http://on.net.mk/sportal/fudbal/maradona-od-tetovo
Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на голот на Марадона против Англија во 1986-та година. Таква мајсторија по 13 години се репризираше и во Тетово.
Главниот актер на ова видео кое го извлековме од архивите на Тетекс е Ивица Јованоски кој веќе е во пензија, а на кратко работеше и како тренер на клубот. Голот е постигнат на натпреварот од втората лига помеѓу Тетекс и Шкендија од Арачиново кој домаќините на крајот го добија со 2:0.
Видеото датира од 1998-та година, но ваква мајсторија од гол не смее да остане незабележана. Сигурно еден од најубавите погодоци постигнат на терените во Македонија.
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 13:28 ---
Иначе го памтим тимот што го имаше Тетекс, Ике ка ја играше последната сезона добар тим имавмо Дашмир Садики и Маџаровски беа голмани играја Горан Јовановски, Нено, Чаплич лев бек не ми текнуе кој играше после играја Пикси,Кегла,Ике,Љубиша,Даре,Пупе,Мики,
Бела,Блерим каква екипа

Све деца од Тетово многу се бореја таја година ама баражот со шкендија и знаете што се деси ние у Скопје шкендија овде и бидна што бидна Ова беше екипа што играше со срце Сеа овја манекениве ќе прима 4 гола ќе наместа и ќе пикна парете у џеб ај да се надевамо дека ќе се среда некој работе...
Играчиште, најак играч у тие години. Играше курташак со противничките играчи. Жалам што не заигра у некој појак клуб, дефинитивно заслужи!

Иначе еве интересен текст, би ве интересирало сите на форумов верувајте
Ден за историјата на Тетово-
Требаше да се види и да се доживее тоа.На радоста и немаше крај на малиот дотраен градски стадион под Балтепе во Тетово.Повеќе од 15.000 луѓе после еден фудбалски натпревар се најдоа во прегратка со своите играчи -прволигаши.
Таа недела Тетово славеше.Тој ден,28 јуни 1981 година беше и останува дудбалски празник за Тетово,ден кога нивниот миленик Тетекс за првпат стана прволигаш.Широко беа отворени вратите за влез во најелитното фудбалско друштво во тогашна Југославија.Од тој ден Тетекс застана рамо до рамо со великаните Црвена Звезда и Партизан од Белград,Динамо од Загреб,Хајдук од Сплит ,Скопски Вардар и други.
Тоа спарно неделно попладне Тетекс играше нерешено 0:0 со Галеника во Тетово,меч за кој многу се пишуваше и зборуваше во весниците и на ТВ и радио станиците.Тетекс на тој натпревар и не мораше да победи.Доволен му беше и нерешен резултат.И Фудбалско реми го водеше во фудбалскиот џет-сет,во Првата сојузна фудбалска лига на тогашната СФР Југославија.Првата лига беше цел и дотогаш неисполнета голема желба на сите генерации фудбалери на Тетекс,а особено на таа генерација која низ првенството помина многу спортски искушенија,го победе орото на табелата од петтото коло,лавовски се бореше како никогаш дотогаш,заслужено тамо остана до крајот и - Успеа.
Да се направи тој подвиг боопшто не беше лесна работа.Патот до Првата лига беше долг и трнобит.исполнет со многу неизбесности,напорен и на физички и на психички план.Требаше сите тие притисоци да се издржат бидејќи Тетекс во текот на целото првенство во Втората сојузна фудбалска лига-Исток беше на лидерската позиција и токму поради тоа мораше да одигра,како што често зборуваше неговиот тренер Зоран Чолаковиќ,28 дерби натпревар.Со сите екипи во лигата по двапати.
Одушувањето кај навивачите на Тетекс од освојувањето на првото место беше големо и поради една друга причина.Се усште не беше подзаборавена фудбалската неправда што му беше нанесена на Тетекс четири години пред тоа.Спортски гледано на тетовскиот второчигаш ова му беше вторпат како ја освојува шампионската титула во Втората лига-Исток,а првпат официјално како станува прволигаш .Малку чудна изгледа оваа констатација,но сепак е - точна..За да го објасниме тоа ќе мора да се вратиме во натпреварувачката 1977/78 .Но за тоа - потоа ...
Тетово цело-плаво бело!