Мислиш пак да го прецртуваат и да го преправаат? Тоа мислам дека би зело уште минимум 6 месеци. Ако се сеќаваш кога ги доставија сите потребни документи во општината донесоа цело комбе со пакети од цртежи и документи за проектот. Според мене треба да се договрат за стадионот и патиштата околу него, и да почнат да го градат па после со тек на време нека се договараат за останатите стамбени проекти кои посекако немаат многу врска со Рома од она што го слушам.
И јас слушнав така, ама не е исклучено дека тој претставникот што е таму од Рома не знае да им ги образложи одлуките за спорните точки во плановите, па ајде сега архитектите од фирмава ги викнаа да им образложат.
Логично би било да се изгради стадионот со паркинзи и пат до него од едната страна, а после тоа мостови од другата страна, метро, згради и сл. глупости. Т.е. за секоја дополнителна градба да се прави измена и дополнување на веќе постоечкиот детален урбанистички план.
На сликава убаво се гледа дека од левата страна на стадионот е копното и југоисточниот дел од Рим од каде до стадионот се доаѓа по копнен пат, а од десната страна е спорното место со реката, каде што сакаат 3 мостови да изградат.