Тетекс под палката на Хусеин останува прволигаш
Неџат Хусеин веројатно ќе биде новиот тренер на Тетекс, а „текстилците“ имаат нов спонзор и ќе играат во Првата македонска фудбалска лига. Се спаси гордоста на тетовци, особено на Македонците во градот под Шара, а ќе ги финансираат сопствениците на фирмата Динамис. Нов спортски директор ќе биде поранешниот фудбалер и сегашен фудбалски менаџер Харис Факиќ.
- С` се случуваше со молскавична брзина, а ФК Тетекс склучи договор за партнерство со фирмата „Динамис“. Новата фирма преку која ќе оди финансирањето ќе биде ФК Тетекс-Динамис. За три седмици ќе има собрание на кое ќе бидат избрани ново раководство и членови на органите на клубот - ни изјави актуелниот претседател на Тетекс, Стеве Алампиоски.
Тимот ќе се крпи бидејќи преодниот рок заврши за домашните играчи, па во сениорскиот погон ќе се вклучат и некои од играчите од младинскиот погон. Повратникот од Албанија, Владимир Секулоски, се враќа во Тетекс и ќе помогне во обидот „текстилците“ да изборат опстанок во елитата.
извор:Дневник