Гледачи: 150
Фени го започна натпреварот со следната петорка: Талик Браун, Поповиќ, Ѓуров, Кол и Гоцевски. Домаќините, Фершпед Работнички на овој меч се без Симиќ и Веселиновски.
Натпреварот го отвори Мираковски со тројка. Следуваа две одлични акции на Поповиќ и Ѓуров, но домашните вратија со 9 поени во серија. Првата четвртина се одликуваше со низок процент на реализација, што може и да се види од резултатот,13:6.
Домашните ја имаа и првата двоцифрена предност, која беше стопена на само 4 поени, со неколкуте добри акции, подршката на Лозарите, и тројката на Радуловиќ. Доказ за чистата игра на Фени Индустри е и фактот што имаат направено само 2 лични. Во текот на целата четвртина домаќинот има тесно водство.
Ова коло паузира тројкашот Прековиќ од странците кај Фени, па во негово отсуство тројки досега постигнаа Јововиќ и Ѓуров. Кај Фершпед Трајковски заработи дури 4 лични во првото полувреме, па се пресели на клупата. За изделување од втората четвртина е и атрактивното забивање на Кол, со кое ја запали публиката. На крајот, Фершпед Работнички замина со водство од 4 поени. Резултатот на полувреме е 43:39.