Се може без секој, така и без Видиќ и Станковиќ, дај Боже утре да прочитам дека и Пантелиќ и тоа дрвото од голман Јоргачевиќ нема да бидат више дел од репрезентацијата заедно со Пижон... Стојке да се врати на гол, тука се Суботиќ, Бане, Коларов, Душан Баста кој се почесто добива шанса во Удинезе, десниот бек Обрадовиќ од Сарагоса, тука се и младиот Рајковиќ, Бишевац од ПСЖ...
Средниот ред во главно е добар, треба и мали измени, како на пример тој Нинковиќ веќе јок во репрезентација и Радосав Петровиќ додека не му дојде паметот и додека не научи дека фудбал се игра со срце, а не се игра со одење и незалагање по теренот... Тошиќ и Красиќ се одлични крилни играчи, брзи, технички потковани, тука некаде е и Јовановиќ, само тој направи лош потег со потпишувањето во Ливерпул, сега незнам како му иде во Белгија, дај Боже пак да си ја поврати формата... Кузмановиќ и Милијаш би го сочинувале средниот ред... Тука се и Немања Томиќ од Партизан кој игра во голема форма оваа година, и да не заборавиме и на Адем Љајиќ, детето ќе биде голема звезда...
Во нападот треба најголема реконструкција... По брза постапка да се разрешат Пантелиќ и Мрџа, а на нивно место да се повикаат Миралем Сулејмани од Ајакс, Бошко Јанковиќ од Џенова (доколку не е повреден) и шанса може да им се даде и на Данко Лазовиќ од Зенит и на натурализираниот Бразилец со српски пасош, Клео... На нив да се додаде и Никола Жигиќ, и глава сечам дека овој напад ќе биде далеку поефикасен отколку овој сегашниот на Пижон...
Србија има и млади деца, талентирани, кои за некоја година ќе бидат предводници на репрезентацијата, само треба федерацијата да си ја сфати озбилно работата, како што спомнав погоре, да постави тренер кој ќе биде успешен и кој ќе ја предводи репрезентацијата повеќе од едни квалификации, тренер со реноме, не како овој Пижон, да неможе да му каже на Видиќ НЕ... Да вложуваат повеќе во овој спорт, во младите категории итн. итн...