хотелот во кој биле сместени во бугарската престолнина Софија по натпреварот на кој ја делеле правдата. Тие веднаш беа суспендирани без речиси никакви конкретни докази и можност да се одбранат, и тоа не само од средбите во БИБЛ-лигата туку и во домашното првенство. Диковски, пак, поради овој настан се најде и на црната листа на европската федерација (ФИБА-Европа).

Проблемот со Фени И. е приказна за себе. Кавадарчани по мечот со ЦСУ Брашов, одигран пред две недели во Романија, револтирани на, според нив лошото судење, испратиле писмо до канцеларијата на БИБЛ во кое драстично ги напаѓаат делителите на правдата, но и домашната екипа. Во писмото биле наведени и одредени работи за неморално однесување на судиската тројка пред мечот потпомогнати и финансирани од страна управата на ЦСУ Брашов.

Израелецот Шај Штрикс, спортскиот директор на Лигата, во одговорот на писмото од Фени И., кое е испратено и на останатите учеснички во БИБЛ-лигата, но и во ФИБА-Европа, стручно го анализира судењето на спорниот меч со точни бројки за направените грешки на судиите на штета на македонскиот тим, но и на романската екипа. Неговата анализа покажала дека критиките на управата на Фени И. не се баш на место и дека судењето не било така страшно како што го претставиле кавадарчани.

Поради тоа, Штрикс, кој вчера не сакаше да ја искоментира својата одлука правдајќи се со тоа дека сè што имал да каже напишал во писмото испратено до клубовите, без никакво размислување драстично го казни македонскиот шампион, но и го опомени дека во иднина слична форма на притисок може да заврши само на еден начин - со исклучување од регионалното натпреварување.

Потезите кои во последниве два месеци ги прави раководството на БИБЛ-лигата директно ја погодуваат македонската кошарка нарушувајќи го добриот имиџ, кој најмногу го изградија репрезентативците летоска со пласманот на Европското првенство (ЕП) годинава во Полска. Незадоволството кое се појавува во македонските кошаркарски кулоари е поврзано со фактот што досега казни добиваат само македонски клубови и судии додека никој од останатите клубови од Бугарија, Србија и Романија не добиле ниту најмала опомена од челниците на БИБЛ-лигата.

Не дозволуваме никој да си поигрува со Фени

- Фени индустри е актуелен шампион на Македонија, клуб со традиција и реноме, и нема да дозволиме никој да си поигрува со него. Забелешките кои ги упативме до БИБЛ-лигата н сметка на судењето во Брашов беа во неофицијална форма и на пријателска основа и затоа не знаеме зошто сме така драстично казнети. Нема официјално да ја коментираме одлуката на Шај Штрикс ниту, пак, сакаме да се конфронтираме со него преку медиумите. Се надеваме дека наскоро ќе се решат сите проблеми на задоволство на сите без правење на непотребна драма - ни изјави во таборот на Фени И.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070

Колку партал натпреварување,а колку си ја креваат цената...Ќе ве исклучиле,па кој ќе игра после,Соколи?Паметно направија грците што се откажаа од оваа катастрофа од лига.:tapp:
:):) (а тие се за болдираното)
 
Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Хуху, ќе не исклучеле, кој ќе играе, Раднички Крагуевац? :tv:

Па и 4000 евра казна, кај се вишло казна за упатена жалба бе, какви гомнари значи, малку да не му беа 10 000 евра за учество.
Шо човек е тоа не знам, клубот не се знае дали ќе истера до крајот на сезоната он глоба од 4000 евра напишал. :uvo:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom