Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Неофицијално, Наинголан не сака да си оди од Рома(лично тој го изјавил ова), туку клубот сака да го продаде, нека се гонат у пм.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Неофицијално, Наинголан не сака да си оди од Рома(лично тој го изјавил ова), туку клубот сака да го продаде, нека се гонат у пм.
Не знам што да кажам за Раџа, после ова што не доби повик за светско, а му беше последна шанса да игра со оглед на годините, неспортскиот живот што го живее и последната сезона... Сепак зошто да го продаваат во клуб во Италија, нека форсираат некаде надвор и поголема сума ...
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Мислам дека ќе си оди,ама не сум сигурен дали во Интер. Атлетико исто се заинтересирани.
Лошо е тоа што и Алисон се спремаат да го продадат.
Сигирно дека ќе купат замени, ама духот на екипата се растура.
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
102
Поени од реакции
72
Se zbora za pastore..jas sum za makar I da se daj radza..igrac ko pastore ni fali oti posle pjanic dupka na play imavme..de rosi I strotman so pastore kako play top ke bidi..mnogu krila imame florenci peroti saravi turako klajvert mali sik...iskreno mene nieden od ovie ne mi se prodava...Alison ako go dat skorupski e solidna zamena..top si odbrani vo empoli ko bese..treba zamena za kolarov na levo..ali dosega sum zadovolen od merkatoto
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Ди Франческо потпиша нов договор до 2020 година и ќе заработува 3мил. по сезона.

Агентот на Пасторе вчера бил во Италија, понуден е договор на играчот од 4мил по сезона кој бил прифатлив, единствено Рома и ПСЖ ги делат 4мил за реализација на трансферот, Рома нуди околу 16мил.

Велат дека трансферот на Пасторе не влијае на доагањето на Зијех, ама не ми се верува тоа.

Интер и Рома сеуште се договараат за Наинголан. Интер нуди 25мил + некој си Заиноло, а Рома бара 35-40мил или помалку пари + некој си Пинамонти.

Флоренци вајда ќе се согласил на нов договор по кој би зимал 3мил по сезона а на 4 како што тој барал.



За Наинголан веќе го прежалив, се надевам ќе извлечат што е можно повеќе пари за него или дека ќе се појави некоја друга екипа надвор од Италија која би го купила.

А за Пасторе сум веднаш да се земе. Тип на трансфер кој и недостасува на Рома, нешто како Џеко кога дојде. Искусен играч кој неколку години игра за ПСЖ, а претходно има искуство во Сериа А и прилично не е стар, сега треба да полни 29 години. Доколку има мотив доста е да врати 60% од формата во Палермо за ни биде повеќе од корисен. Да не спомнувам за тоа како сме без везњак со офанзивни карактеристики уште од Пјанич.
Пасторе имал 37 настапи за ПСЖ оваа сезона, значи немал некои проблеми со повреди, што ми е доволно.[DOUBLEPOST=1529413985][/DOUBLEPOST]Утре пристигнува во Рим, во четврток лекарски прегледи, 18мил евра одат за ПСЖ, нека ни е честито :)
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Би било идеално да не го продаваат Раџа, а да го донесат Пасторе. :)
Грешка прават што го бркаат. Апсолутно го бркаат, против негова желба. Колку е ова добар потег ќе кажи времето.
Лани викаа многумина демек ете ги продадовме Ридигер, Салах, Паредес и си замина Војо и сега ќе бидеме екипа за златна средина, ама имавме делумно добра сезона. Не знам како би се мотивирал кај нас Пасторе. Се надевам ќе ја врати формата, бидејќи кај нас многу мртви играчи се препородиле. :)
За 18 милиони вреди да се проба. Интересен е фактот што не е исклучена можноста и псж покрај реал да се заинтересирани за Алисон.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.153
Имам чуство дека Мончи немерно го чисти сето она што Сабатини ни го остави .
Лани ги продаде 4цата првотимци од кои мн зависеше играта на Рома, Рудигер, Салах, Емерсон и Паредес..
Оваа година спремни за излез Алисон и Наинголан.. Да не би се осетило се во 1 преоден рок би ги шитнал и Стротман а ете за малу зимоска и Џеко ќе си одеше.. Големо его си има овој Мончи..
Место да се отараси од крилана некој од Пероти или Шарави уз бонус и Дефрел он зема костурот на тимот го крши..
Полека годините и неспортскиот живот го газат Раџа, но зошто баш за таа смешна сума од 25 мил евра плус некој си Пинамонти и некое дете таму од примавера??
Буквално го бркаме Раџа јас мислам голем удел во тоа има и киксот за нова година со клипот на инстаграм. Па ако земаш земи продај го ван Италија јеботе а не во Интер кој ќе биде повторно во самиот врв..
И еве со тие пари го носат Пасторе.. Ок но каде ќе игра на која позиција? Крило?
- На чија сметка крило ќе игра?? На Џенкиз ли или ќе му ги зема и оние помали шанси на Клајверт што ќе ги добива..
Едино Едф треба да игра во формација 4-2-3-1 за да не страдаат крилата а да може да игра и Пасторе, а сите знаеме колку ЕДФ ја сака 4-3-3 !
Алисон ќе биде продаден по СП. Тука Реал па и ПСЖ тактизираат мислим . Доколку Бразил и самиот Алисон имаат голем резултат ќе им бидат исплатени оние 15мил за кои се ценкаат или пак ќе го добијат за 60тина мил евра..
Како замени за Алисон многу имиња се спомнуваат : Рико, Ареола, Мерет па дури и Навас доколку се договарат за трампа со доплата од Реал..
Доколку е паметен малку Мончи со парите од Алисон да донесе еден супер одбранбен и лев бек би било шлаг на торта..
Одбраната е она клучното за скудетото.Со Манолас, Фацио, Фло и издишаниот Коларов после СП ништо не правиме.. Пак ќе бидеме само во борба за 4то место а никако да нападнеме за 1 место.
Рома уложи во млади ова лето и фрли дебела пара ама се тоа е за да ќари во иднина на нив.
Палота го интересираат само пари за жал затоа и Мончи е донесен.
Јувентус за жал е 2 чекори пред нас, за Наполи истото важи доколку не продаваат ова меркато а Интер исто така би не претекнал доколку го исполнат она замисленото.. Голема среќа е тоа што Милан се мачи па може ќе протнеме пак ЛШ догодина но и за тоа има време,летото што туку започна..
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Давиде Сантон хахахахахахахахаха
Ако има еден салам кај нас во управава јас че си го сејча.
Најдобра шпекулација летово е дека саудискиот принц сакал да не купи.
Да Бог да му пролонгираат на палота за стадионот и да фаќа магла од тука :)
Еј која мизерија!
Наместо да се подигнеме за неколку нивоа погоре, овие видете ги што прават! :)
Го заслуживме целиот ремет од вселената! :pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.153
Раџа договорен во Интер за 22 мил плус Заниоло и замислете САНТОН..
Мајко мила што си ме родила ти се вика ова .. Со лева рука човек да се крсти со нашиве кромоњонци..
Боже боже неможем да се изначудим... Све по список на Мончи . Он бил трансфер гуру, ПУ!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Мислев дека сонувам, ама се будам и повторно не можам да поверувам. САНТОН :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Секоја чест на Интер како ни го начукаја.
Мончи трансфер маг. Што?:pos:
За нас преодниот рок е веќе неуспешен.
Мизерии!:icon_lol:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Наште инсистирале Сантон да биде вклучен во трансферот. Секако баравме половњаци на таа позиција за замена, овој мислам дека можеше и лево и десно да игра. Десно од Карсдорп и Флоренци вајда нема да припари, али ќе го одмара Коларов од време на време, тоа зборам под претпоставка дека Лука Пелегрини нема да го фрлат во огин, па и тој да му го заземе местото како прва замена, оти се работи за голем талент и ништо не е чудно. Истите муабети беа за замената Додо и Хуан Хесус, па еве нас Хесус ни се наоѓаше како прва замена за Манолас и Фазио, ваков таков изигра солиден дел од сезоната и за замена генерално гледано па и не беше лош. Сега со доаѓањето на Марчано, ќе му падне вајда чинот на 4ти штопер во екипата.:D

Затоа пак Интер аир не видоа од Додо. Сигурно таква ситуацијата нема да биде со Наинголан, ама зборот ми е, секако ни требаше ефтина бекап варијанта на позиција бек, па како што Хесус е солиден за 4ти штопер така може да се погоди и Сантон. Сигурно е подобар од оној левиот бек што го земавме на зимо од Спортинг на позајмица.


Наиголан полека станува нож со две острици, прашање е на какво ниво ќе биде неговата мотивација, ма да ја мислам со промена на средината и тоа принидно, на почеток ќе сака да покаже дека згрешиле нашата управа, а и Спалети ќе го стави на позицијата која највеќе му одговара, нешто што ЕДФ не му го удоволуваше. Кажав нож со две острици, бидејќи полека станува се повеќе и повеќе налудничав, прави што сака последната година, пие, пуши, одил со други жени и на бетон седел:D..кажува како не игра фудбал од љубов, можеби ќе му фркне ќе стави крај на кариера секако веќе нема надеж да го повикат на репрезентативно ниво, а од друга страна во Интер ќе зема 5мил плус бонуси.

Како и да е, ако не друго за Интер ќе биде ќец на десетка оваа година, барем оваа година верувам ќе искине. Од наша страна овој трансфер би бил успешен ако земеме 24мил, ако Сантон изигра на некое ниво како Хесус што ни служи, а доколку тој Заиноло го биде тогаш ќе бидеме во дебел ќар од оваа зделка, али тоа ќе го знаеме за година две :)[DOUBLEPOST=1529577253][/DOUBLEPOST]За Скорупски го добивме Миранте и 5мил евра, плус го дадовме Капрадоси на сува позајмица на една година.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Сакам дрес од Сантон да порачам од официјалниот сајт на Рома и да одам пешки по улици, а сите да викаат SHAME, SHAME, SHAME!
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.599
Поени од реакции
7.194
Сакам дрес од Сантон да порачам од официјалниот сајт на Рома и да одам пешки по улици, а сите да викаат SHAME, SHAME, SHAME!
Имам еден дома, ќе ти го подарам, нема потреба да нарачуваш. :cool:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Сакам дрес од Сантон да порачам од официјалниот сајт на Рома и да одам пешки по улици, а сите да викаат SHAME, SHAME, SHAME!
Ja pozadi tebe ke tropam so dzvonče :D
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Мончи и Палота утре на лекарски прегледи во Вила Стјуарт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom