Почнаа со индивидуалните тренинзи во Тригориа уште во четвртокот, па индивидуално да се загрееме и ние
Малку убави вести како тоа дека Заниоло после 4ри месеци трча нормално и тренира во Тригориа.
Додека лоши вести има повеќе, од кај да почнам незнам
Еве од продажбата на клубот, еден голем к*рац доби Палота од продажбата на клубот. Од една страна се ситам што ради Короната никад веќе нема да ги добие договорените 600-700мил евра од Фриедкин, нормално се е стопирано, треба да помине епидемијата, па да се размонтираат од почеток сите вредности кои еден фудбалски клуб ги изгуби во овој период, па потоа да се разговара за продажна цена која ќе биде значително помала(доколку воопшто ќе има нова понуда).
Палота ќе дојде во ситуација да бира дали ќе го продаде клубот со 0(нула) профит или ќе прави план Б, некако да најде финансии од некаде, да продолжи да го води клубот и да чека подобри времиња за продажба.
Се ситам ради Палота, али што има да се ситам на него, тој е милијардер, нема да пропадне, додека од спротивна страна ќе стравуваме на големи продажби од типот на Заниоло и Пелегрини, поготово ако сезоната не продолжи, или продолжи ама не би обезбедиле пласман во ЛШ. Затоа не треба да се ситиме, туку да жалиме што продажбата на клубот, не се комплетираше.
Лоши вести и од Тригориа, Пау Лопез се повредил, одсутен ќе биде 3-4 недели.
Лоши вести и од меркатото, Смолинг тешко да го откупиме, поготово ако не се пласираме во ЛШ, преку глава ми е што секоја година мењаме централни бекови.
А кога е меркатото во прашање, свашта се пишува, нема секоја шпекулација да ја споменам, единствено оние порелевантните.
Едно е сигурно уште сега, ептен сме загреани за Мојсе Кин од Евертон. Многу ризичен играч за зимање, али и премногу талентиран и вреди да се ризикува според мене. Игра добро и крило и шпиц, да се смири во главата и враќањето во Сериа А може одлично да му дојде и од никаде да добиеме екестра играч кој ќе покрива две позиции. Се прават напори за некои позајмици, али спремни се да жртвуваат некој од Ундер и Клајверт.
За Ундер ми малку криво, али проблематичен е со мускулните повреди, на секои 2-3 месеци одсуствува по 1 месец и не може да фати ритам, за донасање на Кин, нема да правам проблем Ундер да се продаде, ради причината што ја кажав. Клајверт е талентиран, али никако да експлодира, се игра топло ладно, него одма нека го дадат, он је таман за у ПЛ.
Доколку Смолинг не се откупи, ќе пробаат за некој од Вертонген(слободен агент), Ловрен (5мил евра) и Тодибо од Барса(сува позајмица).
Се изјаснив веќе за Смолинг, не дека е незаменлив, ама никад нема да имат солидна одбрана ако секоја година мењат првотимец у одбрана.
По шпекулациите, се гледа дека Ундер не му е по ќејф на Фонсека,затоа го нудат секаде, исто и Спинацола. Додека на другите како Пероти, Хуан Хесус, Фазио им е минато времето во Рома и секако ќе бидат на трансфер листата. Третата група се од старт на сезоната на продажба
Пасторе и НЗонзи
И на крај останува Патрик Шик кој германците го сакаат со попуст на првичната сума од 29мил и веќе платената позајмица од 3.5мил евра. Тој лесно ќе се продаде бидејќи ја поврати колку толку формата па за него се заинтересирани и Тотенхем и Дортмунд.
Друго шпекулации се дека ги сакаат Педро, Гетце, бараат леви и денски бекови и по некој играч од Шахтјор се спомнува