Денешниов натпревар го покажа вистинскиот дух на Реал Мадрид.
Ваквите натпревари го прават секој навивач на Реал , горд ... до коска!
После вакви борби , со десеткуван состав , со "never give up" пристап , за еден месец Барса и да ја освои титулата со подигната глава ќе може секој навивач на Реал да им ја честита титулата.
Е сега Пепе. На човекот дефинитивно му прегореа бушоните. Не сакам да го бранам , но ја разбирам неговата жолчна (да не речам ѕверска) реакција. Само 2-3 минути пред тоа , судијата можеше да покаже на белата точка по стартот врз Гонзало.Ама , не пенал , туку жолт картон.Ок. Пеналот за Гетафе , најреално и не требаше да се суди. Или пак требаше , ако Пепе е некоја стварно страшно силна људина, бидејќи со самото поставување на дланката (не гурање со цела рака од лакт или рамо), играчот на Гетафе летна како да му залепи клоца. Фрустрацијата беше огромна , но начинот на изразување на истата - катастрофален.
Што се однесува до Пепе , уште една работа. Незнам дали сте приметиле (еднаш пишував за тоа) , ама човеков кога игра за Реал се однесува како да игра за некој клуб од регион или селска македонска лига, на домашен терен. Квалитетот негов е огромен.Да не се разбереме погрешно.Неговиот пристап е лош.
Во дуелите , посебно кога играат на Сантијаго Бернабеу, Пепе иде као у стилу "кур ме боли , кај смее овој мене да ми даде уште eден жут или па не дај Боже црвен ... за пенал па да не мислам воопшто"
Мислам , разбирам бескомпромисност и се , ама алоооооо кога некој ти се мота во 16-тник , не му идеш директно во нозе да го пресечеш.
Малце треба да уклучи тоа главата што ја има на рамења и да подразмисли.
За шансите за титула , морам да признаам дека се стварно мали. Единствено ако Барселона подклекне значително во овој за нив ептен тежок период, па на некој начин да ни ја одстапи титулата. Пошто , би сакал да верувам дека ние од наредните 4 натпревари ќе земеме максимален број на бодови , ама реално со играчите што останаа на располагање , тешко е изводливо.