Мислев дека ќе тепаме вечер, заедно со Шахтар и ќе бидеме втори, така и изиграв.
Подеднакви беа шансите да поминеме и да испаднеме, нема голема филозофија тука да мислиме дека ова беше рутински. Не, рутински ќе беше у 5то коло да обезбедевме пласман. Ова е сеа вадење г'з.
Ни се накршија и противнициве. Да бевме втори, при статус кво ситуација кај нас бев уверен дека отпаѓаме. Вака сеа ова се противници кои во двомеч треба да се добијат само врз искуство како Менхенгладбах вечерва, ама игрите сезонава оставаат сепак сомнеж дека може да се деси Лион/Ајакс во осмина финале.
Ако бараме најпозитивна страна од ова, тоа е тоа што Зидан нема да биде отпуштен уште од сега.
За играта, треба да фатиме континуитет па да се радуваме, мене ми личи дека уште ќе сме на топло-ладно.
Види и јас очекував дека ќе го победиме и Шахтјор и Менхенгладбах.
Ама не мислам дека ова беше вадење г'з. Едноставно, во ниту еден момент не осетив закана дека нема да поминеме групи.
Поготово не после првата победа против Интер во Мадрид со 3:2.
Вадење на г'з ќе беше ако вечерва победевме среќно со 1:0, наспроти доминирањево кое го приредивме.
Најпозитивна страна е што играчиве стојат позади Зидан.
Што кога највеќе гореше они застанаа позади него и играат како препородени.
Да имаше некакви проблеми во соблекувална, ќе го пуштеа низ вода.
Треба континуитет, се сложувам, исто така се сложувам дека ќе продолжи екипава да игра топло-ладно.
Против Атлетико ќе биде огромен тест, ако успеат да да извадат позитивен резултат мислам дека сме на прав пат.
Има многу работи што не чинат во тимов и што треба да се поправаат, НО, не е се така црно, барем не до толку за да помислам дека би можеле да не поминеме група од јебената Борусија Менхенгладбах.